1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лесно и брзо студентско јадење

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 1 октомври 2010.

  1. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    јас си измислив едни крокети кои се многу вкусни и брзо се прават..ладен леб ќе го изроните на трошки ,па додавате шо ви душа сака,сирење,кашкавал,шунка ситно исецкани...потоа јајца 1-2 во зависност од количината ...тоа станува како тесто па како топчиња ги оформувам во презла и се потпржуваат околу 3 мин ...како пирошки имаат вкус..пробајте :)
     
    На zhap4e и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  2. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Ајвар паштета, крем и разни други мачканици,овошје и сиров зеленчук, шпагети тортелин макарони, палента, јајца, компир, тост, потпечени лепчиња,супа, житарици со млеко од соја и сл
    Наједноставно ни беше- готово тесто за пица (имаше на времето едни за мала пица 12-13ден) со кечап оригано кашкавал и сусам. Кога имавме стававме и плус саламче, печурки,маслинки,сирење....
     
  3. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    Мини пица

    Насечкајте на тенки резени 1 француски леб и намачкајте ги со зејтин или маргарин. Ставете ги во рерна на 170 целзиусови степени и кратко потпечете ги. Потоа на секое парче ставете парченце домат врз него сирење малку оригано и украсете со парче црна маслинка. Потоа малку да се запечат и спремно за јадење.
    Во затворен сад можат да стојат неколку дена!
    Прекрасноо е нелииии ????!!!! мммм
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.169
    Пол:
    Женски
    Тоа се брускети, специјалитет ми се, мајка веќе ме тера и за кога ни се најавуваат гости да ги правам. :D
    Преубаво изгледа на француските мали лепчиња, на косо засечени парченца, ама супер е и со обичен леб, баш како за оброк излегува, дури некогаш ни е и замена за манџа, кога ни се сака нешто посуво, а вкусно.
    Ма багатела! :mm:

    Друго лесно ама „мрсно“ јадење, ко што би рекла мајка ми - ако ви се наоѓаат при рака печурки, обични шампињони, сецкате кулен на коцкички, ги сецкате печурките доколку е потребно, ги мешате со куленот и малку ги пропржувате колку да заруменат.
    Од страна на чинијата ставам сенф и павлака и наросувам со сушен магдонос.
    Си макате, си мезнувате печурки и кулен - повеќе од одлично е, а многу едноставно. :)
     
    На mamma-mia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tumblr

    Tumblr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    992
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Типична секојдневна индијска храна: Оризот се пропржува стандардно на масло, на 1 чаша ориз 3 чаши вода, се додаваат кикирики и/или индијски ореви, маслинки без семки, бибер по желба. Се вари додека водата не испарее. Убаво оди со јогурт. Ако се додаде суво грозје за време на варењето тоа е веќе узбекистанско јадење.

    [​IMG]
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Печен компир со кашкавал,пржен компир со сирење,Пржени рибни стапчиња за 5 минути се готови,супаа,варени тестенини со сирење и кечап...
     
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Макарони, шпагети, пржен ајвар (обичен ајвар ќе ставиш во тава и малку ќе го стоплиш) јас го јадам со сирење бидејќи ладниот ајвар не ми е убав. Исто така може да жар да испечете две три виршли и истата постапка со леб и воала. ;)
     
  9. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Во моите студентски денови имав предизвик да готвам вегетарјански јадења неколку години поради едната од цимерките , се сеќавам највеќе ги сакаше макароните припремани како салата и ориз без ништо :D
    Макарони
    Откако ке се сварат се , ладат под млаз вода , се цедат и ставаат во сад.
    Краставичкata и доматот (свежи) се сецкаат на коцки .
    Се мешаат се заедно со макароните и се додава сол, масло и оцет по вкус. ( 1/2 лажичка сол, 3 -4 супени лж масло и 2-3 оцет алхохолен другите го менуваат вкусот на половина пакетче макарони) може и чајна и кромидче и маслинки да се додаде но не мора.

    Оризот

    3 чаши ориз
    5-6 чаши вода
    Оризот и водата ги мерите со истата чаша ( за еден тањир мерете со чашка за ракија)
    Во тенџерие 2 л масло да се загрее ставете го оризот и пржете да добие златна боја , полијте го со предходно зовриената вода ставете малку сол , бибер и покријте моментално со капак исклучете ја ринглата и покријте го тенџерето со крпи , може и плус чаршав или ќебе убаво да биде покриено ( и пазете да не допира на ринглата да не ги изгорите крпите :) ) оставете го на рингла околу 15-20 мин .
    Можете да го јадете така или со лимон .
    Варијанти :додека го пржете оризот може да додадете кромид и кари ; вегета или коцка за супа(издробена);
    или пред да сервирате измешајте во тенџерето рендан пармезан и коцка путер. Уживајте ;)
    И сега знам да ги направам овие јадења кога ме мрзи да готвам :D
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.020
    Допаѓања:
    10.507
    Пол:
    Женски
    Брускети на мој начин :lol: :D
    [​IMG]
    може и обичен , ама исечен на многу тенки кришки
    [​IMG]
    се премачкува со ова :D , одозгора му се ренда било каков кашкавал и на крај му се додава оригано :) . Кој сака може да си додаде и маслинки :$
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nadican94

    nadican94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Обично за мене земам пола парче стек, го сецкам ситно, го зачинувам со сол, пипер, го пржам. При крајот на пржењето, кога ќе е подзаруменето ставам печурки, и тиа да се запржат, па после ставам павлака за готвење и куркума (може и кари). Кога ќе се згусне доволно, ставам на чинија и јадам :D . Обично однапред печам компир или ориз.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Се смениле времињата...порано студентите јадеа сув леб и ајвар..;(
     
    На jagoda1979, *Cloudy Girl*, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    134.808
    Пол:
    Женски
    еурокрем, ајвар, тост, виршли, компири пржени, макарони..
     
  14. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.767
    Пол:
    Женски
    Ајвар,паштета,маргарин,пица лепче,макарони со кечап или мајонез или сиренце:)
    Шпагети ги правевме со сос сецкавме шунка и печурки да се испржат па има посебен сос од Маги се додава се остава да крчка прекрасно е. Исто така варевме тарана со сиренце ммм превкусно:lol:
    Варени компири ги правевме салата или пржени со виршла,стекче или пилешки прсти.
    Ориз со пченка омилено :D
    Пржени јајца во комбинација со јогурт или пржени со кашкавал превкусно или варено јајце со виршла.

    Готово тесто за пица ставаме сусам,кашкавал,шунка.оригано кечап и мајонез и мхмхм :lol:
    Руска салата од зеленчук онај што е готов грашок.морков и пченка со мајонез :)

    Во денови кога се пости супичка посна да се свари секако посна сарма и посни полнети пиперки и компир манџа што ни пратиле од дома.

    Салата со макарони: Ги варите макароните со малку зејтин и сол секако откако ке се сварат се цедат се стваат во еден поголем сад и се додава вегета секако по вкус кој колку јаде солено се става туна,печурки и мајонез нешто превкусно и посно се разбира.
    Купувавме буковки готови ги има во поголемите маркети само да ги згрееш да јадеш ;)

    Лутица сме јаделе ногу во комбинација со сирење:rofl::rofl:

    Исто така потпечени макарони со шунка,кашкавал и павлака омилено ни беше :D

    Толку од мене сега за сега ако има нешто ново ке пишам :lol::rofl::rofl:
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Ние додека бевме студенти ( а не беше тоа одамна) кашкавали и шунки беа мисловна именка. Студентско јадење е ШПАГЕТИ СО СОЛ И БИБЕР (ИЛИ ВЕГЕТА, ама онаа неоригиналната, ефтината) какво сирење каков бутур :)
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Брзо, а вкусно ;)
    Сецкана краставица, сецкано парче салама, малку сиренце и сето тоа измешано во павлака.