Ексик се употребува кога ќе ти дојде преку глава од нешто или кога ќе се изнервираш. Пример: ексик и пари и се.
Зборот ексик потекнува од турскиот јазик, се вбројува во архаичните зборови како дел од разговорниот јазик со значење, ексик нека бидат парите - подобро нека ги нема, нешто што укажува на некаква не исполнетост, на нецелосна информација.
Триангулација е метод на поврзување и анализирање податоци од повеќе извори со цел да се покријат сите можности. Пример, истражуваш одреден феномен и појдовна точка ти се одредени статистички податоци. Како такви, резултатите од статистиката отвораат повеќе прашања отколку што одговараат. Затоа креираш прашалник и / или спроведуваш интервјуа (на иста тема, односно за истото прашање/феномен што го истражуваш), со цел она што го имаш како резултат од статистичките податоци (обично ова е одговор на „што“ или „колку“) да го надополниш со резултатите од прашалникот (најчесто одговор на „во која мера / во кој степен“ а некогаш и „зошто“) и на крај да го објасниш со резултатите од интервјуата („на кој начин / како“). Накусо, триангулација е метод за валидација на податоци (потврдување дека податоците и резултатите се валидни, односно веродостојни). Е сега ова е објаснување на терминот како што се користи во истражувачката дејност, не знам дали ќе ти помогне за она што ти треба...
Концепт што доаѓа од будизмот и хиндуизмот, кадешто се верува дека човекот не умира, туку се реинкарнира. Кармата е сето она што еден човек (или една душа) го сторил во текот на своите животи и одредува каква ќе му биде иднината. Пример, во минатиот живот бил херој / спасувал животи / што и да е позитивно, му следи добра карма, добра иднина - награда за претходните дејства. Или обратно, во некој од претходните животи бил убиец / општо земено лош човек - му следи лоша карма како казна, се додека не се искупи за она што го сторил. Неформално може да се објасни со она нашето „се се враќа, се се плаќа“.
„Помалку или повеќе, успешното прифаќање на новата претстава на телото зависи од предгениталните и едипалните искуства на детето во односот со родителите.“ - колку што побарав, постојано на нет ми излегуваат работи поврзани со хомосексуалноста. Дали тоа значи едипални искуства - хомосексуални искуства? Зошто некако не ми оди зошто вели потоа во односот со родителите ...
Си ја присвојувам темава Едип (грчка митологија) го убил татко си и се венчал со мајка си. Оттаму Фројд и Јунг развиваат теорија во психоанализата - Едипов комплекс. Во раната фаза на развој на децата (од 3 до 6 години) тие развиваат сексуална приврзаност за родителот од спротивниот пол (тоа е Едипов комплекс). Со оглед на тоа дека станува збор за толку мала возраст и период на себе-спознавање, тоа не значи дека децата имаат свесни сексуални желби, туку станува збор за зачеток на сексуална (полова) идентификација. Манифестација е кога машкото дете се „натпреварува“ со татко си за вниманието од мајката, и обратно (она кога синчето не дава никој да ја гушне и бакне мама на пример). Е сега, не знам како се пројавува Едиповиот комплекс кај хомосексуални деца (и дали воопшто), бидејќи токму овој период е идентификуван како период на сексуално спознавање...
Aha fala ti <3 Mene me cudi deka pod edipovi iskustva mi naogashe rezultati za homoseksualnost. I nikako ne mi pravese smisla