Затоа што да не вежбаш ич и да јадеш само со калориски дефицит па ќе имаш бар 1 грам намалено, а не па 90% да се придржуваш и без еден пропуштен тренинг. Извини вака. Ко девојкана што пишуваше во група дека од 1 пица и палачинка качила 4 кила, не сме деца да се лажеме.
@Emilija97mk и јас исто немам рез никакви ниту во обем, ниту килажа.Преразочарана сум.Гледам мн девојки имаат ефект ете не и јас! спортист сум на здрава исхрана, имам накачено некои 6 кг ради ..причини, реков да пробам кај Ана ама ништо не постигнав за жал.Што е проблемот незнам, грешка правам единствено нес што пијам по две денот
Јас сум на бути, ослабев 4 кг за месец ипол а планирав да накачам ) ... Но за мене тоа беше премногу месо. Пример ручек 250 гр месо и после вечера 300 гр стек. Дали е здраво да се јаде толку месо, па и јајца? Иначе овес, чиа, бадеми, ореви, салати, грав, леќа, манџи, хумус тоа е секако здраво и пожелно да се јаде според мене. Рецептите се убави, вкусни.
Имам заклучок дека повеќе ефект имаат девојките кои се на бути, во врска со месото сметам дека е многу и обично ги применував веге рецептите
За качување мускулна маса, да, тоа е исхрана за мускулна маса. Дали е здраво, не можам да кажам, ама дека мускулна маса бара протеин, бара, со леќа и грав нема мускули. Од моето скромно знаење, не сум фитнес експерт ама ко што гледам овие што готват прилично големи количини месо, риба, јајца користат. Не ја знам исхраната на Бути.
Се делеле награди. На слабите де, зошто дебелите кои ослабеле не е доволно. Ама стимулација. Па и сопствените правила да се кршат. Имаше девојчиња со сериозни резултати и тие беа тие кои треба да се стимулирани. Од етички причини никогаш повеќе нема да учествувам во ниедна програма на Ана. Ни се сликав, ни бркав награди, ама пресмешно ми е, сите три слаби и биле трансформации.
Имаше награди и за девојките на Инста фит, си го пропуштила тоа. За трансформациите од Инста Фит се гласаше минатата недела, имаше солидни трансформации кои си беа наградени.
Од секоја програма има награди, 5 девојки се наградени. Првите 3 парично а 2 со планер и ластици. Едноставно така функционира она а не само она туку и кај други колку што знам кои организираат вакви програми има ваков начин на наградување. Минатиот пат имаше патување во Занзибар.
Си заборавила да пишеш будала што би ти го дала менито гратис, а таа го платила. Не ви е срам за бедна сума од 20-30 евра да молите некој да ви го прати?
Почекај ќе има сега отварање во фебруари ќе си купиш програма. Не е во ред да се споделува и тоа е пиратерија, на страна што некој платил за тоа.
@СуперДевојка Не биди груба спрема членката, за некој и тие 'бедни' 20-30 еу и тоа како значат! А да напоменам дека на таа програма една девојка плаќа, пет ја користат . Членката ја оправдувам што си побара да се сподели, јас касно разбрав како ја користат,.инаку и јас би играла така !
Се изработува програма за секоја личност посебно спрема телесна маса и здравствена состојба пошто секоја личност има подруга реакција на исхрана, тренинг, стрес... Ако една исхрана ја користат 5 членки то е многу не професионално и можи да доведи до здравствени проблеми. Можда некоја членка е со инсулин па таја исхрана кајнеа ќе доведи до здравствени проблеми. Истото е и со тренинзите, некоја можда има дископатиа па несмее да ги прави истите вежби.
Зборуваме за на Ана Стојанова програмаата, јас ја платив ја имам и никој до сега ниту ме прашал колку кг сум, ниту болест дали имам, значи не е точно тоа дека се изработува индивидуално! За другиот дел се сложувам комплетно.
Ана заработува по 50к еу на отварање и сигурна сум дека го знае тоа дека ја делат девојките...и затоа не ѝ е ни битно, искрено.Не ме ставај во тој кош, поштено си платив!