Дома вежбам по програмава… Проблемов е што никако неможам да симнам кг веќе цела година. А пред тоа без проблем симнував и тоа без вежбање само со исхрана. И тоа е плус што ме демотивира. Мислев дека ако почнам по програма ќе почнам да слабеам, ама тешко.. претешко..
Кога вежбав со Ана од програмата од февруари во вториот месец нагло скинав кг, во првиот ич иако се осеќав дека има разлика
Се вртам во круг, ќе симнам, ќе ги вратам, пак ќе ги симнам 2-3 пак ќе ги вратам.. и вака цела година
Вака никој не може да ти даде конкретен совет.Треба да си видиш што јадеш, колку, дали пак си се враќаш на стари навики откако ќе симнеш некој килограм, дали се ослонуваш на брзи диети...тие работи се најбитни.
Јас те разбрав само дека еден месец си на програмата. Штом вежбаш дома претпосравувам дека не се некои вежби со кои може да се согорат доволно калории, можеби внесуваш повеќе од што трошиш со оглед на тоа што некои членки качуваат дека оброците и се доста големи. Не ја прашаше нејзе зошто не ги постигнуваш очекуваните резултати. Реално ако не ти одговарала програмата требало да ти ја промени сепак нели е нутроционист и фитнес тренер.
Точно си ме разбрала, само 1 месец вежбам, ама кажувам дека уназад 1 година имам проблем со симнување кг, само со исхрана. А предтоа не ми било проблем.
Ако пред тоа не ти било проблем а сега наеднаш ти е, исклучи прво и други фактори, на пример хормони/тироидна.Под претпоставка дека сега не јадеш повеќе или се движиш помалку.
Хипотироидизам имам веќе 6 години и си пијам терапија и во граници на нормала ми е моментално. Но до лани слабеев кога ќе бев на диета. А сега ем вежбање, ем ксхрана и ништо, ни грамче.
Во тој случај сигурно правиш нешто поинаку.Можеби исхраната е здрава ама јадеш повеќе од што трошиш па не приметуваш.Убаво е еден период да ги броиш калориите чисто да видиш до каде си и да имаш претстава колку внесуваш.Малку е напорно, ама на пример на myfitnesspal има многу различни јадења и ќе се снајдеш.
Можеби ти е малку тоа, вежбите или времетраењето. Пробај вежбај или со поголем отпор или повеќе повторувања или повеќе серии. Не знам каков тип на вежби дава за точно да те насочам. На пример, на Клои видеата се по 10-15 мин, но едно видео беше малку за мене, па комбинирав по 3-4 видеа и правев еден тренинг и имав резултат. Се надевам ме сфати во кој контекст ти зборувам.
А какви се тие посебни вежби за слабеење, посебни за ставање мускул? Ако мислите на кардио наспроти вежби со отпор, и во програма за слабеење и во програма за мускулна маса треба двете да ги има.
Мрдната на вага, ама во обем ич. После првиот месец сум - 3кг, одвај. Ама во обем немам промени. Јас имам вишок 15тина кг за симнување, ама и стомак со вишок кожа после два царски. Вежбите кај Ана од едно ниво ми се некако малку, па вежбам две нивоа, плус кардио, саат време тренинг ми се фаќа. Во деновите за одмор вежбам кардио, а во недела плус полa саат вежби за истегнување. И пак нема промени во обем иако килажа иде надолу. Не ми одговара водата со ѓумбир и лимон, после неа цел ден ми жежи желудникот, киселини ме отепуваат и не ми се јаде и многу малку јадам, па како последица од тоа ми се успори метаболизмот ептен Спојлер до степен на три дена да одам асално во тоалет, а претходно си бев редовна, по два до три пати дневно. Ај ќе видам вториов месец како ќе биде.
Кај мене пак обратно. Си приметувам промена во формата на телото, во обем се мерев сум околу 4-5цм намалена, ама во кг не оди и не оди. Инаку јас по 1 левел вежбам, не вежбам плус. И прескокнувам ужини и вечера. Незнам дали е до тоа проблемот.
Јас ужини не јадам, вечера кога како, кога има месо за вечера, обично јадам веге верзија, т.е само салата. И за ручек често практикувам чорби, компир иако е по менито не сум јадела. Не дека не сум згрешила, се случија неколку грешки, еднаш и пиво пиев, ама тоа не е секој ден. Затоа ми е чудно што немам намалување во обем, плус и многу помалку јадам. Или организмот ми штеди, или нешто друго е во прашање.