Летен предизвик на Ана Стојанова

Дискусија во 'Диети' започната од IAmPresident, 15 јули 2020.

  1. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Здравоо женски. Не знаев каде да ја ставам темата, па затоа отворив нова, нека поправи модераторот ако згрешив. Има некој што ќе почнува со програмата на Ана Стојанова или пак што веќе била во првиот предизвик? Слушнав многу убави коментари и постигнати резултати од првиот предизвик, па решив да се придружам на вториот :clap: Како плус мотивација сите да си дискутираме овде за рецептите вежбите, па се надевам и постигнатите резултати :*

    За оние коишто сеуште не знаат, Ана Стојанова е мислам фитнес инструктор и нутриционист, која сега прави целосна исхрана и вежби, режимот трае 30 дена и кошта 690 денари. Може да ја најдете на фб и инстаграм, има објавено многу пред и потоа фотки од членки, баш е мотивирачки тоа. Па се надевам ќе се дружиме во вториот летен предизвик :handshake:
     
  2. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    13.664
    Пол:
    Женски
    Јас Ана ја знам постојано заследува на инста па чека да ја заследете па одма она ве отследува |(
    Многу глупаво знам |(
     
    На piglet1, xnotyourbabex, simoncelicius и 25 други им се допаѓа ова.
  3. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    (facepalm):puke::puke::puke:
    Не знам каква личност е, имам 3 блиски пријателки презадоволни од првиот предизвик, па може е добра во тоа што го работи
     
  4. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    26.186
    Пол:
    Женски
    Прави целосна исхрана индивидуално или една исхрана важи за сите?
    Ако е една за сите тогаш е глупост и не фрлајте ги парите на такви неодговорно смислени програми.
     
    На PaLaVa, Bezimenka90, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Една за сите е
     
  6. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    26.186
    Пол:
    Женски
    Како може Ана да знае на кое тело каква исхрана му треба? Секое тело е индивидуално и е неодговорно да лупнеш една исхрана што сите ќе ја следат, а сите се со различни потреби и проблеми. При толку бесплатен материјал на интернет, нема шанси 700 ден да фрлам на глупости. Нездрав е таквиот начин на слабеење.
     
    На simoncelicius, PaLaVa, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Гледам има доста позитивни коментари и резултати од првиот предизвик и некако залажува да се приклучиш.
    На сторињата и по емајл ми остави впечаток на многу фина и посветена женска арно ама кога пред некое време бев решена да купам нејзина програма видов дека со мојата картица не можам да уплатам и и пишав. Така набрзина ме откачи, а и понудив секакви опции да платам и ме разочара. Да беше некој друг мислам ќе се потрудеше малце да помогне.. да си ги земе парите де :)
    Инаку има доста муабети дека ги купува програмите од светските фитнес инструктори и ги препродава, незнам колку е точно ама јас верувам.
     
    На Victorian, Cherry blossom89, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.435
    Допаѓања:
    13.664
    Пол:
    Женски
    Ти само заследија на инста , тоа што го прашуваш не е битно :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Во право си, ама ете лично мене баш тоа ми одговара. Преоптеретенс сум со работа, обврски, курсеви и големо олеснување ми е некој да ми каже секој ден што да готвам во мојот саат ипол слободен за готвење, па и да си го платам тоа. Ми се допаѓа тоа што не е строг режим, имаш убави оброци секој ден и се баш нормални јадења што мислам дека секој организам би ги прифатил. Плус имаш можности за промени на некој продукти. Темата ја отворив за мотивација на членки во ова, а не да дискутираме која е Ана или колку е професионална. Сепак секој има право на свое мислење
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    3.021
    Поарно ќе ги дадам парите од некоја светска блогерка да купам програма и тие не се многу скапи, исто на јутуб имаш премногу бесплатни сигурно нема да и дадам на Ана пари. И мене ми е антипатична иста ситуација имав каде што ме заследи само за да собере фаловерс и по некој ден ме одследи од кога ја заследив. Многу нормално анфалоу доби такви не заслужуваат мое внимание каде што собираат на таков начин фаловерс. Бар не ги одследуј тие што те заследиле...
     
    На simoncelicius, PaLaVa, Ladyy* и 4 други им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.141
    Пол:
    Женски
    @raww а како да и платиш за диета на некоја неодговорна особа?
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    6.616
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато дека програмата и е купена од некој странски нутриционист и она ја препродава истата на сите, плус тоа и не е дипломиран нутриционист.
     
    На *Amethyst*, PaLaVa, Justicija и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    3.979
    Допаѓања:
    17.790
    Пол:
    Женски
    Па не се ни нејзини,ги купува.

    Сакам да кажам не се лажете да и давате пари на неа,отворете гугл едуцирајте се повеќе за здрава храна,многу вода,што треба да се избегнува, вежбајте неколку пати во неделата и тоа е тоа.
    Chloe Thing има бесплатни програми за вежбање на нејзиниот сајт.
     
    На simoncelicius, *Amethyst*, poppie и 10 други им се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    2.363
    Пол:
    Женски
    Си има она други да залажува не си само ти. Не сум само јас или само ти ехее колку народ има што и плаќа со тебе ќе се замара или со мене пр.
     
  15. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    3.021
    Одговорот е јасен нема да платиш, отворете некоја од нашине фитнес блогерки и ќе видите само колку здрави рецепти имаат ако ви е до храната
     
    Последна измена: 16 јули 2020
    На SummerGirl, Kimberly11 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  16. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    2.363
    Пол:
    Женски
    Не е само дај ми напиши ми диета мени и толку.
    После ќе треба со месеци така да се исхранувам да пазам.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SelenaGomez

    SelenaGomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Ај тоа и трансформациине ми се сомнителни, можно е да го кренеш газот оп за 4 недели а стомакот и спојлерчињата да испарат? Шо знам...

    Па и уште парични награди дели од 100 и 200€ за трансформациите од 4 недели.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    2.485
    Пол:
    Женски
    Како да не, парични награди :rofl:
    Претходното лето исто имаше предизвик и за најголемата трансформација наградуваше 500€, ако ги доделеше сигурно ќе објавеше на инстаграм кој/кога добил. Сега па со 200€, нема грешка.
     
    На simoncelicius и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.794
    Пол:
    Женски
    Ана е многу бледа копија од американските тренери. Ја препродава нивната програма и тоа за поскапо. Вие и без програма ако решите 6 недели да бидете на некоја диета, и да трчате ќе ослабнете 3-5 кила, затоа тие сликите пред и потоа се тотално неверодостојни.
    И не може да им дава ист план на исхрана на сите зачленети.
    Имате YouTube, имате инстсграм, имате Гугл, тука се ќе најдете за без пари.
     
    На *Amethyst*, PaLaVa, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  20. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Резултатите од програмата на Ана и резултатите од програмите на Клои Тинг се исти. Програмите на Клои се бесплатни. Just sayin'.
    Секој може да одвои малку време и да прогугла за да се едуцира во врска со нутриционизам при што ќе си создаде свој план кој може да го тестира одреден период за да знае дали ќе му одговара. Мислам дека и Ана ја имам слушнато како ги убедува дека секое тело е различно и секој постигнува различни резултати а од друга страна на сите кои се приклучиле на програмата им дава ист план за исхрана...
     
    На simoncelicius, *Amethyst*, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.