мммм јас ќе си кажам мое мислење кое не сакам да го наметнувам(иначе јас сум Фармацевт ). Моја другарка (не е бремена) ама мака мачи зашто упорно го слуша нејзиниот гинеколог и се труе со антибиотици веќе цела година (само мења генерики, јас мислам дека веќе станала и резистентна на некои од нив), со што донесувам заклучок дека со пиење антибиотици(кои повеќе ќе помогнат во отстранување на бактеријата доколку е присутна во урина, а не вагинално) уреоплазмата сеуште е присутна. Колку што мислам, полигинаксот немаат генерика на антибиотик кој ја уништува уреоплазмата, затоа и се прави антибиограм нели? Уреоплазмата е осетлива на: доксициклин, еритромицин, азитромицин, кларитромицин, рокситромицин, јосамицин, пристинамицин, ципрофлоксацин, офлофлоксацин, левофлоксацин, тетрациклин. Па... според мене 35 недела некако е касничко да се земе контролен брис, при што ќе помине време да чекаш резултати, а ако Не дај боже повторно ја има, додека почнеш да ја третираш ќе бидеш веќе во 9-ти. И сакам да додадам, дека мене ми направија специјално вагитории во фитофарм со ципрофлоксацин, но во аптека Марија гален фарм карши универзална(до Броз кафе) можеш да си порачаш, прават со еритромицин...
фала ти срц многу ама со ова стручниве изрази ме утепа едвај те разбрав се гледа дека си успешна во својата професија,ти посакувам успех. фала ти уште еднаш
хахаххаха немај гајле, претпоставувам дека зборот генерика те збунил- активна компонента на некој лек
Труднички муабети Мамички да Ве прасам што значи да имаш покачени леукоцити во кртва денеска ми се јави сестрата и ми каза дека имам малку покачени леукоцити и дека не е ништо страшно ке ми препише докторот антибиотик à што значи од што не микажа знаели некој од вас
Труднички муабети скоро на секоја трудница и се покачени леукоцитите и не е страшно и мене цела бременост ми се покачени и стално ме кара матичниот што не пијам увин чај.A зашто одма те тера антибиотик? мене ми рекоа ако уште се инатам дури тогаш антибиотик а не одма ајт на антибиотици..кога ете постои решение и по природен пат.не се секирај не е страшно.
Труднички муабети зголемениот број на леукоцитите се смета за нормален во следните ситуации: · Бременост во подоцнежна фаза · Одстранување на слезенката · Новороденчињата и доенчиња имаат зголемен број на леукоцити во однос на возрасните · Страсни пушачи WBC (бројот на леукоцитите) бројот е помал наутро и поголем доцна попладне и секако е поврзан со возраста. Katalea со лесно
Труднички муабети Pa nezznam zosto odma antibiotik mi rece sestrata à za caj nitu spomna osven uvin caj brusnica Moze li da se pie strav mie od antibiotici nekako shto znam
Труднички муабети гладиолче бе, а сестрата доктор ли е? ти објасни ли нешто повеќе? што антибиотик ти рече да пиеш? Антибиотик од 4 ти месец па натаму дозволено е ама зависи кој и зошто? не ми е јасна малце твојава ситуација Кога треба да ми се соопшти резултат мене лично докторката ми се јавува, а не сестрата, која не е компетентна да пренесува такви информации...
Труднички муабети Hèhè bella mene pa ic ne mie jasna mojjata situacija so doktorot ne se vidov duri petok ke odam sestrata mi se javi da mi gi kaze rezultatite i mi kaza za antibiotik à koj kakov nez
Труднички муабети ќе си одиш и ќе му кажеш,а не одма се научиле антибиотик.ете bela-imela може најубаво да ти каже.
Труднички муабети ама не па стварно ме иритираат, постојат многу д-ри (не само гинеколози) кои застанале со времето, тоа па тоа, не вложуваат во себе и во најновите истражувања, и си тераат по свое. Форко то што направи со уреоплазмата, јас да ти кажам вчера на преглед кога бев, баш те помислив и разговарав со докторката за полигинаксот што го ставаш и ми рече џабе ставаш-тоа што и јас ти го кажав, она го потврди, антибиотикот што е во составот не делува на оваа бактерија. Земи на време од тие вагитории што ти ги кажав и не му ја мисли, ти се ближи пораѓај. Сакам само добронамерно да ме сватиш
Труднички муабети па утре ќе одам да ми земат брис да видам дали се исчистила.дај кажи ми како се викаат тие како им е името да им кажам? фала за помослата
текстот подоле е копиран од мој претходен пост Уреоплазмата е осетлива на: доксициклин, еритромицин, азитромицин, кларитромицин, рокситромицин, јосамицин, пристинамицин, ципрофлоксацин, офлофлоксацин, левофлоксацин, тетрациклин. Па... според мене 35 недела некако е касничко да се земе контролен брис, при што ќе помине време да чекаш резултати, а ако Не дај боже повторно ја има, додека почнеш да ја третираш ќе бидеш веќе во 9-ти. И сакам да додадам, дека мене ми направија специјално вагитории во фитофарм со ципрофлоксацин, но во аптека Марија гален фарм карши универзална(до Броз кафе) можеш да си порачаш, прават со еритромицин...
Јас мислам дека не е многу касно во 35 недела да се прави контролен брис,бидејќи Форко веќе примаше терапија така да ова е само контрола,еве кај мене се појави на брисевите во 35 недела,јас ја лечев до пораѓај и после пораѓај кога ги правев брисевите ја немаше....ајде Forko се надеваме дека ке бидат негативни разултатите
Се напнав веќе ако ми веруваш,едвај чекам да се олеснам.де ова требало де она требало - аман! Денес ми земаа брис на мое инсистирање да е сега не во 35,за да има време да се реагира.ама сега па од теерапијата што сум ја примала само се мокрам доле и ми вика дека е кандида.Колку е опасна па таа кандида поима немам? До сега ништо не ми беше на крај се напнав Утре одам за крв и мокрача и до 35недела немам ништо ако е се во ред со брисов денешен. Во 35 ќе ми земеле брис за стрептокока и ехо и толкууу....после следеле само ехо и цтг. За тоа што барав да правам испитувања за ддимери за тромбоза се откажав за да не си ја викам бењата кога ми кажуваат дека нема потреба. Уфф се изнапишав Сакав да прашам дали е тоа-тоа или треба уште нешто?
A зошто си барала испитувања за тромбоза и д димери,да не си имала претходно проблеми,инаку за тие испитувања те праќаат ако има некое зргутчување на крв во постелката,а ако се си е во ред не те праќаат,тие испитувања не се задолжителни. Ако брисот ти е негативен после ке треба да одиш само на цтг,прво еднаш неделно па ако треба ке ти кажат таму да доаѓаш почесто... А за кандидата ич не се секирај,не е опасна за бебето,само е многу досадна чеша,имаш зголемено секрет,ама ајде ти се ближи крајот само храбро се ќе помине
Не бе скраја било да сум имала проблеми..немам него нели јас се плашев од умирачка од откачување на тромб Ништо не ме чеша само ми се мократ. Фала ти мачко