Спојлер: Помош "Крстот липов" го сретнав во поезија и според еден учебник е перифраза(нешто слично на метафора) за некој поим. пр.: "кој е помлад жално гледа крстот липов како страда". Знае некој шо значи?
Треба повеќе за да се каже точно што е поентата. Од ова, нешто гледа како стеблото на липата ја носи целата тежина на крошната и му ствара притисок. Конкретно, се мисли на местото каде тие се спојуваат.
Јас зборов го користам кога нешто ми е без везе, банално. Пример се карам со некој се објаснувам и ќе му кажам: Аргументиве ти се клише т.е банални, не држат вода. Ваљда сфати
Банално и клише се две различни работи... Банално е нешто безначајно. А клише е нешто што од претерано честа употреба го изгубило значењето или нешто што е веќе предвидливо.
Хаха добро, фала.Јас пишав јас како го сфаќам, што не мора да значи дека е точно, нели? Ете му пратив скриншат да не дојде до забуна.
На германски се пишува "ich versteh" што значи разбирам. А се изговара као "ферште" А во прашална форма "verstehst du" (разбираш ли?) и се изговара ферштест ду
@Justicija Јас само ќе ја надополнам најјача: ферштеен = verstehen (разбира). Verstehen е инфинитивната форма на глаголот (како на пример на англиски што би била "to understand"), а најјача ти го кажа глаголот именуван во прво и второ лице еднина (ich verstehE е, сигурно ја голтнала буквата или го напишала како сленг).
Се употребува во контекст на група славни и влијателни личности што живееле и твореле во одредено време. Пример: На фестивалот настапи плејада на популарни музичари.
Веројатно мислеле на збир од рецепти, како преносно значење. Инаку буквалното значење на плејада е тоа што ти го пишав погоре