Леле да. И јас не сфаќам. Има денови кога сум гладна, на пример кога супа/чорба има за ручек, ама тоа не е секој ден. Уште на Инста фит кога се пријавив, не можев да ги изедам сите оброци, а ужини вакви немаше, беше само овошје или протеински пудинг најчесто. И ми велеа дека после третата недела ќе ми е малку. Врска нема, исто остана. Вечерата ич не ја јадев, не можев. Е тогаш и метаболизмот ми се успори и сфатив дека мора сите оброци да ги јадам, колку и да не сум гладна. Еве, сега немам таков проблем. Додуша, синоќа вечерата не ја јадев оти во 6 попладне ручав Мене тоа ми е поголем проблем. Нередовност во оброците, особено кога сум на работа. Немам две паузи, во 7 сабајле после испиено литро вода (обична) не можам да јадам, на работа кога можам го јадам доручекот, кога имам луфта. Ручекот нема шанси, оти баш во тоа време имам најмногу работа. Па дома ако си дојдам покасно, како вчера, ручам касно оти не сум ни гладна веќе, настрана што не ни можам да седнам ко човек. Среќа што ми е спремно од претходен ден, во спротивно не знам што ќе беше.
И јас скоро и да не вечерам, едноставно не можам ми се враќа.. ама гладен да си на толку баш чудно (сем супа нели)
Па чудно е. Особено што ручеците се доста обилни, а има и салата. Мене криза за благо ме фаќаше и понекогаш за грицки, ама тоа повеќе од лоша навика, не од глад. Сега не осеќам такви кризи, ама ќе видиме.
Јас па се чудам како ви е многу јадење Вежбам на гладно, појадок ми е во 10, ужина во 12, ручек во 14, вечера околу 18. На мало растојание ми се оброците, глад со кркорења во црева не осеќам, и пак си ги кркам сите работи. Не дај боже да ми се ускрати ужина, на пример Иако сум сита, нема шанси да прескокнам оброк Или па си мислам дека не сум гладна, а всушност гладна сум и затоа си јадам сè
Мене ми е проблем што во животов сум готвела да речеме 1 оброк дневно, 99% ручек, бидејќи баш касно ручаме, па после не ти се ни вечера, ама затоа ќе се налапаш глупости. Појадував најчесто ѓеврек, перек, кифла, соленка со јогурт. Е сега готвење 3 оброка на ден, не ми е тешко да зготвам, него да исчистам после мене Ама ако. Се успав вчера и како изгубена до 12 се мислев што да појадувам, на крај купив грчки јогурт еден и тој го исркав. И благиве појадоци дефинитивно неделава ги трампам за некој од солениве, абе не ми оди благо за појадок и не П.С. Од денес сум на пола лажиче шеќер во кафе
Оти потаман од нас јадеш со време можеби. Јас појадувам покасно, во 11, ужина ми е во еден ипол - два, дур се приберам дома и јадам 5 како ништо ме фаќа, некогаш и подоцна. Пред некој ден во 19 ручав буквално. Ок јас и покасно легнувам и преспивам после работа. Можеби е до биоритамот, ако вечерам во 6-7 има да умрам за јадење до 1 ипол 2 сабајле, кога заспивам
Каши, смутиња, манџи, салати, нормални оброци, кои лесно и брзо се спремаат. Со застапеност и баланс на макронутриентите. Поредовна си со оброци, затоа. Еве денес, нема ни два, а веќе ручав. Ама после појадокот и кафето чистев, за ужина каснав три јагоди, и се изнапив вода. Кога сум дома јадам се. Сега за ручек си ја направив веге варијантата на шпагетите, и полесно ми е вака, месо не ми се јадеше. Денес сигурно ќе вечерам, ама јајца не верувам, пак некоја салата ќе направам од претходните предизвици (сите рецепти си ги имам зачувано), со слична калориска вредност. Мене ми се океј оброците, само авокадо не јадам, дека не можам да го погодам никако и ми горчи постојано. А не дека не ми се допаѓа. Јас кај Ана сум заради храната, вежбите така така, пошто и онака за вежби не е проблем, на нет има се и сешто.
Среќа мм мие садови, лупи кромиди и сè што се лупи, инаку немаше шанси да постигнам сè бидејќи готвам и за малиот посебно. Е тоа е изгледа, јас во 22 сум најчесто заспана, затоа толку рано вечерам, еве најкасно може 19 да ме фати.
Немам извежбано од четвртокот не можам да го поврзам телефонот со тв. Сега ќе вежбам од телефон мачејќи се. Вчера јадев исто како во неделата пошо ми остана стек правејќи за сите дома, а ко што го напраиле 400ден нема шанса да го фрлам Два дена пред да почнеме вагата ми покажа дури 72.6 и пред добивање бев ама битно ме запрепасти, сабајлево 69.6 Јас не ги разбирам коа ќе пишат не ја гледајте вагата блаблабла, па нема сите мускули да набилдаме сигурно. И не е исто 80 да видиш и 60 пример,барем мене ми се битни бројките и те како. Многу ми се допаѓаат рецептите иако за жал не ги испробав сите, немам испазарено баш се што ми треба Имам уште 5 недели 100% да и се посветам на програмата како лани што терав, оваа првата ќе си ја опростам. Со душа ја чекам утрешната киндер каша
Вклучи го Smart view, кај мене е во паѓачкото мени горе, поврзи со тв и екранот од телефонот го гледаш на тв. Топиш масти, ама оформуваш мускули. Може и повеќе кг да имаш, а да изгледаш послабо. И мене ми се вишок кг овие што ги имам, ама не се оптоварувам со нив. Сакам во обем да намалам.
Ич не ми е битно бројката, посебно па сега на почеток, кога највеќе вода вишак исфрламе, не екшуал сало Бројка верувам кога ќе видам 3кг плус - минус, а толку за 1 недела не се слабее. 2 кг сите варираат, има врска ама баш се', и хормони, и дали е какано, и кога е јадено, и кога е последен пат вода пиено. Обемот е она што највеќе "зборува", за нас дебелите; за слабите што фигура менуваат, може и ќе се здебелат 3кг а ќе изгледаат како да имаат помалку него кога почнале Решив да се мерам 1 месечно, и идентична слика од ден1 и ден31, итн. А вака опсесивно секој ден на крај мотивација ќе изгубам ако видам пр. 500 грама повеќе него вчера а сум била "умна" Чим учам навики нови, другото се надевам само ќе си дојде.
Јас се измерив на почетокот на вага. Искрено не ми значи бројката колку шо ми значи обемот, а во обем не ни се измерив Се сликнав и планирам да се сликам на 31 ден. Туку некој спомна втор летен, кога отприлика би почнал тој?
Женски, едно сосем различно и музичко прашање. Вчера ја гледавте Ана на сторито, во бар на плажа како денса на музиче? Е па дај кажете музичето како се вика, не му знам име, а ептен сакам да го најдам. Ко ремикс звучеше, летен хит, за играње ептен.