Ќе заимаш појма и за авокадокиноачиамакромикронутриенти, без гајле. По муабетов претпоставувам дека првпат се вклучуваш, затоа немаш претстава. Сè ќе ти стане јасно кога ќе го видиш менито. Не се само овошни појадоците, си има и солени јаденици. А и овошните не се само овошје, се ставаат работи што држат.
Прв пат на диета се вклучувам, со аериобик имам малку искуство. Затоа тој дел не ме загрижува многу, тешко лесно, падни си стани си, помачи се, смисли кај да ставиш салото дур правиш вежбата, ги правам Ама за јадење сум гурман машала, тоа ако ме натера ај да вежбам редовно, него понормално да се хранам, секоја и' чест. На хејтериве иначе. Постојат луѓе како мајка ми, сама се запиша во теретана, сама со години и години оди, сама смислува што да јаде за да не се дебелее и е принципиелна. А постојат луѓе и како мене, за дисциплина ми треба некој да ме насочи, плус да видам некој како мене дебел дека може, па како јас не би можела? Не се снаоѓам во маркет ни со нормални намирници, купувам премногу, или заборавам нешто, не сум баш организирана приватно. Плус... изговори колку сакаш. Кај мене пали "срамот" што не ми е завршена "работата", на тој принцип највеќе резултати имам и затоа 690 денари моментално ми се смешна сума за некој барем ориентационо да ми каже што да јадам (пример не јадам чисто месо, па сигурно има веге замена и сл.) и да ми каже што да вежбам
Вежбач сум, но ете се вклучив на ова бидејќи така ми одговараше и уште ми одговара. Секој различно се мотивира и секој треба да си тера како што смета дека е океј за него. Не се сите луѓе исти и според мене најважна е целта и да си дојдеш до неа, а дали ќе платиш или сама ќе си смислиш, тоа е твој избор. Има и веге мени.
Држ се и чувај место да се вратам за 1г. Сите недоумици ќе ти се разјаснат само дај и 1 недела, после 3та собирај плодови, а после нема откачување од нејзе. Најголемите скептици што сум ги натерала да се приклучат моментално се ослабени по 20+ кила и ми викаат еееее будала, што не те послушав уште лани. За мене Ана е најдоброто што ми се случило, за нецела година успеав нешто што години не сум успеала и конечно забременив после 3г пробување безуспешно. Дај и шанса 4 недели да не утнеш, ќе видиш колку е лесно.
Да, да, затоа го поделив коментарот оти прочитав доста "на тоа ли ќе фрлаш пари" коментари Според мене, ако нешто не' мотивира барем да почнеме да работиме на себе, макар не биле меѓу "најуспешните" - парите не се фрлени
Се приклучив и јас. Сакам некои 5кг да симнам. Е сега пишуваше ќе има почетнно и напредно ниво, ама гледам само вежби за 7 дена. Како ќе биде?
Првите две недели се повторуваат вежбите Во третата недела прикачува поинтензивни вежби, па две недели доколку можеш се придржуваш кон нив.
Дечки, одеднаш треба да ја купам цела шопинг листа? Некако многу работи ми се гледаат за една недела Или тоа е за цел предизвик?
Листата е со намирници што ти се потребни за цела недела, но нешто најверојатно нема да потрошиш за една недела, како овес на пример или што знам булгур ако има. Јас вака правам. Чекам во недела да го објави менито за понеделник, купувам само за тој ден тоа што немам, а во понеделник кога ќе е достапно целото мени, тогаш купувам за другите денови. Те сфаќам што сакаш да кажеш дека многу ти се гледаат работи, но кога веќе ќе имаш купено некои од нив, само ќе си докупуваш кога ќе ти снемува и нема да е толку многу. Првава набавка наеднаш ќе ти се види малку така повеќе ако не си се хранела со тие производи и ги немаш дома.
И јас се придружувам Искрено не знам како ке биде, сакам целосно да сменам начин на исхрана оти вака веќе не бива... Доилка сум и не знам дали ќе издржам, апетитот ми е левел 10000 Дали има некоја искуство со програмата а да е доилка? Со лесно на сите и истрајни до целта
Па некои дефинитивно ги немам, ама добро, паметно кажуваш, прво да имам претстава што воопшто ќе се јаде па ќе испазарувам ПС. Што е булгур?
Јас дојам, ќе ја следиш програмата ама ако ти се јаде уште ќе си докаснеш. АМА забрането е шеќери, не смееш да јадеш чоколада после ручекот ќе изедеш уште едно парче месо или салата. Важно е да се учествува. Според мене на почеток е во ред да се прават грешки, не може секој ден да јадеш благо и да престанеш од прв ден на програмата бидејќи може да ти се слоши, ќе се трудиш да го прифатиш новиот начин на исхрана и вежби и да ти премине во навика. Исто според мене ако учествуваш на летниот предизвик, а после продолжиш по старо, нема потреба да учествуваш на предизвикот. Не за тебе ова, за сите. Значи учествуваш и се трудиш да ја следиш програмата и да ти стане начин на живот. Откако се хранам нормално не сум гладна како порано. Порано гладот бил за вода и здрава храна изгледа.
Почнувам и јас со вас од понеделник Многу накачив на килажа после бременоста, време е да се вратам во нормала. Ми треба мене ваков вид на мотивација, инаку сама ништо не правам, нула карактер
Девојки, тие што одите на работа, ручекот си го спремате од вечер и го носите на работа? Прв пат се пријавувам на некаква програма која вклучува и исхрана, па не знам како ќе ми успее. За доручек и вечера е океј, ама за ручекот не знам што да правам. Во сред канцеларија да извадам мелено месо малце ќе замириса, а не сум сама Плус често одам на прошетки додека сум на пауза и јадам нешто што во движење се јаде. Некоја идеја/совет?
Дали менито ви е достапно, кај мене пишува на 16 мај во 8 часот? Или јас не се снаоѓам добро на линкот? Ако е достапно менито утре дали ќе има време за подготовка на оброци, сепак дома со мали деца плус бебе, мислев да си спремам ден претходно, затоа...