Во прилеп има во едно продавниче за бижутерија.Таму накај сатот ко ке одиш.Сега точно не знам како да ти објаснам пошто многу продавници има ама во тие некој ке најдишЈас баш во прилеп најдов како плетенка,во мојот град немаше никаде.
Мене ми се супер. Ме асоцираат на хипи стил. Нешто помеѓу хипи/спортско/модерно сум, па ми се вклопува во некои комбинации. Имам 2 со плетенка и неколку еднобојни, а сакам да си купам со цвет или машничка на страна. Многу интересни комбинации имам видено, а некаде и некои носат само колку да се рече дека се со трендовите во тек. Со некое штосно фустанче, по свечено, не оти ластик на челото. Може со цвет на косата, ама не на челото.
имам исто ваква лента како на сликата. само што никогаш не сум ја носела , имам шишки, па викам заедно не иде..
Каде можам да најдам вакви ленти во Скопје? http://www.divianarts.com/wp-content/up ... 09x170.jpg Нешто слично на ова..
вакви слични пред еден месец видов во Accessorize во веро,ми се чини беа 450-500,преубави се лентиве ѓи барав после на зелен пазар за поевтина варијанта ама не најдов..
Девојки каде се продаваат ленти за коса но не од оние за преку чело, позади уши, големки, со цветчиња, шари и сл, како што се носеше на времето во '00те како марами? Имате ли сретнато негде?