А ако направиш нешто и го продадеш, те прави успешен? Сите знаеме колку глупости има кои успешно се продаваат на интернет, само заради добар маркетинг, не дека вредат.Не зборуваме тука за успешни приказни за слабеење, правиме муабет за потенцијално сериозна медицинска состојба. А од тоа „оставете ги луѓето да си работат„ секој овде си работи што сака, без никакво познавање за истото и тоа е она што ми смета, па „мрчиме“ оти луѓето немаат етика во работата, некако станале наводно успешни, па користат голем following за да продадат уште нешто. Марија била и нутриционист...и? Пак ќе прашам како ја прави стручна да третира дијастаза? Не мора мене некој да ми верува на муабет...а зошто верувате на муабет на Марија и Ана? И тие само на муабет буквално кажуваат дека програмата е безбедна за мајки... Јас не правам муабет, јас ќе докажам со факти зошто не се стручни, зошто јас всушност СУМ постпородилен тренер, кој потрошил речиси 4 години, време и пари за да се образува за истото, кој работи со реални клиенти, а не програмчиња на интернет кој се за сите исти....ама еве не мора мене на муабет да ми верувате
Дијастаз може да се намали и од Јутјуб. Не е квантна физика. Вака испаѓа како да и љубомориш. Самодовербата пред се игра најголема улога во тоа што е Ана успешна. А секако е и посветена и реална и се без разлика дали копира некој или не. За намалување диастаз не треба факултет. За операција за намалување диастаз треба факултет да има .
Затоа што се успешни, не кажувам само јас. Марија не прави програма за дијастаз, прави програма за исхрана. Со оглед на тоа што 5г некој работи успешно веројатно е доволно доказ дека е успешен, досега немаше да опстане ако не беше така. Нема да се докажувам, за мене она е успешна и тоа што го прави има смисла, функционира и е доволно да останам на нејзините програми. Секое добро, но анонимен лик на форум ништо не ми значи наспроти некој кој јасно и гласно го презентира тоа, го продава легално, плаќа данок на тоа, се грижи за своите корисници и има успех. Толку од мене, нит сум платена да ја рекламирам, нит сум и адвокат, само ме иритира кога некој мрчи позади тастатура.
Да љубоморам на што поточно? На нејзиното незнаење, или глупостите кои ги треси? Посветена е да, а за реална...мало сутра... добро можеби таа мисли дека е реална, а исто и ти...секој си има право на мислење. Ако се намалуваше дијастаз од YouTube, сите ќе го намалеа, а се додека сметате дека не ви треба познавање и образование на истото, терајте си по ваше немам ништо против. Ајде ќе гледаме на youtube како се поправаат заби, па ќе поправаме сите...свашта
Ако ти не ме познаваш, не значи дека јас сум анонимен лик и јас јасно и гласно ја презентирам мојата работа, плаќам даноци итн. мноооогу подолго од 5 години, ама заради тоа што не се експонирам веројатно сум неуспешна како и да е јас само кажав дека не се стручни, а ако ти или било кој друг одлучува да плаќа за тоа, ваш избор.
Ако си клиент како ќе приметиш? Кога јас како клиент ангажирам професионалец, претпоставувам дека тој знае повеќе од мене на темата, па која сум јас да ја оценувам неговата стручност така? А ако збораме за глупостите (ги има многу) ама еве конкретно на темата една, ја цитирам „програмата е безбедна за дијастаз од 2 прсти„ Што подразбира под тоа и зошто тврди дека е безбедно? 2 прсти клинички не се ни рачуна за дијастаз, но праксата е поинаква. Таа нема ни теорија ни пракса...Неспорен е фактот дека успешно изгради име, маркетингот и е на завидно ниво! Но нема С од страна на стручност! Немам ништо лично против неа, можеби е супер како личност, ми смета само неетичкиот начин на пласирање на програми за продажба за кои нема соодветна обука.
Додека овде пишуваш анонимно си анонимна. Ние не можеме да знаеме која си, а овде има куп жени кои имаат свои бизниси и знаеме кои се и не се анонимни, така да за нас си моментално непознат лик кој можеби и лаже за нејзината стручност. Вака реално! Ама тоа не е нејзин став, тоа беше прашање од жени, Дали може да се вежба со дијастаз од 2 прсти? Она одговара, да може. А дали е стручна, па не знам, со резултатите очигледно кажува дека е, а од тебе резултати не гледаме, нели?
Пак ќе повторам, ако ти не ме познаваш не значи дека сум анонимус, има луѓе тука кои ме познаваат и нема потреба лично тебе да ти докажувам која сум и колку сум стручна. Кој колку е стручен, има институции кои можат да потврдат и тука ќе завршам со тоа. Што се однесува до дијастазата, како таа тврди дека може и е безбедно? Како не е нејзин став? Дава тврдење дека може на основа на ништо! И за кои резултати зборуваш, досега никој не ја има користено програмата, што значи резултати нема сеуште. За моите резултати, исто нема потреба да ги пласирам, кој што сака ќе ме најде, кој е задоволен ќе си каже. И во претходен коментар те читав велеше дека и покрај тоа што можеби копирала програми од светски познати тренери и ги презентирала како свои (за што јас еве не можам да тврдам оти не знам ) тебе ти се допаѓа и би купила пак. Значи продужи даље, купувај си никој не ти брани, не мораш да ја испитуваш мојата личност и стручност. Веројатно имам право да кажам мое мислење, форумот е отворен за дебата.
Aбе ти слободно кажи, никој не вика не, ама многу е глупо да напаѓаш некој кој во случајов ти е колешка. Безвезе е. Мене лично знаеш на што ми личи тоа, на љубомора. Јас на пример никогаш не би купила нешто од тебе со ваквиот став.
Малце бегаш од забелешката на претходниот член, поенатата е дали е доволно стручна и обучена за конкретнава програма, а не за љубомора. 6+3 се 9 и 5+4 исто мора да почитуваш мислење кое не се совпага со твоето.
А од кај знаеме дека е она обучена? Позади тастатура сите може да бидеме и претседатели а не стручњаци. За мене Ана е стручна и обучена зошто она што она ми го продава ми функционира и ми решило страшен проблем кој ми го уништуваше животот и доживотно ќе и бидам благодарна, а членката погоре тврди дека не е така, ус тоа не пробала ништо од тоа што го продава Ана туку видела на стори одговор на прашање, прашање за дијастаз кое се решава и без Ана и без стручна помош и за тоа има позитивни примери, ама според неа не е така.
Не нападнав никој, кажувам тоа што и ти го знаеш...дека не е стручна дека копирала и тако даље...значи таа во лице ве лаже, ама ок е ти си задоволна и си купуваш програми. И во ред...јас немам проблем со тоа. А да ја декларираш како моја колешка...е тука веќе ме навредуваш, не само мене туку сите сериозни тренери кои се занимаваат со ова и потрошиле години да стекнат знаење.
Членот ти пиша некаден јас сум волку онолку стручна, ти ми иде дека само сакаш да контрираш.Значи тоа е состојба специфична за која треба одредени познавања во одредена област, и дека таа особа со таа вокација не би можела да ги има. Ама ти упорна со муабетот.Колку ти и веруваш на Ана можеби толку некој не и верува секој е убеден во нешто па еве ке почне програмот ке има искуства.
За да бидеш од нешто незадоволен треба да пробаш и да речеш Ова не функционира! Така да прекинувам дебата на темава.
Секој што малку има познавање од тематикава знае дека Ана ни под разно не е стручна за тоа што го работи, нооо некои луѓе имаат голема самодоверба и знаат како да ти продадат приказна, а колку повеќе немаш познавање во таа област, полесно се лажеш и за нив Ана е нај нај и ќе биде, што и да кажеш. Ако малку пролисташ на нет, ќе најдеш бесплатни програми, какви сакаш, сакаш фитнес, пилатес, стречинг, јога и тоа од луѓе што си ја знаат работата. Ама не е интересно да вежбаш по тие програми, поинтересно е да си платиш, па да добиш мотивација, што за мене е и тоа во ред.
Тоа е истото што сакам да го кажам, дека јас дури и се восхитувам на нејзиниот маркетинг и колку добро е се тоа спаковано, ама тоа е само амбалажата со цел да се привлечи внимание, не значи дека програмот вреди. Финансискиот влог е секако мотивација да почниш и да се држиш до нештото, но зошто би платил на некој кој не знае, наместо на некој кој знае? Тоа е тоа што никако не можам да си го објаснам...
Затоа што луѓето е многу лесно да ги излажеш, особено кога немаат познавање во нештото. Програмот на Ана функционирал?? Да секој програм функционира, кога од физички неактивна особа и особа што не внимавала на исхрана, ќе започне да биде физички активна макар и трипати неделно и ќе почне да внимава на исхрана.
Не знаев дека треба да доставам диплома од моето образование за стручност за да дебатирам, не спорам дека ти помогнала, јас се огласив по конкретната програма. И да, доволно е едно стори да видам за да знам дали нешто функционира или не и исто можам стручно да ти објаснам и зошто ако веќе толку сакаш да знаеш. Дијастаз не е проблем кој се решава ни со Ана ни без Ана, туку е потребна многу поголема стручност од што ти мислиш...веројатно не си имала сериозен дијастаз, па затоа така се изјаснуваш.