1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лесна диета - диета со поени

Дискусија во 'Диети' започната од MaggieTatum, 23 јули 2012.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Здраво :D сакам да прашам дали некој знае за диетава, дали ја применувал и дали е успешна ?

    ЛЕСНА ДИЕТА

    Оние што веќе држеле диети, добро знаат дека нема ЛЕСНА диета! Сепак оваа диета го носи тој назив бидејки кај неа нема ригорозно одрекување од одредени видови храна. Голема предност при држењето на оваа диета е што е дозволено да се конзумира сè, но треба да останете во рамките на зададените поени и комбинацијата на орбоците - што понекогаш може тешко да се одржи. "Лесната" диета спаѓа во редот на брзи диети. Доколку стриктно се придржувате кон неа, за седум дена ќе изгубите околу 5 килограми.

    Сè што треба да направите е да го почитувате правилото, во рамките на еден ден да имате на располагање одреден број поени и ништо повеќе. Како ќе ги комбинирате оброците е работа на изборот, но, не смее да премине преку бројот дозволени поени во текот на еден ден (18 - 20 поени). Набавете си бележник, и со "проста" математика на собирање на поените и малку покомплицирано придржување кон распоредот, приближете се брзо кон саканата тежина. Оваа диета спаѓа во редот на брзи диети.

    Листата на поени и обрици кои ги носат:

    Појадок (одберете сами што ќе доручкувате)

    3 поени - 1 портокал, цел или исцеден, 1 пециво со јогурт, со малку краставица, чај или кафе.

    3 поени - Освежувачка овошна салата (портокал, грејпфрут, киви), 3 парчиња салата со малку не многу масно сирење, чај или кафе.

    3 поени - Гриз со варено млеко (200 мл.), суво овошје (20 гр.), чај или кафе.

    3 поени - 1 банана, шоља шлаг, чај или кафе.

    4 поени - 2 парчиња интегрален леб (40 гр.) лажичка путер и 2 лажички џем, две киви, чај или кафе.

    4 поени - Чаша сок од портокал, палачинка со малку џем, чај или кафе.

    4 поени - 2 парчиња леб (60 гр.), 2 парчиња стопено не многу масно сирење, 1 грејпфрут, кафе или чај.

    4 поени - Двопек со мармелад, шоља малку масно млеко, две киви, чај или кафе.Главни јадења (ручек) по ваш избор

    6 поени - Парче варена бела риба, чинија зелена салата со оцет и масло, крем од ванила со карамела и една круша.

    6 поени - Салата од домат со лажичка маслиново масло, лук, парче варено пилешко (бело месо) со лажичка маргарин, 2 лажички пире од компир, 3 мандарини.

    6 поени - 1 парче варена риба, чинија шампињони, 2 компири варени на пареа или 4 лажички варен ориз, 1 овошен јогурт.

    8 поени - Чаша вино, 10 крекери, кељ варен на пареа, 2 мали компири, 1 топка сладолед.

    8 поени - 1 парче лосос печен на жар со лажичка тартар сос, 2 лажички варен ориз, 1 лажичка кисело млеко, 1 праска или јаболко.

    8 поени - 1 полнет домат (со не масно сирење), печен бут од зајак со темјан, сатараш со лажичка масло, 4 лажички палента, 1 кришка свеж ананас.

    6 поени - 1 тањир супа од зеленчук без тестенини, 1 бифтек печен на жар (отстранете ја маснотијата), 4 лажички тестенини, чинија компот.

    6 поени - Лазањи со тиквички и сирење, 1 јајце, кришка леб, зелена салата со малку масло, оцет и зачини, чинија боровинки или капини.

    8 поени - Краставица со 2 лажички кисело млеко, 1 кришка леб, 1 јунешка шницла од бут (60 гр.) 6 лажички грашок, 1 круша или јаболко

    8 поени - Супа од зеленчук со лажичка кисело млеко, варен зеленчук (по избор) и 2 варени пилешки филети, 1 овошен јогурт.

    8 поени - 1 телешка шницла печена на лажичка маргарин, 250 гр. грашок со морков, чаша вино.

    Помош во случај на глад:

    Во случај на глад, некои од следниве ужини можат да помогнат, но тоа ќе ве чини 2 поени:

    1 интегрална кифла

    1 кришка прелиена со 15 гр. топено чоколадо

    2 мали палачинки со малку путер

    1 парче пита од сирење

    1 помал чоколаден колач
     
    На Keti-26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    :?: Интересно ми изгледа ова со поените.
     
  3. Tanja03

    Tanja03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала и јас за оваа диета, уште е наречена и Пилотска или Бодовна диета..... :^)
     
  4. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Од утре официјално почнувам со оваа диета :) Се надевам на добри резултати.
     
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Тие што ја почнавте - резултати има? :)
     
  6. Ariaelon

    Ariaelon Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Preporacana e dietava i za maski,pa moze da prasam nekoi iskustva da ne znajte?