Јас ги земав на Ана и вредат за секоја пара.имам и други спортски фирми не се квалитетни а тие ефтините се фрлени пари рана оставаат од што се ролаат надоле.
Од Ана се добри, ги користам и задоволна сум, плус видеа со вежби одеа со нив, околу 10 видеа коишто не се со ограничен пристап, си ги имаш засекогаш. Гледам сега се со попуст и мислам дека се 900 денари, добиваш 5 ластици, само не знам дали сè уште ги продаваат со водич со вежби. Едно време ги имав заборавено и морав да купам нови за да имам да вежбам. Два (лајт и медиум) зедов од продавницата над аутлетот во Борис за околу 800, само такви имаше. Добри се, ми бркаа работа, но ми дојде уште поскапо, 400 денари еден ластик. Гледам и во Ранерс еден ластик е 400 денари.
Јас имам од Али, ок ми се. Ќе го ставам линкот кога ќе бидам на компјутер. Не се лоши за таа цена, засега вршат работа, ама ги чекав цел месец. Дотогаш со стар мидер вежбав.
Браво, кај ти текна со мидер Можеби и со хулахопки може да се проба, да се врзат некако, тие се еластични. Тенки за помал, а дебели зимски за поголем отпор.
Спомна некоја членка во групата, и стварно врши работа. Појак отпор дава од хулахопка Иначе еве линк за ластиците од Али https://www.aliexpress.com/item/4001276431334.html?spm=a2g0o.order_list.0.0.21ef1802Q5tZtf Пишува седум парчиња, ама се пет ластици, торбичка за нив, и картичка со упатство. Како што реков, солидни се за таа цена, е сега се ролаат малце, ама не ми е тоа проблем. Најтенкиот ластик ми е сомнителен, ама досега кога вежбав со него, било добро, до максимално растегнување нема гајле. Засега. Понатака ќе видиме. Вообичаено вежбам со медиум или heavy ластикот. Иначе има попуст на ластиците на Ана, за 990 денари се сега. Овие јас ги купив за 360 денари, плус минус, немаше шипинг, сега гледам има.
И јас пред да купам со хулакопки вежбав од оние пуш ап ли се викаат, појма немам. И подобро ми беше отколку со слабите ластици. Ги зедов од Жито за 100 денари, проверете ако не ви се даваат многу пари. Па ми личат како истите од Али шо ги постира Annath. Сега во Веро видов со влошките Виолета We Care има гратис ластик. Со лесно предизвикот.
Имам јас еден како плетен не ваков гумен од овие продавници суплементи што продаваат. Смрт нема. Вакви гумени не чинат
Ако хранава е како ден1, нека сум вечно на диета Некои работи деф. не ги јадам, на пример сладолед (ништо ладно не јадам, никаков сладолед), ниту ладен чоко шејк, доброто е што може да се изедат без да бидат ладни. Патем, путер од кикирики не сакам, ама со ужинава го засакав П.С. Дали е грешка во различно време да се јадат ручекот и салатата? Премногу храна ми е за наеднаш да изедам се'.
Нели? Гледај меѓу 2 оброка да имаш минимум 2ч, ама преполовај ги оброците ако ти се многу, што не ти препорачувам зошто таму кај 3 недела малку ќе ти биде.
Ами јас дека касно доручкувам, 11 ме фаќа, ужинав во 13:30-14:00 не сум сигурна, ќе вечерам накај 9 (касно легнувам, околу 2) па ќе гледам вечерата да ми е таман пред ѕрцки за пуканки да ме фатат Секако е уствари салата за вечера, еве ручам без салата и тоа таман накај многу ми е, да направев и голема салата немаше сигурно да изедам баш.
По еднаш или два пати ги вежбате видеата? По мое мислење малце е еднаш, ама ај тоа после првавава недела
Јас вежбам со неа, значи вежбите по два пати. Вчера не стигнав и денес вежбав и за вчера. Утре се мислам да ги вежбам вчерашните, бидејќи нели нема тренинг.
И мене ми е проблем менито, насабајле доручкувам касно и со работата по ресторани, ама гледам тоа што го јадам овие два дена да е здраво и во склоп со тоа што го има она објавено во менито. За ручек тоа што имаат од дома спремено, само за вечера си спремам јас. А вежбите засега се врв, жива вода станувам, ако ништо друго бар на енергија да добијам хаха. Иначе кога се пријавував пишуваше 4недели+4недели гратис. Што значи тоа? Дека истиве 4 недели ќе ти бидат достапни уште еден месец?
Да, уште 4 недели ќе биде достапен. После веројатно спрема уште еден летен предизвик како што ми се чини. Иначе мене кратки ми се вежбите. Со инста фит ми беше таман, ама овие кратки ми се, иако интензивни. Вистина се заморува човек, ама не до толку, дали дека подолго време вежбам, па телото ми е навикнато, не знам. Ќе видам утре после денешнава табата дали ќе ме болат нозете, вака осеќам замор во мускулите. Си вежбам и денс кардио, да ми дојде пола час целокупното вежбање. Ако останам само на предизвикот ми доаѓа како воопшто да не сум вежбала.
За чудо, ептен сум дисциплинирана, дури ни ужинки не јадевне ми се јадеа нешто Ама, вчера не вежбав. Периодов сум хаос со врат, кичма, плешки, речиси укочена сум/бев... Денеска демек сум подобра, па планирам сега да извежбам вчерашните, колку можам без форсирање. Сума сумарум, ме плаши другата во мене
Еми за нас почетници е таков Мене душа ми искача и од тие 20 минути Кои кај мене се околу 40, оти се уморувам, ама кондиција во минус ми е
Не знам дали и сега е лвл1 и лвл2, јас вежбав лвл 1 првата недела, втората лвл2 и после веќе кога ги додаваше модификациите првиот пак си вежбав лвл1 една недела лвл2 втора недела, ама вториот летен си вежбав од модификациите одма 2та левела. И кога ги повторував по 4 недели си ги вежбав по 2та левела одеднаш, и имав најмногу ефект така. Дур се навикнете вежбајте по 1 лвл, ама после слободно двата терајте ги. Јас пола од симнатата килажа ја симнав во летните предизвици. И да, љубоморна сум ви ептен за менито и дружбата во групата, ми идеше само за тоа да уплатам, ама ми дојде многу голем финансиски издаток месецов па не уплатив.
Него кажи дали во овесната каша треба топло млеко да ставам Во животов овесна каша не сум јадела, немам поима. Да се пофалам дека за прв пат во 7 сабајле јајца пржев Ручек ден 1 овака на диета да се биде! П.С. Ај истерај ти бременост, таман биди ни кураж, после заедно