Фала Ангел, ќе пробам. У секој случај ова е повеќе од ништо претходно. Супер се вежбите, многу повеќе му се свиѓаат од други места кај што сум вежбала. Иначе јас у бременост имав 300 енергија, спиев малце после прво тромесечје, 4 саати ми беа доволно и само се шетав. Сега сум поуморна од тогаш, заради дебелина.
Јас така па вчера и да сакав не ќе можев да вежбам, запалење мускули на најјако, не можам во вц да седнам како човек ама осеќав дека имам сила па си пуштив сосема шесто (полесно) колку да не сум без ич 15тина минути. @AngelOfArh колку што гледам вегета како зачин не смее? Не е пишано нигде до душа, па шибнав јас едно лажиче во јајцето за пилешки прсти матено пред некој ден.
Јас не сум почнала со вежбање, божем од денеска, плешкава лева партали ми е, бетер од пред некој ден. Како робот се движам. Здравје, до менито се придржувам 80%. Како и да е, за мене голем исчекор и ова досега. Секој ден сум по 7 км со точак. И некако се осеќам полесна, издишана. Сериозна сум
Женски, имаше еден рецепт во ИнстаФит зимата за сникерс смути. Немам пристап повеќе во програмата, а не можам да се сетам точно како беше. Дали се сеќава некоја?
Не, вегета нема. Земи си Димена слатка пиперка на Подравка и Микс папар со коријандер, мелница, на Хармони, нема вегета никад да купиш. Вегетата има многу шеќер во неа.
Гледам повеќе членки сте почнале со програмата, па се мислам дали да се приклучам. Се е онлајн претпоставувам? Вежбите ги прави Ана и го споделува видеото со вас ден за ден или? И може некој да сподели какви се цените? Јас тренирам со тренер во моментов, но сепак сум отворена и за други опции.
Сфатив, па сега шибам зачин лук, димена пиперка, обична пиперка и хималајска сол, по потреба од зелениве Друго, печурки немав, ставив пилешко, не знам колку грешка е искрено, касно сфатив дека печурки немам. Буковка секако не јадам, свежи шампињони ќе ставев. По некоја логика печурките се протеин, па ок е што ги заменив за др. протеин Како и да е, ручециве толку ме најадуваат сега за сега, шанса немам цела вечера да зготвам и изедам. Реално 250гр. компир во ручекот имав, не е малце; како што не е малце ни 3 јајца за појадок. Пред некој ден изедов околу 50гр нискомасна павлака оти ај да не е без ич, денес изгледа пак така ќе биде, не знам кај ќе напикам иначе цела вечера предвидена.
Имаш спремни видеа за цела недела, гледам некои како мене едвај овие ги издржуваат, некои кои веќе вежбаат комбинираат со др. денови или општо др. вежби. Иначе да, Ана е на видеата, ја гледаш како вежба, voice over има. И храна има за секој ден што кога како, и рецепти, и заменски производи, и може да се менуваат оброците, во смисла ако од петок појадокот не го сакаш; пак да повториш од др. ден др. појадок со слична калориска вредност. Цената е 690 денари, достапност до програмата имаш 2 месеца. Сè e онлајн, супер ги има спремено видеата и објаснето, барем мене ми е појасно него било кога до сега што треба да правам.
Е е е ова. Јас вежбам колку можам и умеам, ама бре издишана сум. Какам дупло повеќе Не знам дали ќе ослабам на волку јадење, ај бар надуена не сум И да, пошто пијам вода х3 од нормално, х3 и мочам
Јас овој зачин го користам наместо Вегета,супер е. И коцки за супа вакви земав,оддамна нема вегета кај мене дома. Ова многу убаво мириса
Подетално не можеш да видиш додека не си платиш. А и пријавувањето за овој летен предизвик е завршено, веќе е почнат. Да чекаш нареден ако има.
Помина точно една недела а јас сеуште неможам да се навикнам на некои рецепти. Вежбањето добро ми оди освен во четврток стомачните. Ама се трудам да ги направам колку можам.
Впечатоци после 1 недела: Не се мерев, не знам дали сум ослабела бар грам, но: 1. Храната е супер, со исклучоци, но тоа е до мене (едвај овошје свежо јадам, а пудинзиве и сл. не се ни трудам да ги правам, не јадам таков тип на ужина - ни смутиња не пијам) 2. Ок е да пробаме нешто ново, но во некои ситуации сме пробале и знаеме дека не ни се допаѓа воопшто, па добро е што е смислена замена - во мојот случај тоа се ракчиња (не јадам никакви морски плодови, пробано, и ноуп) 3. Кога ќе видам рецепт за кој апсолутно знам дека ќе останам гладна после оброк (пр. корнфлејкс за појадок, мене ми треба барем 3х од дозата за да не изедам после 100 гр чоколадо) одма го менувам за друг со слично калории но повеќе волумен. 4. Вежбите ги правам и поима немам што правам, битно жива вода сум. Денес не правев оти добив и денес можам само да си плачам од болки. 5. Грешки, и намерни и ненамерни, пример вегета беше ненамерна оти не знаев, одма си ја сменив со свои "чисти" мешавини Намерно ставам лажичка шеќер во кафето (до пред 1 недела беа 3 лажички), па иако е грешка, не се жалам Пропуштив вечера 2 пати, оти ручав прекасно, немаше резон во 12 ноќе да вечерам, каснав по 2 лажици од урдата. И ова не знам колку е грешка, но вчера вечер бев излезена и нарачав рижото со печурки; некако најблиску до предвидената вечера ми беше. Се' на се', задоволна сум. Успевам да излезам од маркет без кашкавал, разни сирења, тестенини, чоколада секакви, да не се напијам флаширан сок од портокал него да си исцедам или да нарачам цеден. Не знам, мене исхранава ми е ок, можеби оти и претходно готвев доста, гледам шокирани има, ваљда живееле на пица и бургери порано, не знам што да кажам. Како стојат работиве, многу е можно да продолжам и на втор летен, од Ана и програмата сум задоволна за сега
Тоа башка. Како? Мислам јас сум човек од 130кг, ме најадува и прејадува секој оброк (освен појадокот, би трампала одма вечерата за појадок да ја јадам ) ужина не ми треба
Јади тоа што те најадува, корнфлексот не го јади. Мене ми е ок, со протеин го правам и ме држи А како кој ги знае, или у глава дека се на "диета" па само им се јаде или слон јаделе до вчера
Абе јас првиот пат кога го правев денешниот ручек, се вратив да се препроверам со мерките, толку храна на оброк не сум готвела никогаш за 1 човек, зборам во распуштени времиња Ама да, затоа празни калории колку сакаш, па сум кај што сум, плус тироидна зеза Зборам чоколадо, жими тоа во животот сега ми фали. И сончоглед, немав поима дека бил толку калоричен, си го мцкав и по цело кесиче Не знам дали е психа или стварно сум најадена, ама немам потреба од грицки ич.