Здраво девојки имам некои болки во грлото проверив крвна слика малку покачени леукоцоти и гранулоцити, имам некоја бактерија на крајниците бидејќи имам некои бели како каменчиња. Ми земаа брис од грло и нос но докторката рече да не челам резултати да пијам оспен. 28 недела сум гинекологот одобри но јас не знам уште дали има некој пиено оспен во бременост
Здраво Дали има некој во 7 недела од бременост користено сумамед антибиотик.. прашувам за блиска другарка со многу лоша кашлица и бил понуден овој но таа се двоуми и не сака се уште да го користи
Здраво девојки имам едно прашање,јас имам уртикарија алергија,и сега сум под терапија на Рупафин.Е сега прашањето ми дали Рупафин се дозволени кода се планира бременост или ако веќе сум.Дали има некој искуство,во упатството пишува да се консултираш со фармацевт или гиниколог.Поздрав
Здраво девојки, имам бактерија уреаплазма ја лечев пред еден месец со две дози сумамед но сеуште ја имам матичната повторно ми препиша две дози сумамед. Освен многу исцедок немам други симптоми. Дали некој има вакво искуство? 30+6 сум
Премногу силен антибиотик е тоа, јас би ти предложила и второ мислење, јас поминав со една доза еритромицин орално и вагинално и одма после тоа една доза сумамед, првите контролни беа сеуште позитивни ама рекоа веќе нема да ми даваат антибиотик дека е намалено присуството на бактеријата ама дека е досадна бактерија. Ми дадоа да продолжам со пробиотици за вагинална флора. Правев брисеви брисеви повторно од други причини после месец ипол два ми излегоа негативни.
Здраво девојки, 8ма недела сум, вчера правев крвна слика и урина, крвната слика е во ред но урината ми покажа покачени леукоцити 3+ и епителни клетки, матичната ми кажа да пијам антибиотик, прво ми препорача ceftrixone, но на интернет прочитав многу лоши работи, потоа и реков да ми даде некој послаб антибиотик, ми кажа amoxicilin 3 пати дневно 5 дена , навистина ми е страв од антибиотици во рана бременост, дали сте имале слично искуство? Ме стави на мисла бидејќи ми кажа дека доколу не се третира може да дојде до спонтан абортус, и искрено после едно бебе кое ми почина два дена после пораѓај и еден спонтан не знам што е паметно. Пијам многу течноати и чај од брусница.
Бидејќи сум во странство, директно за било каков проблем веднаш антибиотици. И мене ми беше чудно што не направија уринокултура, затоа планирам да си направам на своја рака па да видам што понатаму. Единствено не ми се допадна нивниот пристап веднаш алудираат на тоа ако не се третира ќе дојде до абортус, овде во алтернативни лекови не веруваат за жал...
За вакви работи ,Слушај го докторот те молам. Знаат повеќе од нас. Ако треба да пиеш, ке пиеш . Не си играј . Без причина никој не дава антибиотик. И не читај side effects на Google ( не биди како мене) . Со лесно
Да така е ти благодарам, а за читање не можам да си помогнам. Се консултитав и со мојата докторка од Македонија ми кажа резултатите укажуваат на инфекција и да земам Amoxicilin.
Знам, се нашол кој да ти каже ,ама сепак контрола колку можеш. На бруфенот има side effects еден тон а ги пијам ко бонбони.
Јас сум породена пред 6 месеци. Ама ги пиев и понекогаш во бременост зашто имав страшни главоболки на почетокот.
Како може така... можеби тој антибиотик не е сензитивен можеби и немаш бактерија зошто да пиеш? Подобро ако имаш опција испитај во лабалаторија приватно да си знаеш.
Sto moze za alergija vo bremenost da se pie? Mi rekoja zyrtec, dali moze tie? Nosot mi e zatnat, odvaj disam, na 3 sati mi se zatnuva.. 8 +2 sum nedeli...
Дали сте користеле Тобрекс за конјкуктивит? Се разбудив со залепено око,сега ми е подзатворено и црвено. Во упатството не е баш јасно напишано за трудници
Zdravo sakam da ve prasam dali se dobri ovie od proven? Vo apteka gi falat sekako no sakav vase iskustvo