Малку ке сум офтопик можда, ама ја листав темава и наидов на мислењево за зелен чај. Го пијам секојдневно, па ме интересира зошто ретко кој го поднесува, освен поради големата концентрација на кофеин? Баш сакам да обрнам внимание на промени.
Тахикардии и проблеми со варење знае да направи. Па не ја споделуваат цела програма. Не е во ред. Се однесува на сите и на тие кои 10 души коростат еден.
Девојки, има ли некоја како мене што не мрднала на вага во 1ов месец? Вежбам се по пропис, тренинг немам пропуштено, и 2 пати имам сменето оброци пр. тоа што е за среда сум го јадела во вторник и ништо.. Еден ден се мерам 2 кг помалку, утре дента пак се мерам, сум ги вратила.. Ептен се разочарав. Единствено што е добро од првиов месец е што се осеќам постегнато, целулитот ми е намален и можеби во обем да сум малку намалена.. Ама ова со кг ептен ме демотивира, што не паѓаат ама ич..
Не знам каков е тренингот ама мери обем. Можи вага да не мрдни, а тело скроз да ти се смени. Кога вежбав тежински то ми се случи. На вага почнав и да качвам кила, а во обем намалвав и заменвав масно ткиво со мускул. Килата се само бројка. Не се апсолут шо мора да го намалиш. Види како личиш. Еве велиш се стегна, подефинирана дека си. Зато и ова ти го кажвам.
Ме чуди дека имам кг за симнување а не одат, туку си стојат. Да немав за симнување ќе се радував на овие досегашни придобивки што ги пишав погоре.
Те разбирам. Вервај. Ама можиш да имаш бројката шо ја "сонуваш" а да немаш телото кое сонуваш и обратно, да имаш телото кое сонуваш ама не и бројката на вагата. Зато и велам вагата не е важна ако гледаш дека имаш промени на телото. Чим го прајш ова, го прајш за телото. Низ годините шнајдерско метро многу ми се најде. 50 денари а со години го имам. Подобар показател за до кај си нема. Друго ако сметаш дека стагнираш со промени/ на вага види колку калории внесваш, намали малку. Не многу. Малку намали. Или зголеми интензитет на вежби. Така ќе го извајш телото од стагнација. Ама пак ќе ти речам, ако гледаш промени - не стагнираш. Оти телото е знак дали има промена, не вагата.
Можеби структурата на храна и вежбање не ти одговара тебе лично и на твојот организам и тело. Не може еден тренер да има една иста програма за сите. За почеток пробај барем по 10 минути зголеми го тренингот. А и може на почеток не се симнуваат килограмите кај тебе туку после одреден период нагло ќе ти покаже на вагата. Потоа, доколку не ти одговара тој вид на исхрана пробај да си дадеш до знаење себеси што е најдобро за тебе и на психичка база. Тоа што те прави среќна и сакаш да го јадеш, но во помали количини комбинирано со тренинг пет пати неделно (има премногу видеа на YouTube) сигурна сум дека би имала многу побрзо резултати.
5 пати неделно вежбам, толку тренинзи има во програмава. Е можеби грешка правев што прескокнував ужини и вечера. Дали во месецов 2 пати имам вечерано и 2 ужинки изедено. И можеби затоа наместо да ми троши телово складира... Негде правам грешка.. каде не сум сигурна.
Да баш така. Јас па воопшто не се замарам со мерење додека важбам затоа што не ми е целта да намалувам килограми туку дефиниција на телото. Кога вежбав активно во теретана телото супер ми се дефинираше бев задоволна од резултатите дури и покачив килажа заради муслулната маса.
Супер е тоа се, ама јас имам за симнување.. сакав да симнам барем 7-8кг и после тоа нека се прави муслулна маса.. ама вака…
Ама можиш и паралелно да киниш сало и клаваш мускул. Не мора едно па друго. Исто ко @Guns N` Roses шо кажа, и јас вежбав тежински и почнав да клавам кила. Сало горев ко ненормална и заменвав со мускул. Тој тежи поќе од таму "поќе" кила. А уствари телото трансформација и пол. И дур на тренер се жалев шо прам грешно шо одам нагоре. И ми се изнасмеа. Со право додуша.
Дома, вежбаш или во теретана?? Не знам какви вежби се вкчучени во програмата, може не согоруваш доволно калории со вежбите. И еден месец е малку за да очекуваш резултати, освен ако не гладуваш.
Продолжи со истиот режим не се откажувај, резултатите ќе бидат долготрајни и кога еднаш ќе ги намалиш тие килограми ќе знаеш дека се навистина тоа, а не вода.