Сакам да се шминкам иако не знам многу, и затоа секогаш си користам една боја . Сакам да пробам со вакви, а каде поточно во Солун може да се најдат?
Изгледаат многу практично и би ги користела во посебни прилики или кога не би имала време да се нашминкам...
Во Сефора Јас не сум била лично, меѓутоа со сигурност знам дека се продаваат во Сефора А во Солун има Сефора, така што би требало и во таа да ги има лентиве
http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/7467-nasminkani-profesionalno Ќе дошле набрзо и во Македонија
на кого му текнало браво за него лесно и практично само уште да знаев колку пари се и каде да ги купам, супер ке беше се
Има во SEPHORA не сум ги пробала до сега не се баш ефтинки и по мерак ми е за тие пари да си купам четки и некоја сенка и сама да експериментирам
Ми изгледаат многу вештачки и перфектни што не изгледа вкусно. Треба да се има малку умешност Спојлер Несовршеното, понекогаш е совршено
Moжеш ли те молам да ми кажеш каде поточно во Веро? .. Никако не можам да ти испратам ЛП .....зошто?? (Од Ск сум, да.)
Жени уживајте во магијата на шминкањето, креативнсота, мешањето на боите, блендирањето, возбудата додека од вашите очи правите уметничко дело, и воодушевувањето кога ќе го видите резултатот во огледалото. Нема ништо подобро од палета сенки, четкичка за очи и ДОВОЛНО време.
Многу добро кажано. Иако на прв поглед делува wow! Би пробала чисто од љубопитност но и да искачаат баш толку добро како на сликите не би ги користела секојдневно, за да не се повторувам апсолутно се сложувам со коментаров на maja8
Мене овие ленти ми се крајно глупаво нешто Никогаш не би купила... И дефинитвно се сложувам со коментарот на Маја
Овие лентиве,е многу тешки за размачкување(блендирање)... Едноставно треба многу вежба а и огромни способности за нанесување. Значи мора прво да потрошиш неколку дома,а потоа да излезиш во јавност. Ги имам пробано, и ич не сум задоволна.
леле девојкиииииии лентиве стигнааа кај нас, во веро центар, некое италијанско производство 150 денари, незнам дали се со ист квалитет како погоре постираните, но јас да ве известам дека ги има. ајт ако некој ги употреби нека пренесува искуства и импресии. вакви.
Не верувам дека ќе бидат добри. Ќе ви излегуваат неубо на очите мое мислење иако не ги имам користено.