Нема ништо погрешно во тоа да искоментораме колку се нездраво овој тип на диети, а ти секако ако сакаш плати си ја диетата никој не те спречува.
Да знаев дека бивша полничка цура чим ослаби станува нутриционист и тренер досега ќе имав 6 годиншно искуство и парички...ама јбг, не знаев.
Искрено не ми се ни свиѓа како она изгледа и уопште не ме привлекува за да и купам програма. Мое мислење.
Замисли на пример :За мене и за тебе би била иста исхрана , а сме различни и во градба и во крвна група Поентата е нејзина реклама тука за повеќе следачи, мене воопшто не ме интересира за неа , но ужасно ме иритираат манипулатори Еве сега јас ќе станам нутриционист и фитнес тренер коа ќе ги скинам овие 20 + кг и ќе продавам да не кажувам што
Со тие пари што и ги давате можете да си се зачлените во теретана. Разултатите што ги пажува се нереални и уште пари нуди за најдобра трасформација, искача како да се коцкате.
Треба да сфатите дека не постои најдобра трансформација. Никогаш не се споредувајте со туѓи тела, споредувајте се со вашето од вчера и од денес. Секое тело е различно, оттука секоја трансформација е различна и нема добра и лоша. Тоа што некој ве тера на предизвик е чист профит. Само не знам колку треба да си лесен во умот за да платиш за нешто што ти е достапно бесплатно на интернет. Поштувам да платиш лиценциран нутруционист кој ќе изработи план според твоето тело со претходно направени испитувања. Поштувам да платиш личен тренер со кој ќе вежбаш 1на1. Но, да платиш за план и вежби кои се достапни онлајн за секого ми е тотално без врска. Уште по без врска ми е да и платиш на некоја самопрогласена тренерка која своето сало го набила, се настегала во хеланки и мисли дека е фит, ископирала вежби и направила про акаунт на инста. Али ок, вие си знаете.
Не беа задоволни од нејзините вежби а и од исхраната. Самото тоа што е една исхрана за сите доволно зборува за тоа дека не треба да се пријавите. Имате онлајн бесплатно а прилагодливо на ваша крвна група. Или едноставно со истражување.
Скоро истиот предизвик го имате на инстаграм fitzone.hr или кај bornabutijer во био. Со снимени вежби и исхрана и тоа целосно бесплатен. Прогуглајте малку пред да си фрлите некој денар.
Случајно јас за Ана слушнав пред една година. Искрено мене ми е одбивно од старт кога ќе видам како некоја го слика само газот. Океј е таа нека си вежба ама зошто мора на скоро секоја слика газот испрчен... Мене не ми се бендисува како изгледа, не би сакал никогаш да имам толкави нозе и газ. А и не е таа нутриционист па за да земате диета од кај неа. И сега почнаа, секој шо вежба подолго време, да биди личен тренер. Лошо. И на јутјуб имате еден куп програми за вежбање, ако се сака да се вежба.
Леле антипатична е девојкава. Не може да продаде ништо со тој надмен став. И мене не ми се допаѓа како изгледа, деблко а стегнато личи, нејзино си е и задникот не мора да е прв атрибут за пофалба аман. Плус, една исхрана за сите? .... што повеќе....
Бев на првиот предизвик. Вежбам од таа програма и понатаму. Не се придржував за исхраната и немам постигнато којзнае какви резултати. Не би одела повторно, не ми беше којзнае што. Има добри вежби и исхрана си бираш имаш повеќе мениа за по цела недела исто можеш да си менуваш намирници доколу нешто јадеш.На мене ми беше за затегнување мускулна маса а не за слабеење затоа и се фокусирав на вежбање. Повеќе и од љубопитност се зачленив за да видам што програми дава и не беше скапо 600 ден отприлика
Според мене едни резултати се добиваат кога некој сам дома вежба по програми на Chloe Ting или Pamela Reif каде што се прикажани само планови за вежбање, без план за исхрана, а друго е кога ќе платиш програма од 600 денари каде што добиваш и план за исхрана и план за вежбање. Тој што има намера да постигне солиден резултат треба да знае како да се храни, а интернет едукација не е доволна понекогаш. затоа има луѓе што учат 4 години факултет за да може соодветно да не насочат.
А како ќе те насочи некој што нема учено факултет за тоа? Слична програма, да не речам иста, има на интернет. Баш од нутриционисти. И како може една исхрана да е иста за сите? Секое тело е различно.
Ако сакате да имате задник како нејзиниот немојте да ги правите вежбите! Со такви најобични вежби може само мајлку да ви се оформи, треба да одите во теретана и да кревате ненормално.
Моу, како сте ја исхејтале Ана... Иначе јас како некој што "се излажал" и си фркнал 700 денари на предизвиков, зборувам за вториов, пошто на првиот не бев пријавена... Значи не секој има 1000 и кусурот денари месечно (секогаш се повеќе месеци) да ги плесни на нутриционист, а и на интернет има да, се и сешто, но како личност што не е едуцирана од таја област ќе знај која програма е подобра и која дава резултати па ајт да ги пробуваме сите а вака имаш програма што докажано дава резултати, ти ја препорачале или сама си видела резултати кај некој... Башка не се сите тела исти, да, ама кој се придржува на храната од нутриционистот цел живот? То е само периодично и и то е устручавање и пак си се враќат килограмите а една та иста исхрана ( што ти одговара ) се здосадува и нормално ќе вметниш и друго. Да скратам оти ептен ја задолжив, за месечно мени, да не си ја тупаш глата што да јадиш кое воедно е и здраво, за вежби што ќе те препотат и што е убо прикажано што точно треба да правиш и те поучуват за вежби за загревање, за истегнување, да знајш дека треба и ден пауза а да не се напнуваш нон стоп мислам дека си ги вреди парите. Посебно за почетници и за неупатени во нутриционизам. Секако тука е и моментот на морална поддршка на групата на фб, па и моментот сите вежбат па ајт и јас и моментот кога веќе ги фркнав париве има да вежбам! И не, не се добива онаков задник во четири недели, она е дело на години во теретана. Поздрав
Типката нема факултет, самопрогласен нутриционист и инструктор е која се прослави како девојката со големиот задник, а не со знаењето.