Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лептокарија (Грција)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од funkygirl, 28 јуни 2011.

  1. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    382
    Пол:
    Женски
    Ние се нервираве со престојот, а другото ме пребендиса.
    Ефтино, мирно, тивко, смирено, како да бевме дома и си шеткавме низ чаршија.
    Огромни замоци (плаќаш за саат од дете мислам 3е беше) тромболини еден куп, вовчиња..
    Како широк сокак е чаршијава, една улица долга со дуќани секакви, сендвичари, сладоледи, продавници за гумени бонбони сваштариии, топ.
    Ние бевме близу чаршија, сместени во едно од уличките и на секој чош имаше нишалки лулашки онака маалски.
    Плажата ни беше 750метри, со поминување под надвожњак ама воопшто не ни пречеше, децава беа 7 и 8 години тогаш, секој носеше по нешто, торба и лежалки.
    Секое утро идевме земавме буречиња најубај на свет по 1.5евра, разбираа македонски (ваљда босанци беа нзз точно) крофна тука беше 1 евро со полнеж, на плажа 2евра.
    Одевме десно пред еден кафич, сопственици срби ваљда, се постилавме пред нив крпите, порачувавме кафе, поефтино беше ако си сместена во нивниот дел (немораш да си на лежалки)
    После плажа на враќање земавме гироо 3.5е беше.
    Одручек кај 4/5 слегувавме пак, пивце (имаше маркет близу кај шо си постилавме секој ден исто)
    Топ топ.
    Мм несака да слушни дека газдава идиот испадна (бевме на втор спрат а под нас старец шо сам не се сакаше, ни никој во комплекот. Имал операција на срце ни велеше газдава да сме биделе тивки, секој момент бевме спремни дека пак ќе ни се качи газдава или стариов да почни да црека под тераса, навистина не праевме бука никаква. Одење низ собите чекорите му беа проблем, на тераса игравме карти навечер БУКВАЛНО шепотевме, а ако не насмееше некој гласно очекувај ука бука или влезиси одма да немаш кавги), баш ми е жал дека така ама ете. ЗА ВИЛА ЈАНИС ЗБОРУВАМ.
    Секоја година би одела Лептокарија.
    Блиску од битолската граница, топло пријатно место....
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.