37,3 не е температура за која треба да се зема било кој антипиретик. Нормално е на почеток на бременоста температурата да ти е повисока. Ако ти смета, хидрирај се со многу течности, туширај се со помлака вода, а лек за температура само ако качува над 38,5.
Ме фати настинка и матичната ми даде парацетамол и Ц витамин. Пијам три дена но некако носот не се сопира. Колку дена смеам да го користам
Zdravo , Me unteresira mislenje , snaa mi bremena e 5ti mesec , ima bolki vo nozete i matichnata i rekla paracetamol da pie sekoj den , znam deka paracetamol moze da se pie za vreme na bremenost ama sekoj den ne e shtetno ?
Дали некој користел полигинакс во втор триместар? Брисевите во 12 недела ми беа чисти, но денес бев на приватен гинеколог и кога му се пожалив дека имам мн бело прање ми даде полигинакс да ставам 12 дена. На нив читам да не се користат во бременост и се збунив. Ќе се консултирам и со матичниот, ама сепак да слушам и ваше мислење.
И мене ме мачи слично прашање на брисот од 12та недела имам кандида и матичната ми даде Донафил да ставам, а и на нив пишува при бременост само доколку мора. Прашав и во аптека ми рекоа безбедни се
Јас ги користев во 14-15 недела. И матичната и докторката од Ремедика ми кажаа дека може да се користат нема проблем. Еве терам 26та недела и ја и беба сме одлично
Еве сум иста,22 недела,брисеви чисти,и јас се пожалив на мн бело перење матичната ми препиша 2 паковки Полигинакс.Да ги земам деновиве.Чекам среда имам втор скрининг па после скринингот ќе ги земам.
Ги користев јас и во 20та недела, веднаш после антибиотска терапија ми се јави кандида, а сега во трето тромесечие 33та пак ми ги даде матичниот заради повторно активирање на истата. И во предходната бременост ги користев исто..
Имам цела бременост кандида сега 22 недела сум, гинекологот ми ги препиша полигинакс, нив почнав да ги ставам, но читам на многу од вас само со 2 паковања ви поминала, не ми спомна за две па се мислам дали да земам уште едно паковање, неможам повеќе да ја поднесам кандидата, се надевам не се штетни за бебето Ме интересира што да земе сопругот од терапија бидејќи не ми кажаа за него, а сигурно кога пак би имале односи пак ќе си ја префрлиме кандидата и за џабе ќе ми биде полигинаксот
Женски, што можам да се напијам за глава, страшно ме боли, многу ретко ме боли и скоро никад не сум пиела за глава лекови,ама ова сега е страшна болка.. 16 недела сум