После терапија одмори го некој ден и обавезно земи апчиња за паразити. Запиши си дата кога си му дала или напрај си нотификација да ти ѕвони телот за следна доза. 1 апче на 10 кг се дава. Може да ти требаат повеќе.
Ох да оздрави ќе направам се! Фала ти многу. Ќе те послушам. Беше многу среќно кутренце се до пред една недела Ете иако здраствено не сме го обезбедиле навреме се надевам дека побрзо ќе оздрави и ќе ги следиме сите упатства за здраво кутре
Жал ми е Флеш. Но, и ветеринарот има одговорност во случајот кој го лечеше. Тој требаше да го преземе и да му дава лекови кога ја знаел ситуацијата дека само не сака.
Замисли вечерта ни умре кучето кај 23 часот, а дента имавме закажано на ветеринар кој ЗАБОРАВИЛ на моето куче Не прати кај друг кој само ни рече "незнам до утре шо ќе биде" Тоа беше 19 часот и му пушти витамински инекции па рече донесете го утре во 9 сабајле .. Но не издржа
Луѓе дали ви се верува дека тоа малечко кутренце мене ме чекало. Отидов да го погалам малце пред да си легнам да спијам, а оно од шо му беше тешко едвај главчето го креваше и тогаш коа го погалив се тргнав од него да си одам и тоа душиче ја крена главата ги отвори очите и ме гледа јас цела среќна дека можеби стварно му е подобро се вратив го галнав и во рок од 2 минути си умре пред мене во мои раце. Премногу ми е тешко. Неможам да опишам колку ... А последните 24 часа само мене ми дозволуваше да го галам да го земам во раце
Душата ми крвари од болка @TheFlashGirl Толку време да го сакаш, чуваш и одеднаш само да замине. Многу ми е жал, премногу. Држи се те молам, можеби не е за утеха но има уште мали кутриња таму надвор. Нема никој да го замени ова кое за последен пат те поздравило, ама сепак, биди силна. Пиши ми ЛП ако ти стане тешко. Три мачиња изгубив и ден денес не ги преболев, ова сега што го имам како зеница во око го чувам, малку да кивне одма се вадам од памет. Пиши, тука сум.
Навистина ми е жал Потполно те разбирам.Ја искусив загубата на миленик кој почина пред два месеца додека се надевав дека се ќе биде во ред. Сведок бев на неговата смрт. Сега имам друго куче од истата раса, но тој секогаш ќе ми недостасува. Знам како се чувствуваш
Уште симптомите кога ги кажав и кога дојде да го види рече ерлихија и рече и со тој тест и без за кучето иста терапија. А денес кога разговарав со една пријателка ми рече дека кучето е можно да си имало удари, излив... а толку сум разочарана од ветеринарите тоа е чудо. Едниот ерлихија,другиот бронхит и астма а третиот не се нафати да го прегледа затоа што кучето веќе примало терапија и несакал ако му смени терапија па недај Боже кучето ќе умрело па тој ќе биде крив. Веќе за четврто мислење немаше време. Уште по вториот-третиот ден беше полошо иако јас верував дека ќе оздрави кога почна да јаде по малку. Се што ми кажаа се направив. Но сега ми е толку многу криво што не направив уште повеќе. :'(
Чим сте почнале со терапија не си можела веќе ништо. Кај вас на се може да се сумња зашто твоето куче не беше третирано ни кога беше здраво. Сори само искрена сум, не те обвинувам за смртта само јас се сомневам дека и тоа има придонес..
Знам. Но никогаш не било болно. Цел живот ќе се каам за ова. А и не верувам дека би земала друго куче.. Обожавам кучиња, но ова ми беше ептен. Претходно сум чувала ама не се сеќавам многу на тие. Ова 11години. Сепак беше среќно и весело куче... Само тоа ме теши...