1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лектор

Дискусија во 'Образование' започната од tea94, 6 мај 2012.

  1. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Не сум нешто посебно запознаена со факултетите шо и како ,бидејќи имам сеуште време до факултет (или ожеби и не баш многу :^) ) Како и да е ,се интересирам за еден факултет. Имам слушнато онака нешо за него,знам дека се работи како лектор ,само што незнам баш многу за факултетов. Па ве молам вас коишто сте поискусни ,кои имате некои познавања околу таа профеисија,тој факултет да ми кажете нешто повеќе за него,споделете го вашето мислење. Дали е тешко?се влегува ли лесно? дали лесно се наоѓа работа кај нас со отј факултет ? И се друго што знаете во врска со ова ќе ми биде корисно. :)
    п.с. Доколку постои ваква тема слободно споете ја или избришете,пошо јас не најдов :/
    Ви благодарам однапред. :*
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    За да полагаш лекторски испит, потребно е да имаш завршено Филолошки факултет, односно да имаш диплома од катедрата за македонски јазик и книжевност.
    Значи македонски јазик треба да ти биде одбран како основен , под А.

    Доколку имаш да речеме одбрано македонска книжевност како главен предмет под А, а македонски јазик да ти биде под Б, тогаш немаш можност да полагаш.

    Испитот се полага откако ќе ја земеш дипломата, нормално доколку сакаш.
    Бесплатен е, пријавата се поднесува во Министерството за култура на почетокот на месецот, некаде до кај 10ти, а се полага во Институтот за македонски јазик, непосредно во близина на МТВ.
    Сесија има скоро секој месец, со исклучок на јуни и јули мислам.
    Имаш можност да полагаш 3 пати во една година.

    Испитот се состои од два дела, писмен и устен.

    Доколку го поминеш писмениот, одиш на устен, доколку го паднеш, следниот пат почнуваш се' од почеток, односно повторно на писмен дел.

    Материјалот е обемен, треба да си доволно подготвена, да си брза во корекцијата.
    Не е лесно да се помине испитот.

    Колку ќе биде потребен?
    Се зборува дека во план е законот кој ќе условува секоја државна и приватна институција да има вработено сопствен лектор.
    Наводно ќе има многу потреба од лектори во иднина, што по институции, така и по различни медиуми и издавачки куќи.

    Јас ја имам лиценцата веќе 6ти месец и нешто посебно не ми се нашла.
    Жално, но вистинито, на целата мака удрена за полагање (паднав "само" 3 пати).
    Поздрав. :hai:
     
    На Agrona и tea94 им се допаѓа ова.
  3. ruzica111

    ruzica111 Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас моментално го подготвувам испитот, но не ми целосен материјалот, ми фалат некои книги што не можам да ги најдам, поточно тоа се книгите од Благоја Корубин. Па, ако некој може да ми помогне нека пише, ќе му бидам благодарна.
    Поздрав.
     
  4. Mar!

    Mar! Нов член

    Се зачлени на:
    24 декември 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Како оди процесот за полагање на лектор?
     
  5. emilija:r

    emilija:r Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Devojki, dali znaete koi materijali se potrebni za priprema na polaganjeto lektorski ispit? Od kade da se uci? Koi prasanja se gi ima li nekade za da se naucat?