Хаха сеуште не и не планирам овојпат. Добро се држам искрено, се надевам ќе ме држи мотивацијата и натаму.
Женски ми треба мислење, се пријавив на вториот предизвик, е сега во втората недела јас ќе бидам на одмор, што мислите, ќе можам таму да готвам толку? Или да си го продолжам кога ќе се вратам? Нема шанси Грција да барам киноа и над тенџере цел ден. Освен некако да си модифицирам...
Како бе цел ден? Стануваш сабајле спремаш доручек и ручек и готово, за пола саат си готов, вечерта вечера и толку. Брзо и се спремаат јадењата, кај цел ден над тенџере.
Па не знам баш какви рецепти има, првпат се пријавувам. Башка и со мало дете на одмор не знам како ќе го распоредиме времето. Ќе гледам да се придржувам колку можам, нешто ќе заменам си велам А оброците се исти секоја седмица или?
Јас не би готвела на одмор, ама јас Ако си решена да слабееш таа недела јади намесо гиро, салата и така смени ги сите оброци со здраво нешто па продолжи си кога ќе се вратиш дома. Подобро вежбањето не го прескокнувај.
Да прашам уште нешто Видов на видеата кај неа дека има вежби и со ластици и тегови, тегови имам од 1 кг, а ластици немам, треба ли да се обезбедам со нив и од каде имате купено? И теговите од 1 кг дали се доволни или треба од поголема килажа?
Тренингот ќе биде поефективен со ластици ама не се задолжителни, можеш и без нив. Јас си купив и со тој најслабиот вежбав ама нозете горат после тоа
Вкупно 8кг за месец ипол, денес мерено. Со забушавање во вежбање. Храна од предвидената, најчесто по мој ред - пример денес јадев понеделнички појадок и ручек, оти имав печурки што ќе им помине рокот до понеделник. Јас леб воопшто не јадам веќе, ама искрено на "око" ми е малце едно парче, па не ни купувам. Башка кој ќе го замрзнува итн. Оризови галети имам за понеделнички појадок и др. оброци кај што е предвиден леб. Исто тестенини општо се' исфрлив, ни тогаш кога се дозволени не ги јадам, толку малку не ме најадуваат, па наместо тестенини, и со салатата јадам галети, мене барем мн. повеќе ме држат сита. И исфрлив шеќер скроз. Тоа ми е ново 10тина дена, ама се навикнав
Пробај следен пат со тестенини од леќа или некои интегрални. И јас мислев малку ми е, ама не е така. Еве сеуште јадам тестенини по 50гр и таман ми е.
Алчни сме на око затоа така. На почеток и јас кога видов 50гр макарони т.е 50 макарончиња леле викам што е оваа толку малку, ама салатата со нив ја обожавам. И те како најадува макарони,1 патлиџан 1краставица и фета 30 јас најчесто 50гр јадам Од глава не ми излага тост еве веќе месец време,ако јадам ќе ми биде криво ако не ќе се згрешам шѕом почне предизвикот и уште толку ќе ми е тешко Едвај чекам понеделник,мотивирана сум дека знам резултатите се неизбежни Претходно не се сликав ама сега планирам утре да се сликнам,најмногу се гледа споредба на слика
Зашо не смееш тост? Мораш исклучиво од рецептите да јадеш? Или само предлог се тие? Зашо моцарела? Моцарела е дозволен а кашкавал не? Онака прашувам, не сум запознаен со предизвициве.
Како е подобро да платам и што добивам? За 690 имам еден месец, а за 1390 три месеци така ? Колку време трае една програма и дали може месец за месец да плаќам? Некако не можам да се снајдам на сајтот, многу ми е нафрлано необјаснето.
Фала ти @Ladybug98 Сега гледам го има објавено менито за во понеделник, ама има само појадок, ручек и вечера. Нели треба и ужинка да има или тоа го пишува на фб страната?
Да, моцарела или кравји кашкавал има во програмите, не многу нормално. И фета сирење има. Пак се тоа ограничено по 30гр, ништо премногу.
Пробав, умирам од глад после, ми се грицка нешто. Баш малце ми се Не смееш тост, имаш предвидено секој ден храна што треба да јадеш Макар сама Ана вика ок е cheat meal, само одма после продолжи си со програмата. Моцарелата е многу по немасна и некалорична од кашкавалот, младо сирење е за разлика од кашкавалот. @Viktorijaaa5 направи си тост, баш понеделник ете има 2 лепчиња, гледај само состојките да ти бидат "понормални" Јас лично не се водам 100% по програма, оти сакам да ми стане навика и за понатаму, а кога некоја храна едноставно не ја сакаш - не ја сакаш. Уште од сега знам дека авокадото ќе го менувам со урда, не го сакам, пробав во првиов летен и не, не е нешто што сакам да јадам и тоа е. Ама па кај што можев да направам сериозна промена - исфрлање тестенини а толку ги сакам, значи можам секој ден макарони да јадам, лепче суво со ништо можам од што ми е вкусно, благо немам мерка... ете тоа сменив највеќе Инаку, дали смееме песто (босилек, маслиново, пармезан малку внатре) да го јадеме? Би го изоставила оревот оти тој е доста калоричен.