Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летен предизвик на Ана Стојанова

Дискусија во 'Диети' започната од IAmPresident, 15 јули 2020.

  1. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.327
    Пол:
    Женски
    Вежбам по распоредот. Досега 2килца се изгубени. Исто вечерата кога како ја јадам. Имам и јас малку така одбивност од доручециве со јајца.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.724
    Пробав, видов и абсурдно е да ме убедуваш дека е супер. Не е поразлично ништо од други диети кои ги има на нет, дури и поизбалансирани.
    Исто така кој сака да вежба има и доста вежби на јутјуб и цели програми.
    Ако одам по принцип колку пари, толку музика, ок, ама да се убедуваме сега во нешто, стварно нема смисла.
    Ова е за луѓе кои не можат сами и ги понесува атмосферата на група, ентузијазмот на група, што немале никогаш здрави навики, макар и на епизоди и затоа има успех. И луѓе кои сакаат некаде да припраѓаат и да бидат прифатени, ама тоа е другата страна на паричката што е ок, ама луѓето може многу погрешно да го толкуваат тоа.
    Човек да има став, може и сам.

    Не мора така нападно да им влегуваш на работите.
    Исто така читам на групата многу неточни работи, кој како чул, недочул, а никој не ги корегира. Она и да сака не може да постигне. И ок е.

    -6 кг до сега. Ама сама ги комбинирам намирниците. Не јадам толку јајца, вклучив варена пилешка и мисиркина шунка, повеќе протеини за доручек (јајцата ги јадам како мафини (без брашно) со рендан чедар и зеленчуци, повеќе јх за ручек (не може со толку малку јх, а следи вежбање, парче леб, киноа мора да има, шеќерот инаку крш, а целата игра е манипулирање со шеќерот во крв), повеќе зеленчук за вечера (салата дури и да ја нема, варен зеленчук и да го нема). Авокадото, јајцата и сега спанаќот наредни денови скроз го тргам, масти вклучувам од маслиново и ленено.
    И чај, многу чај, роибос, во големи количини.
    Практично... вака гледано, не сум на програмата веќе.
    Еве сега леќа палачинките ќе ги јадам со салата и полнети со пилешко и сирача. И тоа 50 грама леќа, нема потреба од 100, подобро останатите калории да се од салата.
    Во основа е тоа од планот, но модифицирано. Има и убави оброци, утре е ок појадок, има од се по нешто, но ќе додадам и грст бобинки и непечени бадеми. Ручекот е супер, ама ќе јадам помалку компир.

    Не критикувам, само кажувам. Супер е што некому дава ентузијазам. Само сум реална и кажувам од искуство.
     
    Последна измена: 21 октомври 2021
    На WhiteWhitch, senjorita-v, Dorisce и 10 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.493
    Пол:
    Женски
    Е ова е реална да ја наречам критика, а е уствари твое видување. Јас без да ме води некој не можам, сеуште, забегувам. Мада летово се држев топ, супер ми беше, за скоро 2 месеци без режим качи симни 2 килца варирав што не е нешто страшно мислам. Мене се ми е супер и мислам дека ќе и купвам програми се дури она вади. А би сакала да ги пробам и на Бубало програмите, ама да пораснам уште малце треба за нејзните, кондиционо не сум толку спремна и уште имам доста вишак тежина.
     
    На senjorita-v и Annath им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.724
    На долг рок мора да се игра со јх повеќе, инаку хормоните и шеќерот ќе отидат у пм и кај најздравиот.
    Симнав притисок со чај од хибискус, регулирав шеќер со хром и чај од роибосј, имунитет одржував со ѓумбир, куркума, лимон и полен. Зелен чај ретко кој поднесува (иако не знае) и не е за секого и не се спрема така како што сме научени. Чаевите слободно да се пијат, освен ако некој нема докажана алергија на нив. Не се за дитокс (тоа е глупост), туку имаат хемии кои поддржуваат процеси во телото да функционираат подобро.
    Така да...
    Сакам да сум реална, не е поентата да сме во заблуда.
    Супер е за "осамени" луѓе кои имаат надворешен локус на контрола кога се работи за ваква работа и дисциплината им е слаба страна, ама мора да има корекции на менито.
    Сега видов и Ана пишала во групата, што е фер и коректно.

    П.С.како бе може да не ти успеат леќа палачинкииииии!!! :D
    Еве барале полнети пиперки со месо и ориз, рижото, сеа ќе побарам јас хамбургер, има протеини, па шо? Таман со музичка желба, ако ти се јаде тоа јади, ама тоа не е за слабеење освен ако не си по УН и во скробен ден. Скроб во комбинација е убиство за шеќерот. Оризот има висок гликемиски индекс.
     
    Последна измена: 22 октомври 2021
    На senjorita-v и Annath им се допаѓа ова.
  5. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Еве мене, ама заборавив јајце да им ставам (facepalm)
    И оние овесните никако да ги погодам, цела куќа на запалено смрди :whew:

    Мене ми е Ок менито, кога нешто не ми штима си менувам со рецепт од летните предизвици. 5 месеци сум на програмите кај неа, и кога завршуваа не одев да јадам пици и сендвичи како награда, туку навика ми станаа и смутињата и овесните каши,па и благите десерти и коктели.
    Сум јадела досега и пица,и палачинки и торти и хамбургер, ама еднаш во 10 дена, ми се задоволува потребата за џанк фуд и си терам даље.
    15кг ослабев од нејзините програми, многу обемски, ма се стопив тотално.
    Моменталнава тежина ја имав еднаш оддамна пред да родам две деца. Е стомакот ко пифтија, ама сака вежбање и време.. Тоа си дадов рок до наредно лето. Вежбам навечер на полноќ,едино тогаш сите спијат, ама вежбам два тренинзи одеднаш, пример понеделник и вторник во среда, четврток и петок во сабота, саботниот во недела.. битно вежбам :D
    Мене ми се свиѓа се од оваа програма, и да не сум дел би се хранела вака пак, ама полесно ми е кога се ми е напишано по колку,кога, наместо да се мислам секој ден што да готвам .. нит коментирам во групата ни нешто ја следам, и таму ко ждм е, само да те рчне некоја за нешто.
     
    На sunshinebabe, andrejko82, BY<3 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Не хејтам цитирам факти.
    Има луѓе кои се лажат на вакви ефтини програми, а не се свесни колку тоа може
    да ги оштети. Јас не би ризикувала, кој стигне прави програми за слабеење. Да е персонализирано, пример како кај Марија Соколоска, океј може вреди за парите, ова кај Ана е бесмислено. Ок видов, има доволно протеин во исхраната можеби, ама немаат сите иста цел, ист тип на тело и иста здравствена состојба за истото да го јадат. А вежбите, тие се бесплатни на Youtube и на некои апликации.
     
  7. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Што на пример може да не оштети оваа “ефтина” програма?
     
  8. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    Како е потпишан марио на инстаграм?
     
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Освен време и пари што ќе изгубите и здравствено може да настрада некој. Луѓе со хормонски дисбаланс би требало да внимаваат со јајцата и пилешкото. Да не набројувам поврзаности на здравствени состојби и исхрана. Не е за џабе еден куп пари персонализиран план за исхрана кај нутриционист или некој друг едуциран за правење на план за исхрана. А не вака секој почна да прави планови за исхрана и после ќе се чудиме сите од кај здравствени проблеми со шеќер, од кај анемија, од каде сеа хормоните се измешале. Тоа што го видов од менито дневно може да е ефикасно, ама не знам колку е здраво, на тој начин многу се игра со инсулинот и не ми изгледа добро.
     
  10. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    1.396
    Јајцата и пилешкото немат врска со хормонален дисбаланс. Гладувањето прави проблем.
     
  11. BY<3

    BY<3 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    2.218
    Зарем може да оштети програмата повеќе од нездрава исхрана? Демек според тебе подобро е некој да си продолжи да си јади чипсови, торти, пици и хамбургери секој ден одколку исхраната на Ана. Аха, важи. Во муабетов нема ништо освен хејтање.
     
    Последна измена: 25 октомври 2021
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.493
    Пол:
    Женски
    Трескаш зелени! Прво и основно никаде не е наведено дека ова е програма за луѓе со хормонални дисбаланси, разни болести и трудни, се оградува и не препорачува онаму каде што има проблем, ако си прочитала бар 2 реда од тоа што го пишала ќе видеше. Оние кои имаат мака нема да одат кај Ана туку кај лекар, па и нутриционист ништо особено нема да направи, исхрана ко исхрана нема да ти помогне значително во борбата со хормоните. Да, јас прва тврдам, храната може да е и отров и лек, ама ако не третираш проблем ништо нема да направиш. Оваа програма е за оние кои си јаделе нездрава храна малку повеќе и благичко па затоа дошле до таму до кај што дошле, а не за луѓе кои имаат хормонални проблеми и не можат да ослабат. И да, хејташ, зошто си прочитала нешто од менито и крај, мислиш се си разбрала.
     
    На senjorita-v и BY<3 им се допаѓа ова.
  13. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Имаат ! Од доктор кажано. Освен домашни јајца не се препорачува купечки. Пилешкото е исто хормонски хрането што го купуваме.
    Па тоа ми е поентата. Сите знаеме што е нездраво. И сите можеме да си ставиме по некоја рестрикција и да исфрлиме чипсови, пици и хамбургери. Која е поентата да платиш некому за да ти каже да јадеш спанаќ?
    Не е наведено, ама многу луѓе имаат зголемена тежина баш поради хормоните, дел од нив не се свесни за тоа. Не зборувам на памет, со исхрана се можеш да средиш или уништиш. Дури и банални ствари како акни и целулит. Луѓе од рак се лечат со посебна исхрана. Велиш програмата е за луѓе кои јаделе свашта, нека дојдат и јас ќе им направам план на исхрана и 100-% ќе ослабат ако го следат. Друга работа е што не се согласувам со ниедна диета која е наменета за поголема група луѓе. Како пример ќе ја наведам "Диетата на Жан Митрев" за која тој тврди дека никогаш не ја напишал. Ја следеа неколку мои познаници кои добија анемија потоа, а ефектот беше јојо. Веднаш штом престанаа килограмите се вратија. Нема играчки со исхрана. Јас од 92кг стигнав до 68 со фитнес тренер ама вистински. Ми направи програма за мене. Зато што имам алергии на одредена храна. Затоа што не можам да јадам се што се смета за здраво, можеби си платив дебела сума ама немам вратено килограм. Вежбањето ми стана рутина, Ана не ви ги кажува некои од работите затоа што не сакате да ги чуете. Затоа и мислите дека со малку поздрава храна и 20-30 мин вежбање ќе ослабнете. Прво се поставува реална цел, а потоа се бара начин како да се постигне, а не чек да видиме аха уплатиле 200 души, еве ви мени, еве клипче со вежби, фала, бацки до вас Армијо. Не велам дека немате ефект или дека нешто лошо е сето тоа, ама некако посериозно јас ги сфаќам работите со исхрана и вежбање. Затоа што многу начини испробав и многу искуства се изнаслушав. Јас пробав само со исхрана, само со вежбање, со исхрана и со вежбање. И не успеав додека не видов кај грешам. Прво не вежбав правилно, среќа имаше кој да ме види и да ми го каже тоа. Второ потребите за храна се менуваат во зависност од тоа колку вежбаме, каков ни е организмот. Не може да почнам со нешто и ако не ми одговара да го терам тоа упорно. Голем дел од фитнес тренерите упорно тоа го зборуваат, еве заследи го тој Душан од Србија. Ми изгледаше на обичен дрдорко набилдан со стероиди, меѓутоа откако мои блиски му платија и следеа сѐ што им кажа успеаја да добијат сериозна форма, не зборувам само за слабеење. Значи човекот 6 пати му смени на братучед ми, а 7 пати на другарка ми што да јаде, цело време ги следи, се сликаат, му праќаат, многу посериозен е пристапот. Ете чист пример е тоа дека многу луѓе можат да ослабнат, ама мускулатурата да ја зацврстат е тешко. Многу од батките во теретаната со огромни бицепси и цело стегнато тело имаат лабаво стомаче затоа што не е воопшто едноставно. Мастите од стомакот последни се цедат, а ако го исцедиш стомакот ризикуваш да олабави цело тело и да личиш на стапче, ни задник ништо да не ти остане. Затоа недоверба имав кон овој Душан, ама откако видов каков ефект добија мои блиски ми се смени мислењето. Потоа имаше еден од Скопје, Ице мислам се вика, не можам да го најдам на инстаграм како беше, види ги трансформациите на неговите клиенти. Значи ти зборувам за нешто повеќе од обично слабеење. Мускулатурата е многу важна, а со некои такви пробни исхрани се коцкате да се зафркнете.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.493
    Пол:
    Женски
    Добро де, направи и ти програма, кој ти вика да не направиш. Зошто плукаш безвезе. Пак ќе речам, сите нека направат програми нека има за сите работа, пуна капа. И Ана мења храна и вежби во одреден стадиум, не е дека вежбаме само чучни стани 2 месеци. Не мораш да ја препорачуваш, ама немој ни да ја плукаш, зошто некој ќе те прочита и ќе си направи погрешна замисла и нема да проба.
     
    На senjorita-v и andrejko82 им се допаѓа ова.
  15. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Па ако некој несака да јаде пилешко, ќе замени со друг соодветен протеин. Ако не сакаш јајца, ќе замениш со сосема нешто друго.
    Не може здрава храна да ти делува лошо по здравјето.
    Јас сум пробала све и свашта, и кај нутриционист одев, и повеќе гладував тогаш него ли сега. Овошје за доручек и чорба од домати за ручек нема никогаш да ме најаде!
    За разлика од се што сум испробала, ова ми дојде ептен ко добредојде.
    И јас ја хејтав се до Мај, дадов шанса да видам зашто е толку “досадна” со нејзините сториња и убедувања да се приклучиме. И тоа ми е најдобрата одлука некогаш донесена!
    Верувам дека со ништо би ги немала овие резултати, и од јутјуб вежбав порано ама резултат минимален.
    Доста е хејт.
    Никој сосила никого не тера да уплаќа и да се води по нејзините програми.
    Нам на кои ова ни годи, ќе си продолжиме. Немора стварно стално да се коментира дека се лажеме по некои си ефтини програми од некој кој поим нема од ова. Не е воопшто така.
    Оставете простор за споделувања искства со Ана, наместо да убедувТе некого зошто не би требало да уплати кај неа.
     
    На BY<3 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.493
    Пол:
    Женски
    Чек да прашам, Инстафит лвл 2 вежбаше некој тренинг со Ана? Како? Изгинав со првите вежби, умрев! Само шпринтот го направив до крај.
     
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Да јас, и да тешки се. До сега само вторник не го можам. Вежбам со Кике :D
    Инаку ги читам коментариве и :@ Што ви е бе луѓе за 1500денари да не сакате Ана да дојде да ви готви хахаха. Колку пари толку музика. А реално за тие пари се исплати. Не е точно дека не се ослабува со 20мин вежабње, јас минатиот инста фит не се водев по исхраната си се хранев по мое и вежбав секој ден. Значи секој, немав пропуштено тренинг, и сликите пред и после 12 недели се вау.
    И уште нешто овие што си мислат дека ако платат повеќе ќе им дадат персонализиран план за исхрана хахахахахахахахахахахаххаххаха
    Драги мои, нутриционистите си имаат планови и прават мали промени од човек до човек. 100% проверено. Во моево фитнес патување и вложување кон здрава исхрана имам платено кај многу нутриционисти. Од кои и една мнооогу позната докторка и професорка, за чиј план лупнав 5000ден, планот беше ист ист ист како на мојата колешка од работа. Со многу мали измени. Така да не влагајте во филм....
     
    На sunshinebabe, andrejko82, Lavender4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.493
    Пол:
    Женски
    Леле лвл 1 се трпи, лвл 2 е убиство. Можам цела недела лвл1 и 2 ама дојде ли сабота, умирачка.

    Коа сме до тоа колку се вежба, никој не ти крати да вежбаш и двата левела или и по 2 пати да ги вежбаш. Јас првиот предизвик вежбав двата левела и некогаш и по 2 пати, ама па тогаш имав најмногу резултати. Речиси пола и поише од изгубените кила ги симнав тогаш.
     
    На sunshinebabe и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Луѓе бе не ви треба програма.
    Не јадете многу леб(заменете со црн) теста, грицки, чоколади и благи.Пржена храна заменете ја со печена или air fryer,јадете многу зеленчук, протеини. И масло маслиново исклучиво. Млечни производи на минимум, заменете со растително млеко. Имате тестенини од леќа, наут. Ако јадете туна земете од онаа во сопствен сок. Од јагленихидрати Ориз, компир, киноа за ручек со некое протеинче.
    Еве ви бесплатна програма од Ким. За рецепти гуглајте си.
     
    На raww и DarkStormm им се допаѓа ова.
  20. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Остај. 1500 е членство во теретана. 6000 персонален трнер, суплементи преку 6000 месечно. Храна за дома не рачунам, многу е. И никој не може да ме убеди дека без сето тоа си на прав пат. Последната година не плаќам за фитнес тренер, ама си терам сама се што научив од него. Ако не си нешто многу дебела можеби ќе има ефект од Ана и нејзините програми, ама долгорочно да се одржува човек во навистина добра форма не би рекла дека е доволно. Без суплементи, без напорен тренинг во теретана тешко да се направи прогрес.
    А реално за исхраната во право си, тоа е тоа отприлика. Едино треба да се подели на порции, да се распореди од се да има точна количина.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.