Еј јас првиов го истерав како да ти кажам, ако се споредувам со други "постари" членови, далеку сум од нивната посветеност, спремност а богами и килажа Вториов малце поподготвена сум ментално и повеќе ексајтед оти видов дека делува ова, ДУРИ и кога не си 100% по план Долг пат е пред мене, ако ова не ми успее и за 1 година од сега не паднам под стотче, операција не ми бега. Така што
Ќе биде, стискам палци да успееш. Кај мене работите се малку поразлични, јас тренирав до пред неколку години и после контузија не правев ништо. Немам проблеми со нарушување на исхраната, не претерувам со брза, ама благото ми е слабост бидејќи не го контролирам. Треба да го ставам во ред и да го запотам задникот редовно. Кај мене физичката активност е клучна. Ама претстави си на здрава исхрана, и вежбање, ти секој ден да расипуваш хемиски баланс со чоколад(и)а, некакви вафли, сладолед, кексови. Се оди во маичината. И знам како да го решам проблемот, но се лигавам самата јер... многу работи. Ниту една за да е изговор. Така да, само да решам да пресечам со слаткото и мислам дека нема нешто друго што може да ме зае*е. Но со сигурност нема да е таа вечер.
Здраво на сите Сакам да прашам дали некоја членка од вас се приклучила на Ана програмите само со исхрана и дали имала ефект? Искрено немам време за вежби и сум преуморна од работа пошо работам 12 саати.. Али сум цврста да се водам строго по планот за исхрана извинете за долгиот пост и чекам одговори
Само ако ги отфрлиш газирани сокови, леб, благо и грицки ќе имаш ефект. А посебно со здрава исхрана и те како ќе видиш ефект.
Девојки здраво Денес пишав во морална поддршка, значи се претерав веќе. Сите после пораѓај слабеат, а јас обратно. Да се чудиш Одсекогаш си имам проблем со килажата, ама волку не верував некогаш дека ќе видам на вагата. Цели 110 кг После пораѓај бев 93 кг. А, кај е времето кога со 64 мислев дека сум дебела Зборот ми беше се пријавив кај Ана на денсот, почнав убаво 2 недели почнааа резултати и се откажав. Се пријавив на летниот, 2 дена и се откажав уште непочната. Да е уште поголема трагедија се пријавив и на вториот летен хаха. Гледам некои велат дека многу ни е храната, јас сум прегладнена и не ме држи многу и сум нервозна и така се откажувам, а згора на се' сама сум со бебето. Друго сакам солен доручек со барем една кришка интегрален леб, смутињата не ме најадуваат па уште благо Ама еве решив да пробам трет пат, може нема скроз да терам по програмата ќе менувам доручек, ама ми треба многу поддршка. Сакам да се доведам во ред конечно, да имам избалансирана исхрана а не да одам од крајност во крајност. Ќе пишувам почесто за да не се откажам, барајте ме ако ме нема хаха.
За тоа не ми е проблем и онака леб не јадам воопшто, само вода си пијам а благо ретко да каснам.. Се мислам да се приклучам само со исхраната Туку какви се состојките за рецептите со оглед на денешниве скапи продукти?
Јас забушавам со вежбање и имам резултати. Околу 1500 калории се на ден, ако имаш вишок кг би требало да ослабеш.
Истото што секако го купуваш, дури може и поефтино да те фати. Домати, пиперки, итн салати, овес, јајца, мелено месо јунешко, риба можеш да бираш, пилешко, павлака со 0 масленост, урда... ништо спектакуларно
Ни јас не сакам благи појадоци, менувам со солени. Освен палачинките Јас не можам и да сакам леб со пример вторничкиот, јајцата со овес, ме најадува и тоа баш. Мој совет ти е наместо да додаваш јаглехидрати, додај протеин повеќе - пр. ако се 2 изеди 3 јајца, место 100 гр изеди 150, место 200гр пилешко, 250, место 1 лажица, 2 урда... ако си гладна подобро дојади повеќе протеин Ти кажува некој што јадеше тестенини во сите комбинации, плус леб сув ми е убав. Или касни оризови галети наместо леб повеќе да јадеш. Верувај шеќер и леб мене 130кг ме направија, ништо друго. Имаш доволно јаглехидрати вклучено, ако баш си гладна касни протеин, и јади си ја ужината
Еве јас на пример отфрлив бел леб уште пред 4 месеци, интегрален јадам кога имам манџа или нешто шо мора да каснеш и леб. Тестенини сведов скроз на минимум, од 7 дена у неделата, јас јадев 5. Сега кога ќе каснам макарони, после пола саат се чувствувам гладна, и почнав максимално да ги одбегнувам тестенините. Од 2л кока кола на ден, сега пијам по 1.5-2л вода. Чипсовите веќе ми се 2 месеци тргнати скроз, благото исто, освен пред циклус знае да ме фати ненормална криза, ама си дозволувам 2 реда чоколадо. За 40-45 дена намалив 4кг. Свесна сум и не очекувам дека за 2 месеци ќе бидам манекенка со рамен стомак, за тоа треба време и многу истрајност. Кога ќе ја завршиш програмава навиката ќе ти остане. После самата ќе знаеш шо треба да внесуваш, а шо да одбегнеш. За цените гледам ти пдговориле, и се согласувам со @CameliaMiller дури и поефтино ќе дојде затоа што веќе нема да трошиш пари на чипсови и глупости. Ќе ја купуваш само здрава храна и ќе читаш нутритивна вредност за се.
-6кг само со исхрана уште некој кг да намалам да да почнам да вежбам,тешки си се вежбите и сум повеќе за кардио
Може малку типс како пазарувате и ја подготвувате храната? Денес добив имеил со листа за пазарување, и сакам да кажам дека супер изгледаат продуктите. Претпоставувам многу полесно и поефтино е да пазарува човек за цела недела претходно, ама јас технички нема да можам да го изведам тоа, а и друг момент е што до неделата ништо свежо нема да има. Но поважно е што јас имам многу малку место во фрижидер, па мислам да пазарувам и да готвам на 3 дена горе-долу. Друг клучен момент е што не сакам да готвам. Летно време уште помалку. Треба да соберам од дома пластични садови за складирање за да можам да ја разделам правилно храната по денови. Вкусни се оброците кога не се најтазе приготвени? Јас мислам во недела да готвам за 3 дена, и после во среда до петок еднаш за да можам да комбинирам со работа. Како се прганизирате вие?
Купував на почетокот за 1 недела, па после за неколку дена 2-3 пример однапред тоа што ми фали. Готвев секој ден или доцна навечер или рано одсабајле бидејќи ми беше поедноставно. Си купив стаклени садови и така си складирав за на работа. На работа носев појадок, ужина и ручек. Не мора се да оди во фрижидер така да можеш на 3 дена да испазариш. Некои работи сакаш нејќеш се купуваат секојдневно.
Се пријавив и јас за прв пат. Намирниците и мене ми се во ред. Сега не ми е јасно само таа ги дава рецептите или ние треба да си комбинираме од тоа што го има дадено?
Јас готвев за 2 дена унапред, палачинки пример правев дупла доза и ги замрзнував за другата недела. Никогаш не сум правела 3 оброци во денот и сега искрено мачно ми дојде. Иако рецептите се лесни и едноставни ама мене напорно ми дојде
Ми беше интересно твоето мислење. Ама гледам нема пишано поново... Да не се откажа пак? Или се држиш?
Еве пример мене во вторникот тој доручек ама ич не ме држи, наместо тие 2 лажици овесни јас би заменила со парче тонус, така повеќе би се залажала некако. Инаку за оваа другото ќе те послушам, ќе јадам повеќе од протеините барем додека да се привикнам и да не се откажам. Мада сега некако сум баш мотивирана. Еве оваа недела терам добро, по мое како што напоменав. Моменатлно сум кај мојте и за ручек имам готвено нешто го јадам без леб. Сабајле се мерев бев 108.100 грама, онојпат после пишаното се измерив 111 кг Знам дека е вода, ама ќе почне и салото да се топи хаха. Ќе се бодриме и ние потешката категорија. Тебе како ти оди, колку си минус?