Ovosjeto moze li sa go menuvam, na primer dinja nejadam, a jagodi ne najdov sa kupam, pa mesto jagodi da stavam malini
Држи се, нема откажување, само продолжи и мислам дека ќе ти легне исхранава ептен. За глад само додавај повеќе протеини и ќе те држат сита подолго. На пример, мене малку ми е месото во денешниот ручек, додадов уште. Ако нема јајце во некоја комбинација, додавам. За вежбањето... Најнормално е тоа што ти е напорно, немој да се чувствуваш лошо за тоа, сепак со тек на време ќе станеш посилна и ќе ги правиш побрзо и подобро. Не брзај додека ги изведуваш вежбите, поважно е да се трудиш правилно да ги правиш отколку да имаш повеќе повторувања. Подобро два исчекори правилно отколку 5 набрзина и неправилно. Полека, ќе зајакнеш и како што ќе се намалува килажата, така и полесно ќе ти е. Поточно, не станува полесно, ти стануваш посилна Може да имаш супер резултат кој можеби најмногу ти ќе си го забележуваш на почеток, но ќе ти е огромна мотивација за да продолжиш. Издржи, ќе видиш на што мислам со ова. Те читав дека ти е напорно. Те сфаќам, знам, но знам и дека можеш да се организираш и да успееш.
Јас денес сум каша попара со хранава. Барем калории се ок, иначе врска нема моево јадење денес со никаков ред и програма, прв пат од почетокот ваков ден да имам. Доручкував галети со пола грчки јогурт (со зачин лук и копар), ручав овес со другата пола од јогуртот и црна сол, вечерав чипс од галети со една лажичка песто. И ужинав банана Јас и понеделниците не сме другари, од вторник поасално се почнува Лично на око повеќе ми се допаѓаат од летен 1 рецептите, овде така-така. За вежби уште не сум ги погледнала, викам денес параспур
На се' пишува калории, проверувај си Чиа и секакви семиња имаш во Кам најефтини, а секако по маркетиве има и од повеќе производители.
Не сум во Македонија. Барав во големите маркети тука и немаше, ќе побарам во тие за здрава храна. Пудингот е сладка верзија доручек, и баш сакав да го пробам, но тоа е. Немам идеја колку калории е нискомаслената урда, затоа прашав. Котиџ лајт 100гр. 70 калории па препоставувам тука некаде се и двете.
Можеш котиџ да користиш, слично е со урдата. За чиата не би знаела да ти кажам, ама сигурно има, доста жени има во странство што се на програмава, не сум прочитала во групата дека не можат да најдат некои намирници.
@S.o.F.i не знам со колку кг почнуваш, но искуствено после месец дена, иако уште не можам сосема и скроз да ги правам, кондиционо сум даааалеку подобра него на почетокот. Искрено споро слабеам (ако видиме дека некои по 10+ кг се ослабени) но не се жалам ич ич ич. Упорност само, падни стани, погреши поправи се, ќе биде. Резултати очигледни и да нема вау, оние внатре во себе што се осеќаат, е тие вредат најмногу
Чиа има скоро секаде, можеби не си нашла, прашај некој од вработените каде стои нареден пат за побрзо да ја најдеш. Мене ми се гади ми се повраќа од грчки јогурт. Мислев којзнае колку е ок порано кога гледав рецепти и кога пробав со корнфлексот ми се згади. Не знам како да му дадам шанса? Инаку мој совет ако не можете кафе без млеко тогаш пијте кафе со млеко, прво пробајте без или ставете помалку млеко ама ако не оди тогаш пијте си со млеко. Ако се следи ‘во целост’ програмата нема да има некоја голема разлика дали кафето сте го испиле со млеко или без или дали сте направиле нешто со некоја состојка плус минус. Најважното е да се вратиш повторно на патот и да ти стане животен стил. Јас сум во период во кој секоја вечер јадам нешто благо ама тоа не значи дека сум се откажала, период е, ќе се вратам во колосек, и со тек на време се помалку ќе излегувам на тротоар. Целта на муабетов ми е да не помисли некој што мора да пие кафе со млеко и слично дека се откажал или толку готово ништо од програмата. Не се водиме сите совршено по програмата, балансот бил 80%-20%
Уфф денес доручекот топ, само не ставив никаков засладувач. Ручекот го менувам со риба оти имам посебни гости. Сношти издржав да не каснам од тостот на ќере
@CameliaMiller , @Annath , @gjoker4e девојки благодарам на одговорите, чиата во двата блиски маркети ја немаше, во други сигурно има.
Мене ми е .... павлака ко павлака, само обезмастена Ако толку не го сакаш, земи си баланс јогурт или било кој само од овие што се лајт варијанти. Јас едино грчкиов не го можам во благи, значи кашана од летен 1 мислам ради него ми се згади, гледам и со овошје го мешаат, јас единствено во солена варијанта го сакам За пудинзи, смутиња итн. обично млеко, не ни експериментирам веќе после кашата
@Snow-Star за урда замена барај рикота. Cottage cheese има друга текстура и поводлесто е. Ако ти треба за рецепт нема да испаднат дел до рецептите (знам кога живеев во Велика Британија ова ми беше проблем). А ако е само како замена во однос на калории гледај калории и ако одговараат терај со тоа. Чиа ако нема во маркети во продавници за здрава храна сигурно има.
Женски, јас од утрешното мени не го јадам ручекот. Дали е дозволено обична купечка супа, само водата, без фиде? Ако не е, со што да заменам? Салата или лубеница можеби?
Можеш леќа манџа ако не јадеш супа од домати. Ако не јадеш манџи и супи, тогаш замени со друг ручек од предизвикот, ама гледај калорискиот внес да е тука некаде.
Дојде денот да се испогрешам Прв пат од почетокот на летен 1 јадев благо. Прв ден добиено и никаква можност да си зготвиш или барем нарачаш, тоа ти прави. Ќе си простам де сега, утре е нов ден.
@Lalalupsi можеш да јадеш готова супа сосе фиде, само не дотурај фиде. Во прв летен имавме супа, со сите салтанати, јас лично не ја сакам со кромид, брокула итн. па или правев обична кесичка супа и со едно парче леб ја јадев, или со 50гр. стек си правев супа (со морков и магдонос и 1 коцка за супа пилешка или зеленчукова) оти вегета не смее затоа коцкиве; и фиде ептен малце, дали 15-20гр. И обавезно јајцето си го ставав да кажам Мислам не ми беше ново супа со јајце во програмава, и претходно си правев така, само место со стек со месо од копан правев, и на крај јајце си разматував, превкусна ми е така
И јас ќе ве дружам во 2ка. 3 ипол месеци по пораѓај конечно решив дека е време за слабеење (3 месеци само кукам). Иако повеќе на вадење ми се овие денови, дека дојам па ок е нешто да забушавам Понеделникот го извежбав, ама вчера не Денес, кој знае дали ќе се наканам да го извежбам вчерашниот тренинг Инаку, јас од претходно многу сум задоволна од програмите на Ана. Терав претходно 2 летни, па 3 месечна програма до пред бременост и баш си направив тело како што сакам Ама затоа во бременоста си се здебелив машала Сега ми останаа уште некој 6-7 кг да симнам да си бидам ок задоволително, дека ќе истерам до крај Јас плус во комбинација со фастинг терам (полнав пред една недела и супер ми делува, за 1 недела 1,5кг скоро).
Да Оли, сега исхраната ми е поубава искрено од летен 1 и повкусна. Сега за сега супер терам, еве ќе ја правам сега супата од домати и само денес имав ужина од 3 помали парчиња лубеница без сирење. Инаку вчера земав да вежбам, пола не ни успеав да ги направам вежбите па земав си пуштив од денсот и барем убаво се препотив. Па подобро нешто, отколку ништо. Мотивирана сум многу и сакам и морам да успејам. Од гардеробата голем дел не ми бидува и многу се нервирам. Друго многу би сакала кога ќе дојде ден да облечам убав шорц и да не се срамам од целулитот што го имам. Фала за поддршката која секогаш несебично ја даваш, прво за бебче, а сега за мама. Те гушкам
Ете, супер си направила што не си се откажала кога си ги прекинала вежбите, си зела да денсаш Ќе биде подобро секоја недела, ќе добиеш сè повеќе кондиција и издржливост за вежбите. Облеката нека ти е мотивација, мене секогаш ми била. Облекувај си ги алиштата на неколку дена и кога ќе забележиш разлика, па ќе видиш колку плус мотивација ќе добиеш. Само храбро, ќе бидеш добро
Почнав од претходниот понеделник и измерени цели 111кг Сабајле се мерев 107.650. Знам дека е вода, ама делува мотивирачки. Прва цел е да видам 99, па да успејам и до 80кг. Висока сум па и со тие кг ќе сум Ок. Последно пред свадбата бев 75 и изгледав добро, само уште да вежбав и ќе изгледаше уште подобро. Овојпат нема откажување, како што велиш падни стани и продолжи напред само така ќе стигнеме до целта. Си згрешила, луѓе сме се случува секако. Денес немам ни брокула ниту тиквички, имам спанаќ ама замрзнат. Да пробам од тоа нешто да правам или да имам ужина некое овошје и директно да ја правам вечерата? Знам дека не е убаво да се скокнува оброк, ама денес незнам како ќе биде. И заборавив да пишам денес овие вежби можев да ги правам, секако поспоро ама се трудев и плус денсав на фиеста латина омилена ми е.