Дали некој има искуство со земање фуросемид во текот на бременоста и колку може истиот да биде штетен? Најдов некој ваков одговор за користење на лекови во бременост, се надевам дека на идните мамички, ќе им биде од корист: Според американската Федерална администрација за храна и лекарската администрација, лековите се класифицирани во 5 групи, според ризикот за фетусот: 1.Група „А" - лекови кои во контролирани клинички испитувања покажале дека нивната примена е безбеднa во текот на бременоста; 2.Група "B-be" - лекови кои kaj животните не покажале штетни дејствија врз фетусот, но не постојат контролирани студии кај луѓето или лекови кои врз животни покажуваат негативни ефекти врз фетусот, но во контролирани клинички студии кај бремени жени не покажале ризик за фетусот; 3.Група „C-ce" - Студиите кај животни покажале дека лекот има штетни ефекти врз фетусот, но не постојат контролирани човечки студии или не постојат студии на животни или луѓе 4.Група „D-de" - Нема докази на ризик за развој на човечкиот фетус, но е лек, кој во случај кога ризикот од укратување на терпијата е повисок, може да се примени 5.Група „H-ha" - Студиите кај животни или луѓе покажале појава на вродени аномалии или примената на лекот покажала штетни ефекти врз фетусот. Лековите во оваа група се апсолутно контраиндицирани за употреба во бременоста. Ампицилин - безбедно, "B-be" Амоксицилин - безбедно, "B-be" Бензатин-бензилпеницилин - безбедно, "B-be" Бензилпеницилин - безбедно, "B-be" Еритромицин - безбедно, "B-be" Cloxacillin - безбедно, "B-be" Изонијазид - не постои убедлив доказ за тератогеност, „C-ce" Рифампицин - не се тератогени, „C-ce" Гентамицин - за сериозни грам (-) инфекција, „C-ce" Хлорамфеникол - употреба е контраиндицирана пред пороѓај „C-ce" Метронидазол - е контраиндициран кај 1вото тримесечие, контролирана апликација во 2ро и 3то доколку е потребно, "B-be" Тетрациклини - контраиндицирана, „D-de" Нистатин - безбедно, "B-be" Стрептомицин - не го користете во текот на бременоста, „D-de" Сулфонамиди - може да се користи во првите две тримесечја, контраиндициран во третото тримесечје, "B-be" и „D-de" Бактрија - контраиндицирана, „C-ce" Аспирин - контраиндициран 3то тримесечие, со внимателна примена на првиот и 2 , „C-ce" и "D-de" Ибупрофенот - контраиндициран во третото тримесечие, со внимателна примена на првите 2ве тримесечија , "B-be" и „D-de" Парацетамол - безбедно, "B-be" Адреналин - не го користете, освен во виталните индиции, „C-ce" Ефедрин - не го користете, освен во виталните индиции, „C-ce" Аминофилин - внимателна примена, „C-ce" Салбутамол - дозволена внимателна примена, „C-ce" Беклометазон - дозволена внимателна примена, „С-сe" Прометазин - дозволена внимателна примена, „С-сe" Chlorophenamine - дозволена употреба, "B-be" Фенитоин, фенобарбитон, валпроат, карбамазепин, ламотригин - сите тератогени, „D-de" Циметидин, ранитидин - безбедно, „В-бе“ NaHCO3 - безбедно Фуросемид - може да се применува само 2ро тримесечие, „C-ce" Хидралазин - може да се примени во текот на бременоста, „C-ce" Хидрохлоротиазид - контраиндицирана, „D-de" Метилдопа - може да се користи „С-сe" Пропранолол - се однесува само ако не постои можност за замена на друг лек, „С-сe" Nitroglicerol - внимателно во 1во тримесечие, „С-сe" Верапамил - безбедно орален, IV се избегне, „С-сe" Дигоксин - безбедно, но со контролирано ниво во мајчиниот серум, „С-сe" Лидокаин - безбедно, освен само пред испорака, „С-сe" Дексаметазон - претпазливо, „С-сe" Хидрокортизон - не се однесува на 1от триместар, тератогени, „D-de" Преднизолон - релативно безбедно, "B-be" Хлорпромазин - многу внимателно, „С-сe" Диазепам - може да се користи само еднаш, е тератоген, „D-de" Етанол - контраиндицирана, „H-ha" Никотин - контраиндицирана, „H-ha" BCG - контраиндициран „С-сe" А вакцина против мали сипаници - контраиндициран „H-ha" Полио вакцина - може да се набљудува, „С-сe" DiTe вакцина - ризикот од тератогеност е непознат, „С-сe" Вакцини те - може да се набљудува, „С-сe" Човечки анти-тетанус имуноглобулин (тетанус) - небезбедно „С-сe" Кодеин, морфиум, меперидин - безбедна употреба, освен во труд Орални антикоагуланси (варфарин, acerokumarol и други) - тератоген Антидепресиви (амитриптилин, амоксапин, дезипрамин, доксепин, имипрамин, Nortriptyline) - се користи за време на бременост само ако е неопходно. Особено ризична употреба во последниот триместар. Цитостатици - контраиндицирана, „H-ha" Бромокриптин - контраиндициран Дисулфирам - контраиндициран Хормоните на тироидната жлезда - сигурно, Б Пропилтиоурацил - може да се користи Метимазол - не го користете за време на бременоста
Ми препиша фол.киселина и прегмазан/прегманзан незнам точно како беше - ама никаде го нема, во Zegin ми рекоа дека повеќе не го држеле.
Зошто ти дале и прегназон и фолна? Фолна има во прегназонот, а и се дава после третиот месец. Сега само фолна, можеш бедоксин и евентуално витамин ц и магнезиум. Друго не би требало. Барем кај мене беше вака, а мислам и повеќето прегназонот го зимат после третиот месец.
прегназонот, бидејќи не сум го нашла уште...не го ни пијам. А многу пријателки баш истово ми го искоментираа. Така да можеби е најдобро за него да почекам и уште еднаш да ја прашам докторката.
И јас исто како JuLleE, до трети месец пиев фолна од 400, магнезиум по 500мг, Б-6 три пати дневно и Ц витамин од 1000мг. После трети месец си купив Pregnacare и со нив си терав до крај, секако во поодмината бременост и магнезиумот ќе ти го зголемат ради контракции, ама сега за сега доволно ти е ова што ти го пишавме.Сепак препрашај си
Јас до крај на 3ти само фолна пиев, а после тоа ми рекоа исто прегназон, ама ми рекоа дека се скоро исти во состав со мама вит па такви си земав плус и поевтини се тие
мене пак др.ката ми рече дека прегназон биле веке стара генерација витамини и не биле повеке актуелни. сега ги препорачувале фемибион 2 или мамавит.а во аптека ми г препорачаа центравит за трудници -има една желатинска капсула омега 3 и една тврда таблета мултивитамини.и кажав на др.што пијам и рече дека се добри.а и мора да се 750 ден.коштаат
Нова мода е ова со фембионот, и на мене матичната ми ги препорача овие, но другиот лекар кај што одам и кој што е специјалист ми ги даде прегназонот омега плус. Фембионот се поскапи околу 1100 ден. се, а прегназонот омега плус се околу 850, а составот речиси бил ист. Фармацевтката ми е добра пријателка, па ми рече дека разлика воопшто и нема, освен во цената се разбира.
Здраво девојки ајде да прашам и јас нешто.Дали може за време на бременост да се пие хелекс?значи едно од 0.25мг го делам на две и тоа половинце ми е доволно во текот на денот.Дали би му наштетило на плодот знам дека не треба да се пијат но пробав 3 дена и готово буквално од кревет не станав.поздрав и пишете
Костадинка не можам да ти помогнам, не сум запознаена со хелекс во бременост. Најубаво е да си прашаш мислење од двајца гинеколози за да бидеш сигурна да не правиме ехперименти. Само едно знам дека до 4 месец во бременост е ризично пиење на антибиотици друго не знам да ти кажам. Среќно
дали пиевте калциум во бременоста? јас пијам фемибион докторот не ми кажа за калциум па не знам дали да си купам.
Тотално исто! Со тоа што јас пиев прегназон уште пред да останам бремена по препорака на матичен, секако. Кога се потврди бременост матичната ми ги прекина, и ми ги врати сега, во 12 недела. Пиев само фолна, магнезиум, б-6 и ц витамин, со тоа што јас го пијам како кристал, го растворам во сок. Чист Ц витамин.
Јас сум 14 недела и пијам само Фемибион 2 (и Дабростон). Ме интересира дали треба дополнително да земам и магнезиум и ако треба што би ми препорачале бидејќи нема магнезиум во нив а гинекологот освен ова ништо друго не ми рече да пијам.
И јас пијам Фемибион, Дабростон и Магнезиум. И затоа прашав и пред тоа дали треба да пијам и калциум. Ги купив ама уште не почнав да ги пијам, не знам што да правам. Инаку Магнезиум можеш да пиеш јас пиев 2 по 300 мг. Магнезиум директ а сега гинекологот ми рече по еднаш значи по 300 дневно.
Спојлер Фала на одговорот. Јас не пијам калциум затоа што обавезно секој ден пијам јогурт и јадам многу млечни производи, ама ако не внесуваш доволно треба да пиеш. Јас пред да останам бремена пиев калциум карбонат ама кога ми ја потврди бременоста гинекологот ми рече да не се трујам со апчиња и да јадам млечни производи и да пијам јогурт по 2 чаши на ден.
^многу паметно, и мене докторката ми рече замлечните производи.....и искрено крем сирење, јогурт, кисело млеко ипавлаканавистина многу конзумирам.