Немој Мери жити бога! Жената скроз се мрдна со умот. Зборува за теми како да се има просветлено и искрено освен за вежбите за дијастаз друго се е како на некое дете да му дадеш да напише неколку вежби за физичко. Храната, да си погинеш после трети ден. Јас исто се мислев помеѓу нив двете и погрешив. Прво бев на програма за дијастаз за после пороѓај и ок. После кога платив табата, се упропастив. Жената нема благе везе са животом, а и таа Слаџана Џези нејзината нутриционистка која божем го спремаше менито.. Х А О С! Ана е божица, она мисли на се. Она тестира се, испробува пред да каже и даде нешто. Рака сечам сега за Ана, прво бев скептик, ама Ана си е АНА. Препорака од менеееее амин
Фала за искуството, ќе одам кај Ана. Пишав и одма врати,кажа дека групата ќе ја води специјалист. Ќе пробам со нејзе,Мери отпаѓа дефинитивно.
@JuLleE немој кај Мери. Јас бев, само на растителен протеин е исхраната, скарана е со месо, мртва гладна ќе си, а цел ден во кујна во сецкање. Кај Ана имаш месо јајца урда моцарела...и да немаш време за готвење со децата секогаш можеш еден стек да нарачаш или да спржиш јајца.
Специјалист по…? Во делот за вежбите или исхраната? Инаку и јас би сакала да ја терам програмата, па ако може некој што ги следел нејзините програми да ми пише дали ми се нереални очекувањата дека ако почнам со 77кг можам да ослабам 10кг до крајот
До крајот можеби и не, ама ако си го тераш тој режим и понатака, ќе ослабиш и повеќе од 10. Ама кај неа е принципот да смениш начин на живот и начин на исхрана, така да се храниш и понатака , а не да се вратиш на старо кога ќе заврши предвидениот рок за програмата.
Ги немам лично видено програмите на Мери, ама бидејќи работам на иста проблематика, доста жени постпородилно кои биле на нејзините програми кога ќе дојдат кај мене и ми кажат што се правеле... ми се плаче! Значи дијастазот е сериозна работа и многу широка и комплексна тема како да се третира... уште кога ќе видам дека тврди оти за 20 дена дијастаз од 6 прсти се затвора на 2, а притоа постира слики на кои жените изгледаат речиси исто, мене ми е тажно зошто некој плаќа и верува во тоа! Не препорачувам онлајн програми постпородилно, бидејќи активацијата на одредени мускулни групи е многу специфична и ако се вежба со дијастаза, не секоја вежба е соодветна за секој, без разлика на нискиот интензитет. Ако активацијата е грешна, во поглед на дијастазот може да нема и никаква промена, само да се симни килажа доколку храната е регулирана и толку.
Јас сум малку трудничка ама ќе ја купам новата програма, оти ако не ќе ми порасне гзот пак ко пред 2год. А се мразам таква, кај трудна па и дебела и отечена цела Како ми е се испланирано, не би се поправила многу до крај, би се породила здравје во април, па од мај директн на летен @Трепетлика Не е невозможно доколку го следиш планот. Изминатава година како што изгледав, никогаш во животот подобро не сум изгледала. Најслаба и најзгодна од кога знам за себе
Ако почнеш од денес ќе ослабеш 10 кг до крај на програмата. Ниту Ама ниту никој не може да помогне доколку ние самите не одлучиме не пресечеме. Јас вчера вечер јадев пудинг и одма Ана ми е во глава со нејзините сториња. Ја чекам програмата, а во меѓувреме јадам благо. Не вежбам ич. Станав дупло од пред Ана. Не знам дали е подобро програмите да и траат без прекин или вака на паузи да слабееме па да се дебелееме. Што мислите вие како е подобро?
Инста мама програмата за колку после пораѓај е? Јас 6ипол м како сум породена, вратив килажа ама форма тешко Или да си терам сепак фит/бути
Колку време трае една програма и колку долго има пристап до купените? Дали доволно долго за да може да се купат две програми и да се следат една по друга?
Пазете со рецептите проверете, неколку пати ми има излезено дека калориската вредност реална е мн пониска од нејзините напишани вредности...
Инста бути, ќе вежбаш со низок интензитет. Ќе качиш ама мускулна маса не сало. Зависи, летните предизвици се по 4 недели и уште 4 недели достапност, инста фит и инста бури лани беа по 8 недели а претходно биле по 12 недели и исто толку имаш достапност потоа. Можеш да комбинираш секако. Мислам дека и мама фит ќе биде кратка. Мене ми беше малку летниот предизвик искрено само 1 ниво вежбање па комбинирав.
Сакаш само да зголемиш килажа, или да зголемиш мускулна маса? И за двете треба да јадеш повеќе, но доколку сакаш да градиш мускулна маса, треба да внимаваш на внес на макронутриенти, и секако соодветна тренинг програма
Се придружувам и јас овој пат. Ова се три посебни програми така? И секоја посебно се купува? Сите три ми се интересни, како да знам која да ја одберам? Сакам инста фит да го стопам стомакот и рацете, сакам инста бути да го дигнам задникот и сакам инста мама чисто да видам што содржи. Пост партум одамна ми пројде но стомакот си седи, никаква физичка активност немам од кога се породив, па скоро пред две години. Последниов период многу неубаво и неудобно се чувствувам, едвај чекам да почне.