Затоа мене лично не ми се свиѓаат програми без никаква основна теорија да подучат општи работи кога почнуваш да вежбаш. Не е само еве ова јади и еве ова вежбај а ти појма немаш зашто накачуваш маса кога сакаш да слабееш. Затоа поназад реков, вакви програми кај што не се помачиле да стават едно кратко документче од неколку страни за бејзик теорија се за луѓе кои имаат веќе основа од фитнес, не апла почетници. Или барем нека одвојат време да состават таков документ и нека го стават со секоја програма. Јас со вежбање од 55 на 60 накачив од лани, (иако примарна цел имав да ослабам) а во тело сум бајаги променета на подобро и метаболизмот ми е забрзан па сега и во периоди кога се опуштам не се поправам како претходно што ми се случуваше. Не велам ни за тебе конкретно, само сакам да кажам дури и рекреативно да се бави некој, основни познавања се многу важни за да нема вакви збунки. А кога некој решил да биде фитнес тренер и да тренира други, не е лошо да каже конкретно дали може апла почетници да ја користат програмата или како што реков да стави неколку странички со објаснети основи. Чим имаш промена во тело, добро е. Може ако вежбаш само кардио ќе губиш килажа брзо, ама формата после слабеење нема да е таа таа. Затоа требаат и двете. Во случајов со кардио + тежински може да е поспора промената во бројки, ама во конституција, кондиција, метаболизам, сила ќе биде подобра отколку само со кардио пример.
Ќе бидее,полека и без разочарување. Јас во мај кога почнав бев така, намали 1 врати 2 кила.. Еве денес со -15, не се депремирирам за бројките веќе. Да, сакам да сум под 70кг ама знам дека треба време .. месецов 2 кила симнав, денес ко за последен ден од прв месец ми беше чит деј ол деј лонг, утре ако се измерам секако истата килажа ќе ми ја покаже Само трпение, процесот е бавен но 100% со позитивен резултат!
Не вежбај секој ден. Грешка е. На телото и самите мускули им треба одмор и регенерација. Пробај со спирулина и ладно цедено ленено масло на гладно во малце сок, за пробавата.
Ги видовте месец 2 вежбите за понеделник и менито за цела недела? Перверзија! Едвај чекам да извежбам вечер. Јас првиот месец симнав само 2 кила што ги имав качено после летните предизвици за 2ипол месеци, ама во обем стомакот најмногу летна и немам веќе спојлери воопшто, струк ми е дефиниран ептен. Имам уште 10тина кила до крај, ама и многу за дефиниција бидејќи имам раце крупни, да речам свадбарки ете, ми се намалија рацете ама свадбарките висат, а тоа ќе се среди само со вежбање. И стоамакот е критичен, и тој ќе треба работа за да се намали. Не сум сигурна листовите дали некогаш ќе се намалат, ама ќе се потрудам. Да бидам искрена само 1 ниво е ок ако си активен преку ден, ама ако си пасивен си сака повеќе вежбање. Јас сум да речам средно активна, движам онака основно ниво да речеме. Супер ми се двете нивоа и доволно ми е да се осетам дека сум вежбала. Кога почнав со ниво 1 првата недела не осеќав ништо дека вежбам, следната недела ниво 2 исто беше лабаво, е со модификациите и двата левела наеднаш веќе осетив и видов први резултати. Сепак 20 кила за 6м не се малку и очекувам да стагнирам сега подолго и не се замарам со бројки се дури не одам нагоре на вага и во обем. Факт е дека не може секому да му одговара овој план на исхрана и вежби, ама и во групата на ФБ се збори за истото, некогаш не можеме да си ги согледаме грешките и мислиме дека не правиме ништо погрешно а не слабееме. Имаше една девојка која пиша пост и Ана ја замоли да постира оброци и рутина, на крај излезе дека девојката има доста грешки кои и самата не ги согледала, така да нам може ни изгледа нешто правилно а сме грешеле. Јас најчесто сум строга и кон себе, па знам да искоментирам, ама со правење отстапки нема успеси. Јас пример не сум љубител на овесни каши, ама еднаш ќе замижам и ќе ја изедам, еднаш неделно е, ама нема да заменам уште од прв ден оброк зошто сигурно Ана со причина го ставила. Важно е да следиме она што ни се дало и да не пропуштаме тренинг, зошто ако правиме по свое не е виновен планот туку ние самите. Мое мислење, може не сум во право.
После втор месец, а веќе после третиот нагло ослабнав видливо. Само по програмата вежбав, и тоа не секогаш сите денови..
@AngelOfArh Уфф се исполигавив на менито ко мало дете. Не знам што попрво да испробам, основно или веге, ама ова мени досега ми е нај перверзно од сите
Јас првата недела одам строго по менито, следната менувам тоа што не ми се бендисало или едноставно исфрлам. Кашава од банана е превкусна, ама мислам дека следен пат ќе јадам обично овес со јогурт и банана одозгора. Не дека не ми е вкусно, превкусно ми е, ама за мене доручек е нешто соленко, благо не ми е доручек. Дефинитивно оваа програма и е врв, се има посветено ептенски.
Јас денешниот ручек со утрешниот го заменив,и не, сендвичот со туна никогаш не би ме додржал повеќе од 3 саати, ми се рикаше од глад дури дојдам од работа А мм ме пречека со пица дома паааа... следен пат ќе го скокнам овој ручек за да нема пици за вечера останатото и е супер. Ма да мене најмногу смутињата ме радуваат, сникерсот и тоа од првиот летен во вторник што го имавме, би ги пиела секој ден за секој оброк
Јас на сендвичот со туна денес додадов огромна зелка салата место марулката. Јас јадам повеќе салати од тоа што е зададено и не грешам сигурна сум во тоа. Нема утка од салата, само да не е презачинета. Леле вчерашниот ручек како си го пропуштила не знам, топ беше.
Денес го јадев, и да ептен добар е. Дури и појадокот го заменив со смутито со јагоди, ама утре печурките мора да се пробаат. Знам ќе ме освои тој појадок.
@Chanell* @AngelOfArh Ве тагнав и двете пошто знам дека сте мајки и двете јас би ве замолила да ми кажете како се организирате околу програмава јас лично платив за февруари март и април ама никако неможев да се организирам со дете и обврски и само си плаќав , сеа гледам има нова група сакам за се пријавам ама некако несакам пак само да платам и ништо да не направам а стварно имам бар 10 кг за симнување ако не и повеќе
Па побрзај ако сакаш да се пријавиш, јер до недела е мислам. Не знам искрено како изгледа тоа да платам а да не го користам и стварно ми е чудно, или сум ептен скржава да се деси тоа нешто. Јас сум ти тип ако платам има да го користам, пењал се не пењал пари сам дал (ако ја знаете приказната за бугарите и сапунот). Мојот ден изгледа вака, станувам во 6 сабајле, ставам на рингла тенџере со чај, што за здравје што за лепота, пијам чај од ловоров лист, ѓумбир и цимет со сок од лимон,на другата рингла варам чај за дете, тој брзо бидува па до тогаш спремам за мене ручек и доручек, најчесто од вечер нешто е припремено па само да доправам или ако е за правење месо ми е одмрзнато и така натака. Муабетот ми е, за 40мин сум тип топ спремна со доручек, ужина и ручек за мене, чај и нешто за грицкање за син ми. Во 6.40 будам дете, го оставам да се облече и се облакам јас (спремам се во пиџами), давам чај да испие дете (чај правам појак со помалку вода за да додадам ладна вода и лимон да го испие млак да не мора да го чекам, витамини и сирупи и некоја грицка во рака (бисквита, колаче, овошје... било што пошто оди рано во градинка а доручекот е доцна) и излегуваме од дома најкасно 10 за 7, се случува да стане и сам порано ко овие неколку дена па не брзам толку многу, го носам пешки до градинка и се враќам назад дома, тоа ми е екстра активност и не ми е мака. Откако ќе спастрам дете во градинка, дома се мијам, се шминкам, се преоблакам ако сум облекла нешто за по дома одсабајле, пакувам се по торби и ташни и фаќам точакот за на работа, на работа сум најкасно 15 за 8. На работа сум до 3ипол-4, дома сум најчесто 4.15-4ипол пошто идам по дете и некогаш пазарам пред одење дома, давам на дете нешто да јаде, зависи во градинка колку јадел, одмарам малку и денот почнува повторно дали со спремање ручек ако немам спремно или со вежбање зависи од тоа кој ден е, односно 2 пати неделно носам дете на гимнастика па гледам тие денови да имам спремно ручек па најкасно до 5 да извежбам за да однесам дете на гимнастика и тој час ми е одмор пред да започне денот по трет пат нели. Зависи ако носам дете на гимнастика по враќање правам вечера, вечерам и почнува да се спрема за следниот ден, па се туширам, а ако не носам дете тогаш малку подоцна вежбам односно одмарам подолго после работа и после вежбање правам вечера, се спремам за следниот ден и дури после се туширам. Секогаш се туширам дури откако скроз ќе ми се олади телото, због заради да зачувам срце, никогаш не се иде под туш веднаш после вежбање. Е сеа, јас вежбам 2 видеа, и лвл1 и лвл2, плус правам долги видеа за загревање и истегнување. Шетањето до градинка/гимнастика и дома го ставам во екстра трошење и ми е супер, се трудам и ако немам попладне некои активности со дете да излезам до некаде или да го однесам некаде, како денес на пример кога е ден за одмор ќе отидеме да прошетаме или да го однесам до кај другарчиња да си поигра а јас да се раздвижам малку. Дете заспивам во 9ипол-10, јас останувам будна до кај 11 да средам кујна, да наместам се, да раскренам и после легнувам зошто во 6 почнува се јово наново. Е сеа, летово ова се правев со тоа што секогаш имав од вечерта спремно се само да вежбам насабајле за да немам обврски после доаѓање дома зошто стандард дете сака надвор и или вежбав во 12 што не е убаво или се нервирав. Ус тоа имам активен живот со пријателки/другарки, читам книги, гледам серии и комуницирам доста со моите на телефон. Тоа би било то отприлика.
Браво бе мајка па ти си стотка активна од 6 аабајле до 11 навечер плус на работа одиш со велосипед супер само браво можам да ти кажам јас не би издржала морам да признаам помрзлива сум Навистина ти благодарам за напишаното
Јас одам на работа во смени, од 8-3 и од 12-19. Кога сум прва смена доручек и ручек спремам навечер, откако ќе заспијат децата. И да е омлет, го правам одвечер па во алиминиуска фолија во фрижидер, сабајлето лимоните и појадокот во ранец и одам. Ручекот е спремен исто одвечер, ако е месо за печење ставам во фраерот и за 20мин е готово, ако е манџа се вари дури јас раскревм по дома или вежбам. Вежбам навечер во 11-12 зошто жими тогаш е тивко и никој не вика по мене Од новиве вежби немам вежбано, овие три дена сум катастрофа, од понеделник наново, ќе се ресетира неделава. Сега заспав деца, па план ми е понеделник и вторник заедно да ги вежбам, зашто денес јадев благо, јака криза ме фати, па да се оправдам малку од малку. Да плаќам а да не користам програма нема шанса, јас сум во план секоја програма нејзина да ја купувам и да се водам по неа
И јас си мислам така дека единствено време кое ќе можам да си дозволам за вежбање преку неделата е после 10-11 кога ќе заспие ќерка ми пошто како што кажа ти кога сум дома цело време е врз мене буквално . И подобра организација ао јадењето и тоа како што кажавте ќе треба да се припремам унапред за да не се мислам Ти благодарам и тебе за одговорот
Не ви пали да наместите до вас дете да вежба? Јас му ставам едно ќебенце и таму си вежба со мене барабар и топ ми е. Башка детето има и татко, се занимаваат дур јас вежбам, а ако не е дома пуштам тие саат време цртани или видеа да гледа. Нема шанси да пропуштам тренинг.
Не пали моето во јануари ќе наполни 2 години и ништо не е интересно ако нема некој до неа особено мама само оди по мене или сака во раце или ми вика чучи да седнам за да ја занимавам така да тоа е фаил опција уште од старт
А да ја занимава некој дур вежбаш, не е којзнае колку, пола саат максимум 45мин. Не мора да ги вежбаш и двете видеа, јас двете ги вежбам и ми одзема 1час.