Здраво девојки.Бремена сум 7гн,но малку сум настината(затнат нос и кивање).Денес се напив половина парацетамол и не сакам ништо да пијам.Дали тоа е штетно за плодот и како да си помогнам?Ви благодарам однапред
Здраво девојки бремена сум 22 недела и почна да ме боли грлово и да поткашлувам што може да пијам освен парацетамол за да ми помине бидејќи немам температура само грлово ме боли и поткашлувам по малку.
Парацетамол може да земеш кога ќе имаш температура над 38. Инаку за настинка немаш потреба. За грло јас користев прополис за деца без алкохол на лажиче мед. Или има уште еден прополис на ESI без алкохол, само тој е многу мек и не е нешто посебно. За кашлица, чаеви и дополнително да вариш кромид и јаболко, па течноста да ја пиеш. Може поткашлуваш ако ти се сливаат секрети надоле од носот. Земи и за него солена вода да се испираш. Секако лимони и супи. Ако не се подобрува, оди на доктор.
Здраво дали може некој да ми каже јас сум 10недела ми открија Gardnerella Vaginalis и ми препишаа да пијам цефалексин и вагиналети макмирор, дали некој знае дали смеат да се ставаат и пијат во оваа недела и дали може воопшто во почеток на бременост, пошто други што прашував сите ми рекоа само вагиналети користеле а не пиеле плус
Најдобро е тоа што ке ти каже докторот. И мене сите ми викаа не смееш бруфен...па докторкта во Ремедика ми рече слободно смееш по потреба ....така.да за конкретниве апчиња твои не знам ама ..слушај само доктор,штом ти рекол знали е во ред
Zdravo zenski, sakam da gi prasam tie sto piele paracetamol vo prvo trimesecje dali bebcinjata/decinjata ponatamu nemale nikakov problem vo razvojot? Bremena sum 9ta nedela i vcera ispiv eden paracetamol bidejkji imav treska, se plasam deka moze da mu nasteti na mozoceto na bebceto. Ve molam za odgovori
Ништо нема да биде од еден працетамол ако имаш темп над 38 пиј инаку за треска само не ти е зор, моја лична препорака апчиња на своја рака во бременост никако оди на лекар тестирај се и се останато. Јас се мачев две недели сама а сум имала бисоко црп со една доза антибиотик се излечив, сакам да кажам докторите гинекологот и матичниот знаат најдобро
Zdravo dali nekoj piel antibiotik vo 7 ma nedela? Mi prepisaa zinat 500 poradi eserihija no malku mi e strav da go pijam bidejki kako sto citav ovaa nedela e najvazna i treba najvekje da se vnimava
Zdravoo, me interesira dali spirinolaktonot e hormonsko apce ili obicno apce? Go piev za testosteronot skoro 1god i koga doznav deka sum bremena (4nedela ginek mi go prekina odma) prasanjeto mi bese dali mozelo da mu nasteti na bebusot ili sepak toj ne trga nisto od majkata do 6-7 nedela?
Здраво женски... Итно ми требаат Фуролин или Нифуран.. но моментално многу тешко се наоѓаат. Дали некој знае каде во Македонија можам да ги најдам?
Да, јас како Фурекстил го пиев во истиот момент кога добив позитивен тест за бременост односно некаде 3-4 недела
Јас го пијам Фурекстил сега заради уринарна инфекција и сум 22 недела,битребало да е се ок. Ама мене ова ми е 4 пат антибиотик ради истата бактерија во урина.. И ке го пијам 21 ден
Ја известив матичната пред да го почнам дека има шанси да сум бремена така што ми рече безбедно е во бременост.. Во претходна бременост на два пати имам пие о Сумамед заради бактерија и искрено мислам дека бактериите можат да направат многу поголема штета отколку самиот антибиотик. Сепак мора да се третира. Плус во 22 недела кај бебето е завршена органогенезата и е поминат најкритичниот период. Ќе биде добро
Да да во право си скроз,знам дека повеке штета може да има од бактеријата отколку од антибиотикот. Ке го пијам па дај Боже да се решам од бактеријата овој пат. Фала ти