Ластиците нека не те лажат дека се специјални, прескапи се, неоправдано. Имаш во сенсеј во ист гејт, 299 денари, три тежини. Гледам од онлајн продавници има и со 5 тежини, за 400 денари. Не ги измисли Ана ластициве, пилатес вежбите се сите со ластици.
Касно е мила, дури фебруари има најава, пред една недела имаше отварање и сега дури фебруари. Имаш исти ластици и во Ранерс и низ страниве на инста онлајн шопинг, јас од Тиверио ги земав, пишав, не ги знам нејзините какви се, ама моите не чинат. Имам и од Али и од Ранерс, исто, се ролаат при вежбање.
Ана ги викнала на снимање, пола тајни и ги издадоа од снимањето. Не е темата за тоа, ама секоја тема е погодна за вакви работи, те колку луѓето се гребатори. И тоа се постарите теткици, алапачи, одма све да разлаат. Срамота! Стагнирам инаку. Јајцата со овес... ох Господи, што ти згрешив? Од волку јајца, ќе почнам да крекам.
Ти на бути си или на фит? Стварно не знам кај глеаш толку многу јајца, 3 пати неделно се по 2 јајца ако ја вклучиме и саботата.
Јас вежбам долго загревање и долго истегнување и двата левела што е околу 45 минути плус минус, значи отприлика 1 час дневно. 1 левел е околу 20мин.
мене 20мин, не се загревам и истегам. Немам толку време, а баш би сакала Вториов месец ниту еднаш немам вежбано, ај ваљда од денес ќе почнам.
Околу 40 мин ама ги правам кратките видеа за загревање и истегнување, и меѓу некои вежби имам поголема пауза оти сум ептен задишана
Колку месеци добивате со едн ауплата, два или три? И уште едно поважно прашање... Дали со едно купување на програмата вежбите ти се достапни засекогаш? Значи ако завршиш еден круг од 3 месеци да можеш да си ги почнеш од почеток?
Фала. Сакав споредба да направам како работи она во однос на америчките онлајн програми. Ама алал да ѝ е на бизнисот што го тера. Јас уплатив 3 месечна америчка програма за 45 долари, но еднаш плаќаш, имаш пристап засекогаш.
На програмава сум месец, 90% се придржувам на исхрана и немам испуштено тренинг, ни килограм немам мрднато. Се преразочарав
Со Ана од Мај, од 83 кг до 68 моментално. Немам вежбано овој месец, намалив само 3кг овие два месеца. Пробај 100% да се придржуваш, ќе приметиш разлика. Јс знам да дадам 100% од мене има да бидам маЌеипол ама никако да запнам. Сега декември и јануари пак од месец 1 ќе си ги почнам, па се надевам до 65 да стигнам..
Како може вака да демотивирате некого? Не може да не и одговара програмата, мора да е проблемот во неа? Ве разбирам дека сте воодушевени и некои едноставно сакате да терате така, ама сфатете дека не секому му одговара. Ти си ти, можеби она не може заради нешто.