Зошто не се потрудиш да ја побараш книгата и да ја прочиташ? Од една страна ќе си го вклучиш мозочето и ќе размислуваш, од друга страна ќе си го збогатиш речникот и ќе бидеш релаксиран . Инаку доколку сакаш прераскажана побарај на интернет сигурно ќе најдеш.
И мене исто така ми треба ако може мекој да ми ја каже на кратко содржината итно ми треба, за утре ми е а се утепав барајки ја на интернет.
девојки,ајде ве молам доколку некоја од вас ја знае Белото циганче од Видое Подгорец би ве замолила да ја прераскаже...Ми треба за колоквиум.
Здраво дали можи да ми пратите ако имате прераскажана божествена комедија рајот.Многу мие итна ве молам
Дали некој ја има прочитано книгата Бегалка? На другарка ми сестра ѝ треба да ја прераскажала, а за неколку дена ќе ја работеле... Ајде некој ако ја има прочитано да ми каже во инбокс. Знам дека ќе си кажете што не си ја читала, но таа касно дознала, па ве молам пишете, а јас ако треба ќе ѝ дадам мотивација да ја чита. Јас ја знам таа е трудољубиво дете и интелигентна е и доволно е малку мотивација да и дадам и ке ја прочита, но таа не може да се прочита за 3 дена и да се прераскаже во тетратка.
Ти не си ја читала? Како може Бегалка да не си ја читала? Ленче Кумановче е драма. Значи направена е за изведба на сцена. Ако може да се изведе во еден ден - може и да се прочита во еден ден. Таман ќе и останат 2 дена да ја прераскаже. Повеќе од доволно Повели, цела ја има, дури на еден сајт се собрала https://makedonskijazik.mk/2011/02/бегалка-од-васил-иљоски-цела-драма.html
Ти благодарам многу. Јас сум ја читала но од кога сум ја читала па наваму има 5 години и сум ја заборавила, јас пак памтам што содржина има бегалка, но не можам да и ја прераскажам убаво бидејќи ако јас и ја раскажам нема да фати 1 страница и можат слабо да ја оценат. Повторно ќе ти речам ти благодарам многу.
Е баш сакам да видам на Јутјуб Лектирата ми беше многу релаксирачка кога ја читав, а кој знае колку ќе ми биде интересна кога ќе ја гледам драмата на Јутјуб. Сигурно ќе биде убавина за очи.
За 3 дена, 3 пати ќе ја прочита. Не е долга а и лесна е за читање. Мотивирај ја сестрата на другарката да го загрее столчето.
Можеби и ќе заспијам од толку релаксација. На почетокот си велев да бе ќе губам време на лектири, но знаев дека ако не читам ќе имам слаба оценка и почнав да ја читам, прочитав 2-3 страни и одма ми се пушти мозокот на пасење... Лектира, само лектира, ништо друго Истото што ми кажа @DAngel и ти истото ќе и го кажам и јас нејзе и ако тоа не ја мотивира, не постои ништо што ќе ја мотивира.
Македонскиве драми се премногу лесни и интересни за читање, во еден здив ќе ја прочита. Дури мислам и сите се достапни на интернет, а и на јутуб.
Здраво , дали ја има некој прераскажано лектирата „Хари потер и каменот на мудроста “ . Ве молам итно ми е