Кошкање значи меѓусебно потчукнување, удирање, ама не силно. Барем јас така го сфаќам, а мислам дека го нема овој збор во македонскиот литературен јазик, можеби е дел од некој дијалект.
Жити Господ, или нешто слично на тоа, ама обично се користел за изразување на чудење, или пак прекорување.
Ова би требало да биде напишано "Бога ти", а се користи како што кажа Анатх за прекорување, пр. Немој, Бога ти, да ме лажеш. Во превод би било "жити Господ" слично на " леба ти" ова е веројатно некој извитоперен србизам. Некој прашал за крмеча, тоа во главно се користи за животни (најчесто свињи) кои ги чуваат само за пород или за колење, крмеча доаѓа од крмење, односно гоење на добиток. Е сега преносно се употребува за дебел човек/жена.
Извадок од книгата ,,Улица"-Славко Јаневски.Пишува дека него не го почитуваат,ниту приметуваат,го кошкаат(ваљда го подбутнуват,не го сакаат )
Вид збор: Глагол, свршена и несвршена форма 1. Прави, направи невидлив некој воен објект или војска заради измама на непријателот. Англиски: camouflage Употреба: Воен термин Слично со: прикрива (несв.) , маскира (св. и несв.) 2. Крие, сокрие нешто со маскирање. Англиски: hide Слично со: крие (несв.) 3. Лажно претстави, претставува; ја крие, сокрие вистината. Англиски: disguise Слично со: маскира (св. и несв.) 4. (се камуфлира) Лажно се прикаже, прикажува, се сокрие, крие. Англиски: disguise Слично со: маскира (св. и несв.) Изведенки
Мислиш на дефетистички? Доаѓа од дефетизам, што значи помирување со ситуацијата. Спојлер мн. дефетизми Вид збор: Именка, машки род Чувство на истрошеност, исцрпеност, малодушност, неверување во успехот на некоја акција. Англиски: defeatism
Тоа ќе да е Според контекстот кој го имам сосема одговара, но го слушнав во говор, не беше пишан збор па така ми се чуло. Многу ти благодарам П.с. парадигма може да значи примерок според кој се прави нешто, а во граматика значи збор кој служи како пример за граматичко менување
Вид збор: Именка, женски род повеќе... Значење: - Таблица на формите на некој збор како образец на деклинација или конјугација. - Образец за нешто.