Будалче, зошто срам? Ти се допаднала и сакаш да знаеш која е за да си ја пушташ. Ништо не е за срамење
На Спотифај ги има нејзините музичиња од програмата, ако е песната од програма ќе ја најдеш. А ако е од одмор видеото пиши и ќе ти каже. Не знам зошто да се срамиш, нит те гледа нит ништо, ако не сака нема да одговори, ама префина е и стварно одговара секогаш.
Ми е глупо оти музиката беше од барот, а таа си играше. Да беше од програмата, би ѝ пишала, ама вака шо знам. Инаку летен хит е, ја знаеме сите од журки, ама ајде де не ми текнува која е.
Јас се измерив после 12 дена, -3кг. Како за почеток добро е, ми даде поголема мотивација да продолжам.
ДАли цело време се водите по планот за исхрана? Бидејќи јас кога бев на програмата не ми стигаше време сите 5 оброци да ги зготвам.
А кај има 5 оброци? Појадок, ужина, ручек и вечера. Иначе полесно спремање оброци од на Ана програмата не знам.
Овој пат предизвиков со храната ми е ок. -5кг до денес. Ама не вежбам со неа. Терам со тренер и група. Малку се вежбите, мали се сериите, и реално не ги изведува правилно и се повторуваат, не сакам така. Го најдов модусот и терам. Во обем не знам колку сум, ама панталоните големи ми се веќе. Грешки два пати - вчера и денес, ама мали, не се хамбургер и слично, ситници се. Тиквичките се бљак и салатата со јагоди. Нема шанси. Од утре на мадеро и вакууслим. Короната после година дена ми оштети нешто што ме тера помалку да јадам. Дали да се радувам или да тажам, не знам.
Ќе сака ли некоја од вас накратко да ми објасни која е цената да се приклучиш во летниот предизвик на Ана, по колку време траат тренинзите , колку пати неделно..итн?
Последниот предизвик на промоција чинеше 690 денари. Имаш неделно мени со четири оброци секој ден, заменски оброци, бонус десерти. Вежбите се по 15 минути, интензивни, пет дена во неделата. Има и додатни вежби во третата недела. Трае 4 недели и има достапност плус 4 недели, значи два месеци.