Сигурно една од најтешките работи во шминкањето е ставање на неколку слојна сенка за очи. Па уште потешко е да се погоди и стави еднаква сенка на двете очи Затоа постојат ленти за шминкање на очите. Сте виделе вакво нешто во Македонија? Знаете колку чини или каде може да се најде? Би ги користеле лентиве? На интернет 10 или 20 лентички чинат од 15 до 30 долари.
Иииии сакам ваквии ! Никогаш не ми се двете очи исто нашминкани. Добро де сега не е многу впечатливо и никој досега не ми рекол ама јас знам дека не ми се како што треба Ајде кажувајте кај има да си купам
Браво за креаторот на овие. Баш ги гледав сликите пред некој ден на фб од некоја Г-ца Прекрасна беа ставени ама ни на крај памет не ми текна дека се како ленти туку милев ги споредува боите на сликата со сенката на очите Во секој случај интересно и корисно- е сега дали ги има кај нас и колку се незнам, ама за стандардот во Америка не се скапи, а за кај нас незнам ако се 120ден една лента за оној кој знае да се шминка се скапи, а за другите- па ќе си ги користат во посебни пригоди
И јас сакам вакви. Ептен сакам!!! Врска немам од шминкање на очите, па би ми завршиле работа. Е сега малку се сомневам дека ефектот ќе биде како на сликиве.....девојките не да се мачкани, малтерисани се т.е.....ама тоа е.... (морав да редактирав, (з)грешки имав напишаноооо...)...
за креаторот!! Ова е сигурно сеуште тазе новитет, па кај нас за едно две -три години ќе дојде Инаку малку ми е сумљиво како баш вака ќе испаднат сенкиве. Од лепенка на око.... Особено овие што се покомплицирани дезени, на различно око, различно ќе излезат. Ама интересно е да се проба , којзнае може за секогаш да се отфрлат класичните сенки од употреба, што за мене би било супер!
Одличен прозивод за жени кои незнаат да се нашминкаат. Немам потреба од вакви ленти, но можеби некогаш би ми биле од корист, на пр. кога сум кнап со време. Сеуште не сум чула кај нас да ги има, иако една другарка од Швајцарија летово ги користеше, па сигурно и беа од таму донесени.
И јас прв пат ,,слушам,, за ваков производ! Ми изгледаат многу лесни за употреба! Ама треба да се проба па да се сподели искуство! Вака од слики не можам многу да ги искоментирам!
Хахха изгледаше како да залепила од оние тетоважите што се од мастики. Ама со оглед на тоа дека врска немаше од шминкање, пофино изгледаше отколку сама кога се шминкаше.
Поарно не ставам сенка отколку да се шлакам со тетоважи Јас си имам истренирана рака за сенките за очи, па не би користела. Е сега на некој можда ќе им се најдат.
Имаше порано во авон вакви,како што имаше и лакови за нокти на лепење. Не ми се гледаат ни како практични,ни како убави.Никогаш не би ги користела.Имам фат со рачето,креативност и фантазија,знам да се нашлапкам и сама. Како и да е,колку и да не се шминкате еднакво,ни со овие нема очите да ви бидат еднакви од проста причина што треба прецизност за да се залепи чудото.Ама во секој случај претпоставувам како ќе изгледа...вештачки,нешто приближно до Драг квин шминката.
Прв пат ги гледам. Интересна замисла, нема што, но не би користела. Прво, не верувам дека испаѓаат како на сликите, а второ, се губи сето уживање во шминкањето, креативноста... се губи смислата. Кој не знае да се шминка, со малку вежба ќе научи, а ако почне да се лепи со вакви чуда никогаш не ќе ја усоврши умешноста на шминкање, што колку толку треба да ја поседува секоја жена.
Интересно, ма да не би ги користела, ми делуваат нападно и оние со анимал принтот се некако многу кичести
Ми изгледаат интересно,али се сложувам со тоа што беше спомнато некаде во претходните постови...се губи креативноста,уникатноста.Можеби се добри кога се нема време,па ајде на брзина,но сепак би избрала да си се шминкам сама.Ее сега ако измислат ваков туш како лента,можеби ќе го користам затоа што редовно водам војна со тушот
Јас вакво чудо првпат видов во Прага лани, во парфимерија ни дадоа каталог од ххх фирма, и во натре имаше неколку што служеа како тестер за сенката која ја нудат, и беа еднобијни. Бидејќи немав до тогаш видено им се изнарадував како дете. И мислам дека се многу практични за таа намена... Лепиш на око и ја гледаш бојата+ квалитетот на сенката која сакаш да си ја купиш. А за со тоа да се нашминкаш, штознам можеби би им олеснило работа на оние кои немаат вешта рака, јез да би ги `атрофирало` и лишило од приоритетот да научат. Јас не би ги користела со таа намена. + очекував брзо да стигнат и кај нас, (бидејќи Чешка сепак е Европа), но ги немам досега видено