Гнојот извади го со чепкалка за уши, ќе ти олесни. Доаѓа нагон за повраќање ама се трпи. Така секогаш сум правела и побргу сум оздравувала. Немам инаку искуство со гнојна ангина во бременост.
Jas imav gnojna angina vo 7 nedela. Piev ospen i pomina. Ako mozes jadi cips, toj ke ja butne gnojta.. inaku mora antibiotik
Прво провери си притисок Ако ти е низок нешто солено и течности И пробај нешто благо малку Ако не ти помине Се препорачува парацетамол во бременост други аналгетици не знам да може
Дали некоја од вас во бременост, поради кашлица, пиела сируп Хербион од исландски лишај? Дали е безбеден?
Женски, бремена сум 22+4 , од денес со некоја вироза, настинка... затнат нос, треска , чешање во грло.. Има ли некој со иста мака? Што пиете освен витамини и парацетамол?
-раствор жалфија за грагара - локално -септаназал за деца или оперил п за деца нос спреј ( подобро да дишиш него да си затната и да има слабо кислород) -панетнол ц од галеника за грло лозенги. -ако кашлаш суво, ислански лишај сируп. -парацетамол како далерон од крка подобар е - безалкохолен прополис медифит има еден само прополис е без додатоци.
Девојки, какво е вашето искуство со антибиотици во бременост? Чекам резултати од уринокултура ама според симптомите се мислам дека ќе покаже дека има бактерија. Имал некој искуство со ова? Да пие антибиотици за бактерија во урина. Многу ми е страв да не му наштети на бебето, ама па секаде кадешто прочитав на интернет пишуваше дека ако не се лекува може да биде уште пострашно и да предизвика штетни последици кај плодот или предвремено породување. Не знам ни дали да земам нешто друго како д-маноза и некои природни чаеви (увин/брусница ако смеам). Еднаш имам излечено ешерихија со чајот од билна аптека, многу течности и масло од диво оригано, ама и тоа е многу јако...
Јас имам пиено антибиотик но поради воспалено грло и кашлица, исто ми беше страв но докторката кажа ако не пијам може полошо да направиме, има антибиотици што се дозволени за трудници. А масло од диво оригано е доста ефикасно но како што знам не смејат трудници.
Денес го испив последниот антибиотик, а пиев 8 дена на 12 часа поради бактерија во мокрача т.е ешерихија. Јас би ти рекла да пиеш и да не се секираш, полошо е ако не ја лечиш бактеријата. Ќе пиеш и многу вода, јас чај не пиев, али затоа вода во големи количини. Пиев и пробиотик секој ден.