Од овие причини чувањето животни не е добра идеја. Премногу емотивно се врзува човекот за нив, а потоа кога ќе дојде време за разделба настанува огромен кратер, празнина, болка.. Луѓето не можеш да ги бираш, но животните не мораш. Од сега кога ќе видам кутре или маче кои одат по мене на улица, купувам храна ако сум во можност, им давам и си одам. Гледам да не ги галам, да немам интеракција со нив затоа што ми требаат две минути за да се приврзам, а милион години за да преболам. Ќе станувам и легнувам со таа мисла што би било кога би било. Изгубив пет мачиња низ детството и адолесенцијата, од кои две ги видов прегазени на улицата при премин, и сеуште се немам опоравено од губитоците..Сеуште сакам да се до мене. Миме (мачорот мој), кој шест години го чувам и на најмало негово кашлање се стресувам. Веднаш правам сценарија во главата дека нешто не е добар. Ако премногу спие или не пие вода исто ме облеваат лоши мисли, ведаш го проверувам и се јавувам на ветеринар. На тераса не го оставам предолго или го надгледувам на секои пет минути од страв да не падне (зошто еднаш се случи тоа). Кога го лечев два пати, а му беше многу лошо и едвај преживеа ми доаѓаше да умрам заедно со него. Не знам, одговорност е, а ставете ја на тоа и емотивната приврзаност, третманот како на член од семејството и толку е. Кога живее со вас извесен период, не го перципирате веќе како животинче, туку како дел од семејното стебленце, другарче. Преслатки душички. Човек немам капацитет да сакам толку како животно..
Кучето е комшиско, ама често доаѓа кај мене и го хранам бидејќи ич убаво не го чуваат сопствениците. Од вчера му го забележав окцето вакво како бело, што може да му биде, знае ли некој отприлика?
Најубаво може да ти каже ветеринар, треба да се однесе на ветеринар. Мене ова ми личи дека кучето е ослепено- не гледа со тоа око. Сепак ова е само претпоставка, од тоа што сум видела предходно.
Го однесе на вететинар? Ми личи дека некој му направил нешто на окото на малото и случајно го оставил без око.
Од висока температура или инфекција може окото вакво да му стане. Ако можеш однеси то на вет или стави му барем капки.
Пишав на еден од неговите сопственици ми кажаа дека средиле, а малото оттогаш уште не дојде кај мене.
Прашај ги како е кученцето ете понуди се дека можеш да го поиграш, прошеташ па ако ти дозволат да им помогнеш така ќе видиш како е. Мене ми личи на воспалено окцето, се надевам не е ослепено.
Нее, баш преска дојде пак кај мене, но за жал останало слепо на тоа окце, иако кажаа дека средиле Само шета душичево, среќа маалото не е блиску до улица па не може ништо да му се случи, а и повеќето од комшиите го сакаат и чуваат.
Да не си ја гадам устава ми се преврти утроба и да не звучам како тетките на фб со клетвите али карма гледа.
Може веќе ослепува со окцето, треба ветеринар да се посети да виде убаво што е. Старо е кутрето или???