Лексикон на непознати зборови

Дискусија во 'Образование' започната од Juicy, 18 октомври 2011.

  1. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    9.394
    Пол:
    Женски
    Во оваа тема може оние зборови од македонскиот јазик што не ви се познати да прашате некоја од феминките што знае што значи да ви објасни.
    мислам дека немаше ваква тема,ако имало се извинувам и нека ја заклучат

    за почеток јас незнам што е инвазија, ако сака некој да ми објасни?
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.547
    Супер тема :clap:
    Еве што најдов конкретно за зборот ИНВАЗИЈА :

    инвазија: наезда, пробив, навлегување, непријателски упад во некоја земја; офанзива, агресија;

    инвазија: фиг. доаѓање во голем број, навалица на толпа.
     
    На Trendafilka и Juicy им се допаѓа ова.
  3. poetesa.95

    poetesa.95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Што е архитип?!

    Хелоу , ми треба Вашата помош.
    Побарав на гугл и во неколку книги, имам за задача да го пронајдам значењето на зборчето АРХИТИП, но слабо со резултати.
    Далии некој може да ми помогне ?
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.177
    Пол:
    Женски
    Што е архитип?!

    Да не е архетип? Ако е архетип, значењето е примерок, модел :)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    59.904
    Архитип - прв, оригинал, првобитен.

    Потекнува од зборовите архи - прв, главен и типос - отпечаток. ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Правопис

    Дечки ќе може ли некој да ми го објасни зборот стологија. Го барав во лексикон, на интернет и никаде не ми го објаснува, барем да знам со кој друг да го заменам.
    Итно ми е.
     
  7. CinDereLLa.1

    CinDereLLa.1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    Дали некој знае што значи зборот преродба??
    Ви благодарам однапред! :*
     
  8. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    386
    Самиот збор ти кажува, повторно раѓање. Се употребува во смисла повторно почнување од почеток.
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.351
    мене не ми се јасни зборовите чинка и починуеш
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    59.904
    Да не мислиш на чунки, а не на чинка ?! :D
    Чунки е нешто како, ами, така...

    А починуваш, е да се одмориш.

    пример, Колозов секогаш викаше - Чунки арно велиш, ај да си починам малку. :D
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.351
    токму од оваа песна ми се нејасни зборовите и неможам да ја сватам песната до крај. мислам на чинка не на чунки та знам што значи а починуеш исто не ми е вклопоува во значењето на песната дека се одмара, во истата песна го има и зборот зенгини претпостваувам тоа богати значи....
     
  13. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Нејасни зборови

    Многупати сум се сретнала со зборови кои не ги знам па еве решив да отворам една таква тема.Се се токмам ама никако да ја отворам,денес е денот. ;)
    Овде би можеле да напишеме зборови кои ни се нејасни и секако да добиеме објаснување за нив.Може да бидат на кој било јазик(англсики,српски хрватски..),дијалекти и сл.
    Мене моментално нејасен збор ми е “камуфлирам“-што значи ?
    :
    -Да беше мајка и на другарка ми член на форумов сигурно ќе напишеше “а што значи мување?“.. :lol
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.658
    Камуфлира значи да прекрие нешто.
     
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.115
    Допаѓања:
    20.630
    Пол:
    Женски
    Нејасни зборови

    ^^

    камуфлажа фр. camouflage
    преправање, преобразување;

    маскирање;

    вој. еден од начините на маскирање што се изведува со бојосување на предметите со дамки, линии и сл. што го деформираат нивниот облик и го отежнуваат нивното пронаоѓање;

    фиг. прикривање на вистината, мамење.

    Ако некој збор не ти е јасен, можеш да си го провериш во лексикон. :)
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    59.904
    Configuration Manager - Администратор за конфигурирање

    Што е ова, односно, посоодветно би било прашањето, која е неговата улога, дали е човек или програма затоа што Менаџер е со големо М и ако може кратко дефинирање на поимов. Прашањево е од областа на информациските технологии, знам превод ама воопшто не ми е јасно за што се зборува.

    На гугл најдов за Конфигурејшн менаџмент, и се спомнува прво некој софтвер, а после компјутерски техничар. А јас сум тутурутка во овие поими и сега сум малку изгубенка. :doh:
     
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.730
    Sto e konizacija? Izvinete za latinicata,od mob sum ukl.
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.547
    Еве што најдов:
    Конизација е хируршки зафат со кој се отстранува вагиналниот дел на грлото на матката во облик на конус или купа.
     
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    2.921
    Можеби е стварно глупо, ама да си прашам јас
    Што значи „нејсе“ и како/каде се употребува? :wasntme:
     
  20. Donatella

    Donatella Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    14
    Овој збор ептен ни е тренд :D и тие што си имаат поима и тие што не го употребуваат. Турско потекло има зборов, иначе е како помирување со некој факт, зврзник во реченица. Пр. Тие не беа таму, ама нејсе ние ќе одиме.
    Значи нешто како "како и да е, сепак,..." - буквален превод - whatever ;)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.