аа многу ги сакам а посебно поради тоа што имам клемпави уши па си ги кријам со него. Имам обично црно и црвено,имам како косата воја како плетенка имаат феминките постирано слики предмене исто така имам и едно со панделче светликаво тоа како подецко ми е
Сакам да носам, ама сакам да има цвет на страната, ќе можите да ми дајте линк некое клипче ,како да напрам цветче..Однапред фала
Не сум јас за вакви, башка некако ептен како за влезени во филм ми се. Ако ставам јас вакво на гнездово мое смешна ќе сум. Не носам и не би ги носела.
Носам и баш убаво ми стои на новава фризурка. На покон а добив,а пред тоа барав,ама не можев да си најдам. И како што имаше спомнато некој,навистина на Поха Хонтас многу потсеќаат.
имам неколку но ги носам како обична лента на коса, некако не ми се допаѓаат баш како стојат на чело (како индијанци), уште плетенка кога би си направила, малата похахонтас би била
Не ги носам Многу станаа популарни во последно време,но некако не се поклопуваат со мојот стил,а па воопшто не ми допаѓа кога ќе видам дека и на чело ги носат.Не сакам никого да навредам,но многу без везе ми делува
Имам една само, сосема обична црна, но не ја носам многу често. Не ми одговара баш на стилот на облекување.
ке ми каже ли некој вакви ленти кај има во ск.?мислам ако знае бидејки во мојот град не можам никаде да најдам...
Bака на девојки со потенка коса не стојат лошо,но јас да ставам како грмушка ке изгледам,многу имам бујна коса и ова ке изгледам смешно
Баш добро ми стојат, но не ми се дава толку пари и затоа си правам сама. Всушност имам само една лента обична , а другите ми се самопрајски и да ви кажам ќе ми се смеете како ги правам
Ајде,ајде ако можеш стави слики и кажи како ги правиш многу сакам да ги носам,имам само 2, или ги начекувам скапи или нигде неможам да најдам,слабо избор у Скопјево
Ги обожавам лентиве и венчињата за коса,ги имам во сите бои и иако имам густа коса не се откажувам од нив,само лентиве ги користам на права коса бидејки ако ставам на виткана ке изгледам како шума..
Епа си купив потенок ластик како цевче е , од продавница за материјали,кај шо бев јас имаше само црн,и пошо немав избор таков зедов.А за плетењето,обично како и секоја плетенка шо се плети така и ова,и на крај со конец е зашив да не се познава мн составуваното.И тоа е тоа,лесно е