Големата сака и интересно и е, а бебево е 9 месеци, во фаза на лазење,качување, па не, никако не е опција да е до мене. Кога беше мала да, лежеше и ме гледаше, ама тогаш беше 3-4 месеци, сеа шанса нема така мирна да седи. Навечер ми е топ. И на раат туш и се, мераклиски
Јас само да кажам дека почнав од денес ќе видиме што ќе биде денсска како за прв ден мотивација 100тка хаха ќе видиме понатака Сабахле ккга се качив на вагата има што да видам шок одамна ја избегавав затоа што знаев ќе се разочарам хаха абе не 10 јас 15 сум имала за симнување... Си реков два месеци не се умира има да издржам што сака нека биде и така Поздрав до сите се надевам ќе се подржуваме и мотивираме заедно П.с.полесно е кога знаеш дека не си сама
Само да не биде 2 месеци, да остане навика за цел живот да вежбаш, да јадеш здраво и да живееш здраво, оти за 2м ако се вратиш на старо нема да има никаков ефект и ќе изгубиш само 1700 ден, ништо друго,
Ќе видиме step by step мене слабеењето не ми е ништо ново јас цел живот се борам со тоа само што до пред да останам бремена вешто се борев потоа си реков дека нема да се скратувам цел живот ќе мислам после бременост и евњ после бременост 2 години хаха тоа е битонда се почне од некаде
Мислам дека веќе 2 живота со тоа се мачам, не еден. Конечно успеав да ослабам и да сакам да го правам тоа без да прекинам, вежбањето не ми е мака или уште една обврска што МОРА да ја завршам, туку сакам и се трудам тоа да е точно како што треба изведено.
Јас од денес почнав се надевам ќе има резултати, имам околу 10тина кг за симнување Би сакала да прашам, што може да биде замена за урда, јогурт и грчки јогурт? Воопшто не јадам млечни производи, хелп
Откако ќе заспие спремам јадење за наредниот ден,и најчесто вежбам,А некогаш вежбам и со неа,и е многу интересно .На програмата од Ана сум веќе 2 месец и сум задоволна.Не сакам да се мерам,односно не дека се немам мерено пред да почнам и по завршувањето на првиот месец и имав симнато да ама не се оптоварувам толку со мерење.Алиштата односно пантолони што не ми чинеа пред да почнам да вежбам сега ми чинат и тоа ми е доволен доказ дека програмата има ефект. Пред да почнам да вежбам ми беше открено проблем со тироидната,за 10тина ден сум на контрола па ќе видиме резултати. Иначе ми се допаѓа програмата на Ана,баш ради тој режим на исхрана и вежбање,бидејќи си се знам себе и ако немам некој контрола од страна знаммногу пати да потфрлам што и се одрази на мене со покачување на кг. Рецептите ми се супер,јес да во првиот месец има многу јајца и ми сметаше малце,во овај 2 месец нема толку,па здравје за 3-4 месец ке правам сама комбинации од двата месеци. Исто така вежбам,со 1 или два дена пауза во неделата и најчесто вежбам по две видеа односно тренинг од понеделник+тренинг со стомачни итн.Можеби е многу не знам ама само едно видео од 20 мин сметам дека не мие доволно.Едино што имам замерка е и што овај ИнстаФит ми е премногу фокусиран на задник ,очекував повеќе кардио вежби. И едно прашање дали Ана ќе стави за денеска заменски оброк за вечер паста со ракчина? Не сум готвела ракчина и не сум јадела и не знам дали ќе ги јадам,
Сама го чуваш? Татко му не може да го чува? Моето е големо, ама кога било мало исто било, чувал тато дете исто ко и јас. Сега додуша спремам сабајле во 6, пишував погоре како е мојата рутина, спремам доручек и ручек, чај, ужина, за дете чај нешто за грицкање и будам дете, се спремаме одиме во градинка па после се враќам да се спакувам и одам на работа. А зошто не пробаш? Одма се откажуваш. За се има прв пат. Јас прв пат пробав ракчиња на 30 години па ги пројадов, сега ги јадам секогаш кога сум во можност. Ги обожавам. Иначе секогаш можеш да замениш вечера или да смениш со друга риба.
Еве и јас синоќа спремав, дете касно заспа некаде 20 за 11 толку ме мрзеше ама си викам ај морам да издржам денес за ручек копанчиња ама јас ке јадам стек неможам копанчиња ги правев во airfryer убаво испаднаа па денес ме чекаат после работа готови
Јас купив 3 програми уште на почетокот на нејзината кариера намалив 15кг за 4 месеци и се супер ама кога престанав одма ми се вратија килата што е очекувано а и моја вина има. Се што се намалува брзо, брзо се качува. На интернет можете да си пресметате според висина, тежина и физичка активност колку калории треба да намалите. Така да една програма не може да е најсоодветна за цела група. Ластиците и се прескапи морам да кажам. Мене ме нервираше што си имаше омилени членови (оние што ја рекламираат) и само нив им обрнуваше внимание а мене не ми ги отвараше пораките. Ако имате мотивација истите рецепти ги има на youtube заедно со вежби. Според она што забележав Ана најмногу црпи инспирација од Chloe Ting.
Скапи и се, ама и од Али и од друго место што имам земено, не ги бива, ги немам пробано нејзините да кажам искуство, ама ко што гледам кога вежбаат жениве стојат не се собираат, а моите и двата пара се собираат ептен. Така да не знам, можда вреди. А програмите не и се скапи.
@AngelOfArh да сама ја чувам мажот ми е шофер и навечер сум спреморена.Кога беше помала можев се сега буквално ништо
Моите ластици ги купив од продавница за медицински помагала за околу 350-60ден и супер ми се. Програмите да, не се скапи, ама за нешто што бесплатно можеш да го најдеш на интернет зошто да платиш. На почетокот јас си велев ако платам ќе вежбам (бидејки нели пари се дале) ама ете и без да платам можело
Гуд лак! Е тоа е друго. Ако имаш опција хранилка до тебе, па дај и суви макарони да си игра или сензорни игри на хранилка додека спремиш, стварно не е многу, максимум 1ч за се, јас за 40мин спремам чај, доручек, ужина и ручек, пакувам, мијам, готвам, се во тие 40мин.
Девојки каква гранола користите? Не сум во можност да направам домашна, а знам дека од купечките многу се со екстра шеќери па се прашувам која е подобра
Барај таква што има помалку од 7гр шеќер, идеално помалку од 5 гр, на 100 грама производ. Мислам дека Виталиа извадија едни нови што се ок, ама не зимај било што, подобро скроз занемари ја па додај повеќе мед, овес и јатки место гранола. Уф ама ми фали тој појадок, ќе го направам некој ден за појадок сега во вториот месец.