1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лептокарија (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од funkygirl, 28 јуни 2011.

  1. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Здраво феминки :) ! Сакам да знам нешто повеќе за Лептокарија,дали некоја од вас била таму..Големо ли е местото,има ли за шетање.. Какви се плажите,водата... Како се движат цените,сместувањето :D Дали сте задоволни...

    Поздрав :) :D
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Тоа и мене ме интерисира, бев одамна и не беше лошо само многу гужва бидејки е едно од поефтините места. Ако некој бил скоро нека одговори ве молам :wasntme:
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Си се самоцитирав :wasntme:

    Не,озбилно ако ви треба нешто + прашајте ме,имам одено неколку години таму. :)
     
    На funkygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Си се самоцитирав :wasntme:



    Благодарам,многу ти благодарам на информацииве. :) Инаку колку плаќаше за сместување.. И преку која агенција беше ти ?
    Поздравче :D :inlove:
     
  5. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Бев преку прилепска агенција Бран 340 евра плаќав од 11 јули до 21.Ние бевме преку прилепска агенција затоа што на татко ми газдата му е пријател а инаку има баш гледав и по скопскиве агенции.А имаше во истата вила и едни скопјани кои си отишле таму без агенција и исто 340 евра плаќале.
    Околу 350-400 евра е,не е многу скапо преку која агенција и да одиш.
    Убав помин :*
     
  6. ketisk

    ketisk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    148
    Девојки дали некоја од вас била во вила Ерато? Јас одам таму преку савана, ме интересира дали е ок вилата. Иначе плакам за двособен апартман 320 евра за 7 ноќевања.
     
  7. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Бев преку прилепска агенција Бран 340 евра плаќав од 11 јули до 21.Ние бевме преку прилепска агенција затоа што на татко ми газдата му е пријател а инаку има баш гледав и по скопскиве агенции.А имаше во истата вила и едни скопјани кои си отишле таму без агенција и исто 340 евра плаќале.
    Околу 350-400 евра е,не е многу скапо преку која агенција и да одиш.
    Убав помин :*[/quote]


    ејј извини што те мачам вака..А дали таа цена ја плаќаше за студио/апартман или 2 креветна соба.. ??

    Благодарам за се... :) :inlove:
     
  8. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092

    ејј извини што те мачам вака..А дали таа цена ја плаќаше за студио/апартман или 2 креветна соба.. ??

    Благодарам за се... :) :inlove:[/quote]


    Па беше нешто како трокреветен апартман,затоа што кујната беше одделно.Важно беше трокреветно студио/апартман..Не знам ни по што се разликуваат :D
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Само убави зборови имам за Лептокарија, иако е повеќе за фамилијарен одмор, онака мирно местенце, но има и каде да се прошета. Јас бев пред неколку години, плажата беше супер и морето многу чисто. :inlove:
     
  10. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Јас лептокарија не би ја препорачала доколку сакаш да се одмориш. Бучна е, полна со туристи, џагор од улиците, врева која не ти го остава умот да си го пуштиш на пасење :lol:

    Во почетокот на плажата има големи камења, препорачливо е да си купиш некои лесни сандалки за во вода. Има убави, големи школки, многупати како мала собирав.
    Има добар ноќен живот, дискотеки, ресторани, убаво шеталиште како на угорница е,некаде скоро пред 2-3 години го реновираа, продавнички и ефтини работи.
    Во глобала не е лошо, чиста е водата, средно брановидна, ама не ми се свиѓа за на одмор.

    Мој предлог е да се сместиш во друго место за на плажа и преку ден, а навечер ( таму градовите не се многу раздалечени ) може за прошетки низ Лептокарија. :)

    Овој град го ставам во кошот заедно со Паралија и Катерини кои се бучни и се повеќе за вечерни излегувања. :)
     
  11. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141
    без пари да ми дава некој не идам
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Зошто ? :^)
     
  13. AmandaS

    AmandaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    141

    па мене лично не ми се допаѓа. сум идела порано со моите додека сум била помала и некако во такво сеќавање ми е останато дека е за повозрасни луѓе. тоа уствари е селце со цели улици со тезги наредени каде продаваат црнци и кинези, и во бутиците се кинеска роба и нормално само македонци и срби идат , а мене нашиов менталитет баш и не ми се свиѓа, па и таму да го трпам. ако веќе уплаќам во агенција би уплатила за на некое др место сигурно. сепак прашање на вкус е. како што не е за мене, баш тебе пример може да ти е убаво . затоа не слушај никој, прави си како што си планирала. јас само кажав мое мислење за местово. поз :)
     
  14. LuisRoyo

    LuisRoyo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    12
    AmandaS до некаде е во право..нема некој ноќен живот таму, ја имам посетено еднаш и онака беше..иако повеќе ги запознав камповите..а Лептокарија воглавно што знам онака..Платамона е веќе град, а близу е така да препорака од мене имаш за таму, доколку си заинтересирана за тој реон:)
     
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сум била како мала, бебе од скоро 2 години така да ништо не се сеќавам, знам само дека тогаш пред повеќе од 10 години било убаво, барем како што ми кажувале.
    И штета така, си била и гледаш само слики, ништо не се сеќаваш, друго е кога ќе го доживееш и ќе се сеќаваш, сум била исто како да не сум била .
     
  16. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Лептокарија не е за семеен одмоор затоа што е бучен град многу гужва дискотеки ресторани кафичи и ред други работи.Јас од мала одам во Неа Пори блиску е до Лептокарија па ти препорачувам таму да се смештиш а за вечерни излегувања за журки да одиш во Лептокарија.Иначе во Лептокарија плажата е многу мала и е со камчиња морето не ми се свиѓа затоа што кога влегуваш како дупка е а не постепено да се зголемува длагочината ме сваќате нели?Друго што не ми се свиѓа е тоа што на прв ред се хотели за преку агенции и се многу скапи а апартманите во куќи се после пругата и има баѓи одење за да стасаш до плажа.Имам приметено дека овошјето е поевтино од Неа Пори па кога одиме на поршетка во Лептокарија си купаваме од таму.Исто така има Лидел надвор од градот каде што е многу поевтино од другите маркети.Тоа е моето размислување за Лептокарија,ако сакате да знаете нешто плус за Неа Пори пишете ми лп :*
     
  17. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Да не се помеша со Платамона? :^) Јас за Лептокарија баш и не сум чула дека има толку јак ноќен живот, баш напротив дека е мирно и мало местенце
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Има ли шанси во Лпетокарија да се најде убав смештај со нормална цена на лице место, не сакам да одам преку агенција?
     
  19. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Сум била во Лептокарија пред некои 5-6 години и искрено не ми текнува какво беше зашто бев мала. Само знам дека во меморија ми е останато ко најгрдо место што го имам посетено во цела Грција.
     
  20. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Сигурно ќе најдеш. Има многу простор така да и кога е сезона се наоѓа и тоа поефтино. :)