1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лептокарија (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од funkygirl, 28 јуни 2011.

  1. brankica981

    brankica981 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А зошто е толку ефтино во Лептокарија? Има некоја маана? И јас ги разгледувам поефтините понуди, Олимпик Бич, Паралија. Барам некоја вила во која има дворно место за мали деца. Предлог?
     
  2. brankica981

    brankica981 Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ВО Лептокарија - вила Сула 280 Евра и 3 евра за клима 02.07-11.07.2012
    355 Евра и 3 евра клима 11.07-20.07.2012
     
  3. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Местата во областа Пиериа, овие погоре што ги наброја, се секогаш поевтини од другите места во Грција, а зошто не би знаела искрено, најверојатно бидејќи краците се попосетувани што знам... Овие места имаат многу поубави плажи отколку тие на краците, огромни и со ситен песок ама затоа водата не е толку бистра и чиста, прво бидејќи е отворено море, второ се заматува од песокот, плус блиску е Олимп па ако дувне малце посилен ветер има бранчиња кои носат алги и тревки. Е сега доколку не сте биле, отидете и видете, мене лично многу повеќе ми се допаѓа овој дел од Грција отколку краците, но тоа е ствар на вкус. А за со мали деца од срце го препорачувам Неи Пори, водата таму е најчиста и најплитка. Во Олимпик Бич е некако повеќе гужва и помало е, не е толку мирно како во Неи Пори. А за Лептокарија искрено не знам, не памтам дали сум била како мала ама знам дека се мање-више исти тие места. Паралија не ја препорачувам за смештај таму, преголема гужва, не е воопшто мирно место, ако веќе се мислите за Паралија подобро одберете Олимпик Бич таму плажата е почиста и помирно е навечер за спиење, па шетајте во Паралија, 2 км се одалечени.
     
  4. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    Искрено Лептокарија е многу убаво место и ноќниот живот е добар :D
     
  5. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    7.278
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна. Ние бевме лани почеток на септември и немаше многу гужва. Сместувањето беше убаво, плаќавме 15 евра за апартманот кој беше за 4ца. Моите беа баш во сезона и за истиот апартман плаќаа 25евра. Не бевме преку агенција, моите кога беа случајно ја нашле таа куќа, па бидејќи беа задоволни и ние отидовме таму.
    Иначе мирно место беше, не знам дали зашто беше септември или пак зависи од местото каде си сместен. Нели може да си во куќа до дискотека, кафич, а може и да си на сосема другиот крај. Знам дека само една вечер се собраа деца во дворот од школото (куќава беше спроти него), и газдава одма отиде, се расправаа нешто, да не галамат.
    Кој има прашања слободно нека повели :D
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Планираме од 20ти септември да одиме Лептокарија бидејќи не сум била никогаш не сум запознаена како е местото дали е ефтино незнам колку чепарац да носам? :worried:
    инаку апартманот бил 15 евра сега овај период не знам дали септември ќе биде поефтин :^)
    а ќе одиме само јас и дечкото и иди по 7 и пол евра од човек
    сакам да гледам да поминам најефтино што можам бидејќи толку дозволуваат финансиите :doh:
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    од 20 септември !!! никогаш не се знае со времево нели али сепак под планината олим на 20 септември еде ветар и ке смрзнете !! не си ги фрлај парите :!:
     
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Е како не ,ќе смрзнат!!!!
    Лично јас имам одено со семејството на одмор во септември-едната година во Лептокарија бевме од 8 до 18 септември,а наредната година во Ханиоти од 15 до 27 септември и освен времето кое беше супер и за сончање и за капење(значи не смрзнавме,се бањавме,сончавме,а не изгоревме)цените беа ехехехеее пониски во однос на сезоната.За Ханиоти не се сеќавам колку плативме,а во Лептокатија за 10 ноќевања во апартман,во прв ред -значи под пругата -плативме цели 150 евра. :o
    Мој совет до сите кои немаат обврски во септември,слободно да одат во овој период бидејќи цените се многу многу пониски отколку сега во шпиц сезона.
    Луѓе одат и во јуни и супер си поминуваат-водата не е ладна,а комоли во септември кога цело лето се греела водата.Па не е чинија супа морето па да се олади.Слободно одетеи гајле да си немате.
     
    На eleni23 и Mimi123 им се допаѓа ова.
  9. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Вака сега, јас не знам колку години по ред одам на одмор во Лептокарија, може 10 и повеќе. :D Сум била на многу други места и таму ми е најубаво, си ја знам како дома. Е сега, бидејќи никогаш не си била морам да напоменам дека за многу луѓе местово не е добро, т.е не им се допаѓа бидејќи иако е плажата песок, кога излегуваш од водата има малку каменчиња, а исто и кога влегуваш, до таму каде што се гази има камења. Она што мене ми се допаѓа е дека не 100 м. само плитко или пак не пропаѓаш наеднаш, туку постепено си станува подлабоко. Дупки во морето нема, водата е прилично чиста. Најмирна е наутро и навечер (не прават проблем за ноќно капење), а знае и многу често да биде бранувано морето доколку дува ветар. Е тогаш е навистина забавно. :D Неколку години беше попесочено (зборувам за внатре во водата, инаку плажата е постојано песочна), лани не беше, оваа година ќе видам како ќе биде. Сепак, зависи и во кој дел од плажата ќе одите. Некаде има повеќе песок, некаде не.
    Инаку гратчето е многу проширено од првиот пат кога бев и доста е изменето. Секоја година има се повеќе туристи (и нема само македонци, туку има и чеси, полјаци, срби, грци и се среќаваат и од некои други држави, ама поретко) и постојано се градат нови хотели. Има многу продавници, цените се пристојни, а местото е онака релексирачко. Има хм мислам дека беше една дискотека. Сум била неколку пати во едната, не знам дали има и друга. Обично делат бесплатни влезници за женски, а со влезницата имаш и една пијачка. Инаку картата е 4 евра. Исто имаш и кафулиња и тоа еден куп, (покрај плажата има најмалку 7-8) ама таму може е малку поскапо.
    Ако одиш преку агенција се ќе ти излезе поскапо, бидејќи приватно се наоѓа смештај доста ефтино. Во јули, август кога одам со моите, студио за 4ца на 20 м. од плажата го плаќаме 28,30 евра.
    Ако ви е веќе најден апартманот и е 15 евра има солидна шанса да биде над пругата, па те советувам убаво да си прашаш дали е под или над пругата. Се што е над пругата, ти е поблиску до центарот на гратчето, но на одење и враќање од плажа треба да симнеш и искачиш едно 40 скали. Цените под пругата се движат меѓу 25-35 евра, евентуално 40 во сезона, значи овој ти е некаде далеку од плажата, којзнае каде и те советувам ако одите приватно на лице место да барате смештај оти септември ќе биде пола празно и ќе се наоѓа студио на 20м од плажата за 15 евра. Верувај ми, многу е глупаво да треба 20 минути да патуваш до плажата секој ден.
    Ако јадење планираш да носите од дома ќе те советувам да не носите пијалоци бидејќи таму се доста евтини. Имаш лименки за 20 центи, а кока-кола, фанта, спрајт ти се некаде 0,70. Освен евтини пијалоци по маркети имаш и лидл на излезот од Лептокарија каде што е речиси се доста евтино освен сувомеснати производи. Гирото ти е 2 евра, имаш палачинки исто за 2 евра, сладоледот ти е едно топче 1 евро, две - 1,50 и е многу убав. Лежалките не се наплаќаат, но за да зафатиш лежалка треба да си порачаш нешто. Несот ти е некаде 2,50 и ти носат обавезно вода од 0,50, па тоа ти доаѓа 3 евра. Педалинките се 10 евра, а по продавничките имаш евтини сувенири и секакви други предмети што можат да се најдат на туристичко место и се доста ефтини. НЕ КУПУВАЈТЕ од тие што шетаат по плажите, ама веќе ако купувате нешто, ценкајте се оти секогаш ги смалуваат цените.
    Имате вие една предност. На крај на август ги намалуваат цените на се и сигурно во септември ќе има еден куп распродажби, така да се ќе биде ефтино.
    Ако си носиш јадење од дома, можете да поминете и со по 70-80 евра (доколку не сакате да излегувате и да си купувате којзнае што од таму.) Со 150 евра веќе ќе поминете солидно, НО сепак ова е релативно, во зависност од тоа колку сакате да трошите и на што. Можам да ти кажам цени на се што те интересира, па да си израчунаш ти колку пари ќе ти требаат. :)
    Инаку температурите во летниот период се движат околку 30-35 степени, што значи дека е доста топло, па ако не ја зафати цела Европа некој студен бран, би требало да биде и тогаш убаво времето. Поздрав, и убаво да си поминеш. :)
     
    На PinkGir123 и tally-w им се допаѓа ова.
  10. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186

    Фала многу honorthyself за корисниот одговор :) Мислам дека апартманот бил блиску до плажата, познаници на дечкото биле во истиот и биле доста задоволни па му го препорачале а и лично се познавале со сопствениците и мислам дека 20е бил од вечер сега јули месец па се надевам септември ќе го поефтинат.. Не планирам многу да купувам и трошам таму а да и јадење ќе си носиме од тука и ќе одиме со кола па ако се 70-80 евра тогаш супер.. не сакам да се луксузирам многу за таму бидејќи ме чека и августов еден одмор :) Не ми текнува во моментов да те прашам за нешто што ме интересира но очекувај ме наскоро ако имам некоја недоумица :)
    Поздрав и уште еднаш фала :hai:
     
  11. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Девојки јас сакам да ве прашам пошо планирам да одам од 26ти август на одмор лептокарија дали тогаш ке има луге или послабо :^) ?? Минатата година бев Лептокарија ама во сезона и си поминав преубаво.... Иначе и мината и оваа година одам преку агенција и оваа година апартманот го плакаме 320 евра + 30 евра за пат на 3ето лице... Се надевам дека некој можи да ми одговори :)
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Има луѓе,цел септември...
     
    На T-cent му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tally-w

    tally-w Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Вака сега, јас не знам колку години по ред одам на одмор во Лептокарија, може 10 и повеќе. :D Сум била на многу други места и таму ми е најубаво, си ја знам како дома. Е сега, бидејќи никогаш не си била морам да напоменам дека за многу луѓе местово не е добро, т.е не им се допаѓа бидејќи иако е плажата песок, кога излегуваш од водата има малку каменчиња, а исто и кога влегуваш, до таму каде што се гази има камења. Она што мене ми се допаѓа е дека не 100 м. само плитко или пак не пропаѓаш наеднаш, туку постепено си станува подлабоко. Дупки во морето нема, водата е прилично чиста. Најмирна е наутро и навечер (не прават проблем за ноќно капење), а знае и многу често да биде бранувано морето доколку дува ветар. Е тогаш е навистина забавно. :D Неколку години беше попесочено (зборувам за внатре во водата, инаку плажата е постојано песочна), лани не беше, оваа година ќе видам како ќе биде. Сепак, зависи и во кој дел од плажата ќе одите. Некаде има повеќе песок, некаде не.
    Инаку гратчето е многу проширено од првиот пат кога бев и доста е изменето. Секоја година има се повеќе туристи (и нема само македонци, туку има и чеси, полјаци, срби, грци и се среќаваат и од некои други држави, ама поретко) и постојано се градат нови хотели. Има многу продавници, цените се пристојни, а местото е онака релексирачко. Има хм мислам дека беше една дискотека. Сум била неколку пати во едната, не знам дали има и друга. Обично делат бесплатни влезници за женски, а со влезницата имаш и една пијачка. Инаку картата е 4 евра. Исто имаш и кафулиња и тоа еден куп, (покрај плажата има најмалку 7-8) ама таму може е малку поскапо.
    Ако одиш преку агенција се ќе ти излезе поскапо, бидејќи приватно се наоѓа смештај доста ефтино. Во јули, август кога одам со моите, студио за 4ца на 20 м. од плажата го плаќаме 28,30 евра.
    Ако ви е веќе најден апартманот и е 15 евра има солидна шанса да биде над пругата, па те советувам убаво да си прашаш дали е под или над пругата. Се што е над пругата, ти е поблиску до центарот на гратчето, но на одење и враќање од плажа треба да симнеш и искачиш едно 40 скали. Цените под пругата се движат меѓу 25-35 евра, евентуално 40 во сезона, значи овој ти е некаде далеку од плажата, којзнае каде и те советувам ако одите приватно на лице место да барате смештај оти септември ќе биде пола празно и ќе се наоѓа студио на 20м од плажата за 15 евра. Верувај ми, многу е глупаво да треба 20 минути да патуваш до плажата секој ден.
    Ако јадење планираш да носите од дома ќе те советувам да не носите пијалоци бидејќи таму се доста евтини. Имаш лименки за 20 центи, а кока-кола, фанта, спрајт ти се некаде 0,70. Освен евтини пијалоци по маркети имаш и лидл на излезот од Лептокарија каде што е речиси се доста евтино освен сувомеснати производи. Гирото ти е 2 евра, имаш палачинки исто за 2 евра, сладоледот ти е едно топче 1 евро, две - 1,50 и е многу убав. Лежалките не се наплаќаат, но за да зафатиш лежалка треба да си порачаш нешто. Несот ти е некаде 2,50 и ти носат обавезно вода од 0,50, па тоа ти доаѓа 3 евра. Педалинките се 10 евра, а по продавничките имаш евтини сувенири и секакви други предмети што можат да се најдат на туристичко место и се доста ефтини. НЕ КУПУВАЈТЕ од тие што шетаат по плажите, ама веќе ако купувате нешто, ценкајте се оти секогаш ги смалуваат цените.
    Имате вие една предност. На крај на август ги намалуваат цените на се и сигурно во септември ќе има еден куп распродажби, така да се ќе биде ефтино.
    Ако си носиш јадење од дома, можете да поминете и со по 70-80 евра (доколку не сакате да излегувате и да си купувате којзнае што од таму.) Со 150 евра веќе ќе поминете солидно, НО сепак ова е релативно, во зависност од тоа колку сакате да трошите и на што. Можам да ти кажам цени на се што те интересира, па да си израчунаш ти колку пари ќе ти требаат. :)
    Инаку температурите во летниот период се движат околку 30-35 степени, што значи дека е доста топло, па ако не ја зафати цела Европа некој студен бран, би требало да биде и тогаш убаво времето. Поздрав, и убаво да си поминеш. :)[/quote]


    Дали може да дадеш број од сместувањето?
    Планираме да одиме другата недела, на своја режија, бевме во јуни во хотел, ама сега таму е доста скапо :)
    поздрав и убав одмор
     
  14. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    70, 80 евра се сосема доволно. Јас ќе одам со дечко ми во Лептокарија сега во август (по 2 пат) и не планирам да носам повеќе од 100 евра. Навистина е евтино. Јас се вратив пред една недела, плаќавме 25 евра апартман на минута од плажата. Ако имаш уште прашања, слободно прашај. :)


    Број за жал немам, но цените сега се сигурно кренати и се движат околу 30-35 евра. Јас би те советувала да бараш соба од главната улица една уличка десно, таму е поефтино. Додека пак ако одиш во тие улици лево каде што ти се сите кафулиња, натаму се повеќе хотели и цените се дигнати. Јас си резервирав во хотел Гиотис (се наоѓа од главната улица една улица лево, некаде во 4,5 ред и ќе го препознаеш има еден убав парк со палми и банани) за 30 евра, но мислам дека во август таму тешко можеш да најдеш под 35 евра. Додека пак кога бев во јули и плаќавме 25 евра, бевме во хотелче веднаш спроти овој Гиотис. Ако најдам визит картички или број по дома од хотеливе ќе ти пишам лп. :)
     
  15. tally-w

    tally-w Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Број за жал немам, но цените сега се сигурно кренати и се движат околу 30-35 евра. Јас би те советувала да бараш соба од главната улица една уличка десно, таму е поефтино. Додека пак ако одиш во тие улици лево каде што ти се сите кафулиња, натаму се повеќе хотели и цените се дигнати. Јас си резервирав во хотел Гиотис (се наоѓа од главната улица една улица лево, некаде во 4,5 ред и ќе го препознаеш има еден убав парк со палми и банани) за 30 евра, но мислам дека во август таму тешко можеш да најдеш под 35 евра. Додека пак кога бев во јули и плаќавме 25 евра, бевме во хотелче веднаш спроти овој Гиотис. Ако најдам визит картички или број по дома од хотеливе ќе ти пишам лп. :)[/quote]

    Сепак фала, познато ми звучи тоа Гиотис, ние бевме во таа првата уличка лево но сега е 50евра и некако не се исплати, а се надеваме дека ке најдеме околу 30-35 евра :)
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    50 евра? :^) Никогаш не ни кажале таква цена освен во првиот ред, ептен до плажата. Но поназад, 3,4 до 5 ред цените се движат околу 25-35 евра, а патуваш само триесетина секунди до плажа.
    Инаку еве го хотелот Гиотис
     

    Прикачени фајлови:

  17. tally-w

    tally-w Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Па во цената вклучува и клима а и крпи, сапунчиња влажни марамици.... се како во хотел но без храна ваљда затоа е скапо :worried:
     
  18. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Јас вчера се вратив од Лептокарија.Бевме сместени веднаш до морето,апартманчето го плакавме 32 евра со клима и много ми се допадна местото.И плажата и морето беа чисти и убави.Си пазарувавме во Лидл,блиску ни беше.Лежалките ни беа бесплатни,не бевме вржани со тоа дека мора да пиеме нешто за да ги користиме.И да спомнам дека многу беше топло за спиење,не се издржуваше навечер,па моравме со клима да спиеме па се поразболевме накрај :D Комарци има,но не многу.Од туристи најмногу се срби,па македонци...
    А за шопинг најдобро е во Паралиа,се е ефтино.Имаше накит каков сакаш за 2 евра,часовници исто,кошулки за 3 евра,фустанче за 5 и сл.
     
    На crazylady и Mimi123 им се допаѓа ова.
  19. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Убаво е. Нема многу комарци, а и навечер попријатна е климата оти дува ветре.
    Водата е како проѕирна (чиста).

    Многу туристи, а сепак мирно местенце оти повеќе се фамилии.
    Има мнооогу Срби, а и наши (се разбира).

    И, нема дуќани за шопинг. Она што го има кај нас - го има таму и тоа поскапо.
     
  20. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Бев минатата недела и еве се вратив од Лептокарија и многу убаво си поминав. Апартманот ни го намали на 13 евра беше нов, чист и се наоѓаше под пругата, 2 мин беше до плажата и некаде околу 10 мин до центарот можеби и помалку одевме преку тунелчето од железничката. Еднаш зедовме лежалки си порачавме нескафе и за двајцата не кошташе 5 евра. Вода, сок и сладоледи си купувавме таму се останато си носевме. Гиро јадевме 3 пати, многу ми се допадна во тоа што е по скалички превкусно беше а еднаш пробавме и во тоа до него Woody мислам се викаше ама таму не ме бендиса многу. За времето најмногу се секирав ама се погоди преубаво сонце цел ден ни едно облаче, издржливо за на плажа да си седиш цел ден, така и правевме ќе се наспиевме на раат, ќе појадевме и одма на плажа за таму си земавме грицки и си седевме дури до заоѓањето на сонцето, потоа си одевме се капевме и излегувавме до центарот. Си купив неколку сувенирчиња за на фрижидер останатото ми беше скапо за разлика од тука за некои џиџи миџи. Од луѓето најмногу имаше срби, повеќето беа постари, фамилијарни и по некој пар млади. Во глобала преубаво поминат одмор за ефтини пари а си на море :)