А кога почнува вториот предизвик? Кога ќе заврши бонус месецот од првиот? Се уште ништо не ми се појавило.
Кај сте друштво, терате ли напред со недела 4 ? Јас сум презадоволна и со тоа што не сум многу активна со вежби а со исхрана скроз гледам да се придржувам. Давајте и овде апдејт,мотивација плус...иако на групата на фб е на ниво се
Тераме тераме, со свадби во тек и пмс на најјако, како терамееее Со вежби сум 100%, со храна 80% што гледан да корегирам, освен во ситуации кога е неизбежливо да утнам, како пример вчера.. Многу ми се погодени вежбите и не се осеќам преморена после нив, имам енергија за уште ама не сум толку храбра за два круга сеуште. Уштр еден месец до 2ор летен, може дотогаш ќе се престрашам па ќе правам по две серии. Одмор иде а јас никад позгодна Жени бе, дајте ми совет што со вишокот кожа. После две бремености и два царски, ослабев 20кг и кожата на стомакот ми е за никаде.Кога стојам е ок ама кога седам ми е бљак и многу ми влијае на самподовербата,премногу. Секој ден после вежбање правам plank, ама се си мислам нема да се вовлече. Има чаре и има некоја што успеала или чарето е само операција? Или пак некакви третмани? Ако сте запознаени кажете ми...
За вишок кожа, колку што знам, само операција е решение. За жал. Мене третата недела ми беше најзезната, со вежби сум 100%, ама со храна... Не прашувајте. Излезена од дома по 12 часа, немав време за спремање ручек вечера, појадок си терав по менито, ручек и вечера во едно, па ќе си прикаснев плус пуканки. Оваа недела се надевам ќе ја терам скроз, а од викендот сум на одмор. Е таму, не знам што ќе биде, ама ќе пазам, тоа да. И ќе и вежбам обавезно, плус пливање.
Терам!! Не очекував дека ќе успеам ама си викав ај 4 недели е ај уште 3, ај уште 2 и еве уште неколку дена презадоволна од се! Само не знам дали да продолжам после уште еден месец. Дали е океј за телото толку внес на калории за 2 месеци..
1 година бев на нејзините програми и ако не останев трудна ќе продолжев. Нема зошто да е проблем. Ако ти се слабее нормално, ако не си за слабеење онда појачај исхрана и вежбај само.
Зошто дали е океј? Не те разбрав Во секој случај е здрава исхрана и мислам дека не смета ич на ништо. И јас сум презадоволна,претходно се откажав сега терам @Cka @CameliaMiller како сте вие девојки?
Во врска со калориите дека се малку, читам на интернет цело време дека не е здраво долг период да се внесува низок калориски внес ама неможам да дознаам колкав е Периодот за здраво консумирање малку калории. Ама да ќе продолжам па ќе видам
Не се воопшто малку калориите кај Ана, таман се. Кај неа не се оди на низок калориски внес туку на точен калориски внес.
Мамички здраво, не успеав се да исчитам и не налетав на цени. Може ли да ми пишете како се движат цените кај Ана? Читам многу позитивни коментари за нејзе па редно време е да почнам и јас. 4месеци како сум породена грам немам симнато. Никогаш не сум имала проблем со килажа и слабеење ама изгледа после породувањето ми се промени ептен метаболизмот. Пробав и со внимавање на исхрана ама пак не оди. За вежбање немам баш време и сила ама ќе морам да почнам имам барем 9кг за симнување
Колку е тој точен калориски внес? Мислам зашто да е точен. Порано мислев дека за секој е различно, но еве се убедив дека ослабев. Ако имаш некоја статија или нешто да ми пратиш во врска со ова, многу би ми значело.
Немам статија а верувам и дека нема калориски внес за сите ист, се зависи и од тоа колку трошиш. Мене статии не ме интересираат, од општа култура знам дека 1500 до 1800 калории се доволни за дневен внес и сега кога не сум на режим внесувам тука некаде, можеби малку повеќе, но не повеќе од 1800 сигурно, а претходно страв ми е да помислам колку сум внесувала. Многу се замараме со бројки а не со она што навистина го јадеме, баланс на макронутриенти. Мене затоа ми се допаѓа нејзината програма, зошто ми е идеален спој на јх, протеин и свежа храна. Јас не успевав никогаш да сварам храна за 4ч, секогаш ја осеќав храната во нос и по 8ч од оброк, зошто не сум внела тоа што треба туку сум се наполнила глупости и тоа не се вари ни за 24ч. Познавам жени кои се со Ана 3+ години, изгледаат бомба, така да не верувам дека е штетно да бидеш на нејзина програма и подолго.
Супер сум, забушавам со вежби, ама исхрана терам (до душа мењам појадок со појадок, ручек со ручек, зависи што имам во фрижидер). Не може да е терет хранава на организам, затоа што 1300-1500 калории е дневно, сосема доволно за здрава активна возрасна жена. Плус се' е застапено, салата, месо, риба, јаглехидрати, нема нешто да "фали". Јас би предложила евентуално ако не сте, да си воведете некоја манџичка, грашак пример, само без месо и запршка нормално. Јас 2 пати направив оти сериозно ми фалеше течна храна. А се' може, секоја мешунка. Едит: општоприфатен калориски внес за жена која не сака да ослабе, туку да се одржува во форма, при тоа нема екстремни физички напори во текот на денот, е 1200-1500 калории. Со оглед дека 99% сме тука за да слабееме, со 1200 - 1500 дури и без никаква активност слабееме, оти за одржување на пример кај мене се 4500 калории (според тежината и активноста) за некоја се 3200 итн. Со 1200-1500 сите слабеат, посебно ако додадеш и вежби на тоа. Под 1000 калории дневно не се препорачува на никого, премалку е тоа.