Да ѝ е алал што смислила начин да заработува по толку или по повеќе. Тоа не ја оправдува постапката на тие шо делат програми. Ако сметаш дека е океј, слободно пушти ѝ го менито на членката.
Разбирам и во право сте. Но јас не барав некој да ми даде да користам јузер и лозинка за целосно да ја користам и да вежбам. Го барав само менито на исхрана
Па и менито е дел од програмата, не е посебно тоа достапно за сите. Почекај, кај да е ќе отвори нова програма ќе можеш да си платиш и да си ја имаш програмата.
Фебруари, нема сега.Вежбај нешто друго, барај на инста, на Јутјуб, на Пинтерест, редуцирај бело брашно и бел шеќер и чекај нова програма.
Како сте задоволни од програмите на Ана, се мислам дали сега да се пријавам па ме интересираше ваше мислење?
Со оглед на тоа што за 8 месеци имам ослабено 25 кила, и повеќе сум од задоволна. Од пред празниците некаде не пазам стрикно, не вежбам толку многу како претходно и плус бев и позитивна на ковид и качив 4кг кои беа само во стомакот налепени ми се чини, за 10 дена макс ги симнав со пазење исхрана и вежбање секој ден. За мене најдобро потрошените пари ми се вложувањето во програмите на Ана и во новиот начин на живот.
Дали можиш да ми објасниш за тоа ниво 1 и ниво 2 читав баш поназад. Јас се пријавив ама гледам вежбите за нозе и задник минутажа 120 минути. Тренингот толку трае или како?
Тоа е целокупната минутажа на сите видеа, прво и второ ниво, плус модификациите. Едно видео е 20тина минути, плус имаш видеа за загревање и истегнување. Прво ниво е за послабо активни, со слаба кондиција, второ ниво за физички поактивни членови. На почеток имаш фит тест да одредиш кое ниво си.
Не, отприлика 1 тренинг е 20тина мин. Имаш лвл1 и лвл2, ус тоа имаш и месец 1 и 2 недела и 3 и 4та недела, првото видео го вежбаш 1 и 2 недела, после второто, убаво си 3 објаснето, прочитај од почеток до крај. Не рипај одма да најдеш вежбите кај се, полека почни од првата страна и се ќе то се разјасни. На фит, бути е за мускули, а јас имам уште бааги стомак за слабеење.
Само што платив за инста фит програмата. Ќе ви се придружам и јас здравје од 14ти. Гледам сеуште не се достапни рецептите, дури за 5-6 дена ќе биле... таман да накачам уште некое кило. Вие искусните и со повеќе стаж знам дека е субјективно, ама.. тешки ли се вежбите?