1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лесно и брзо студентско јадење

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 1 октомври 2010.

  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Еве еден брз рецепт за сите студентки, на кои им е смачено од мачкани лепчиња :)

    Ви треба:
    -Пилешки стек, одприлика 400гр
    -3 домати
    -Печурки
    -Кечап или томатело
    -отигано

    Го одмрзнувате пилешкиот стек го сечкате и потоа го ставате во тенџере да се пропржи со многу малку масло. Му додавате црн бибер и оригано. Ги турате одма со него и печурките, и гооставате да се крчка додека не потемнат печурките. Во сад со жешка вода ги ставате доматите, за да им омекне лушпата и да можете без проблем да ги излупите и ги рендате. Ги ставате во тенџерето откако ќе заруменат печурките. Сатавате сол, ако е многу кисело од доматите може да ставите ималку шеќер да се неутрализира. И потоа ставатемалку кечап или томатело за да се згусне. Се јаде со павлака и е превкусно, и стасува за отприлика 15-20 мин. Нас тоа ни е омилено јадење =)
    Пишете како ќе ви се допадне, и споделете некој студентски рецепт :*:*:*
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    пржено јајце
    шпагети ;)
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Палента (се вари за 2 минути) и испржено стекче!
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Даа, шпагети хит ни беа минатата година заедно со ова јадење.
    Јадењево заборавив да кажам го правиме кога сме побогати, најчесто во понеделници :)
    кај се другиве студентки да пишат што најчесто си прават за јадење? :(
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Scarlet88 што е тоа палента? :$
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    пржени рибанчиња
    потпечени макарони
    пржено компирче и пржени виршли (или печени, како сакате)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Еве јас ќе ти одговорам :) Тоа е пченкарно брашно и многу лесно се подготвува. Еден вид инстант јадење кое е многу здраво. Убаво оди во комбинација со сиренце и кечап.
    Ти ја препорачувам оваа
    [​IMG]
    околу 60 денари е максимум. На самото пакување имаш начин на приготвување, пробај :)
     
  8. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    Палента БЉАК :(
    А да, освен мачканици , товење до бесвест, некако друго не баш ми текнува за прзо приготвување :) Јајца пржени(со пиперки, со виршли), хмм макарони(исто бљак), супа, поховано сирење, има мн поховани ствари кои не одзимаат мн време, патлиџани, пиперки(но треба да се прво печени), пржени компирчиња(побрзи се ако се има фритеза:) ), палачинки (па може и солени и благи да ги направите ;) )... не ми текнува моментално, ама сигурно има уште доста :)
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Girl денеска купив и направив палента и малку чудна ама вкусна со сирењето ми се допадна фала :*
    Дидјичка поховани тиквички јас многу сакам.
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Spageti,makaroni u sekoe vreme :D Tostovi,potpeceni lepcinja-sunka,kaskaval,origano ,kecap,maslinka i margarin na lepce se pecat okolu 5-10min :)
    [mod-kirilica:kay76k1o][/mod-kirilica:kay76k1o]
     
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Мое омилено студентско јадење и што цел живот ке ме потцетува на студентските денови се макароните и вака ги приготвуваме: најпрвин ке ги свариш во посолена вода, потоа убаво ке ги исцедиш и ке и ставиш путер и вегета, потоа ке додадеш павлака, сецкана шунка и златна мешавина, може и печурки но немора сепак тоа е студентско јадење и наздравје :)
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Ќе земеш посуви кришки леб ,немора лебот да биде тазе , одозгора ќе ги намачкаш со малку путер,одозгора ќе изрендаш или исечкаш по твоја желба сирење или кашкавал и салама по вкус т.е можеш да додадеш и кечап,ама не е задолжително одозгора ставаш оригано,може и без него значи може и само со салама и кашаквал или салама и сирење и ги ставаш во тепсија премачкана со путер на неколку страни во загреана релна.
    Вкусно, многу брзо се прави и се пече од 6-10 минути на 250 степени.
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    епа вака јас не сум студентка ам со вереникот се понашаме како да сме немаме време за добри јадења и се приготвуваме на брзина. еве рецепт за ориз со зеленчук него му е омилено.

    во тавче за печење исечкајте ситно кромид препржете го со масло. од кога ќе омекне ставете ја количината на ориз што саката промешајте една минута ставете вода и оризот на печење. во меѓувреме во тавиче за пржење ставете масло и се што сакате или имате од зеленчук(исечкано- пиперки и морков на догнавесто се друго на коцки) не е важно и пржете до омекнување потоа извадете го оризот измешајте заедно со зеленчукот во тавата за пржење ставете зачини промешајте и вуала прекрасен ориз со зеленчук. ова се подготвува за некои 20 минути.

    поздрав и се надевам ќе ви се допадне дококу сте љубители на ориз :*

    П.С и воопшто не е скапо :)
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweetmadonna0803

    sweetmadonna0803 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Еве ви еден брз рецепт:

    Ке ги натопите исечените парчиња леб во матени јајца исто како за кога ги пржите,
    а потоа ќе ги наредите лебчињата во тавче подмачкано со маргарин, а одозгора ќе
    им ставите кашкавалче, сиренце, маслинче, шунка или друго по ваш вкус, па ќе ги ставите во
    рерна да се потпечат. Многу се вкусни а исто така добро е што нема да се умирисате и себе и станот
    со чадот и миризбата доколку би ги пржеле ;) Пробајте проверено е !!!!!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Ние цимерките често во студентски си правевме варени компири испасирани како за пире и внатре место млеко или вода стававме мајонез и кечап. Вкусно и брзо.
     
  16. sweetmadonna0803

    sweetmadonna0803 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Еве ви еден лесен рецепт за студентки ама и за студенти кои сакаат да ги импресионираат сцоите девојки-студентки:) :
    Натопете ги исечените парчиња леб во изматени и посолени јајца исто како за кога би ги пржеле.
    Наредете ги во тавче за печење подмачкано со маргарин. Одозгора ставете им некое зарзаватче по ваш избор: сиренце, кашкавалче, шунка, печурче, маслинче итн. Потоа ставете ги да се потпечат во рерна колку да поруменат лепчињата. Многу се вкусни и брзи а што е уште подобро нема да се умирисате на пржено!!!! Пробајте ги, проверено!!! ;)
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.857
    Допаѓања:
    122.895
    Шпагети-макарони со сирење и кечап,сендвичи,салати,паштети,ајвари,тоае студентското јадење ... :lol:
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    43.639
    Секогаш се смеам на рецептот на моја Оли - јуфки со козјо сирење и мармалад. Божествен вкус.
    Дека нејзините и праќаа стандард јуфки, а ќе се изедеше кечапот или сето друго, па комбиниравме и вакви чудесии.

    Студентска храна набрзина? Јас - палента, во корпици за пудинг, со тоа што прво ставаш една лажица палента, врела, измеѓу малку сирење или зденка, па пак одозгора палента. И кога ќе се олади после, го превртуваш и имаш солено мафинче :)

    Друго - ѓеврече студено, стоплено во микро, со чоколадно млеко...Мммм, красно!
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.027
    Допаѓања:
    4.530
    Пол:
    Женски
    Најинтересно од студентскиот живот ми е тоа што сите се жалиме од храната а кој како отиде да студира сите се здебелуваме. Јас преферирам да јадам во ресторани али пошто сум манијак на тостови мислам дека ТОСТЕРОТ што го купив ми е најпаметна инвестиција во животот. Така 8 кила се здебелив по првиот месец од неговото користење па видов невидов го пратив дома. Супа поретко готвам а макарони и шпагети мислам оти се најадов за цел живот. Јајца и копмир пржени, леп печен со нешто одозгора, манџа поретко, и еден куп на полуготови јадења.
     
    На coralin-e и Bibko им се допаѓа ова.
  20. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Јас сега сум бруцош и не знам уште кои брзи јадења ќе ги правам ама сигурно знам дека ќе ја посетувам темава да ви украдам некој рецепт.. :P инаку веројатно најчесто јадење ќе ми биде леб намачкан со паштета аргета...ем вкусно ем брзо... :D :D :D