Аууу јас се саќавам на овој марио од времето на кајгана форум. Беше средно и делеше совети на кого како му затреба за исхрана и тренинзи, тогаш веројатно се бавеше со тоа рекреативно. Имаше некој план за исхрана изработено и оставено знам дека доста ослабеа и таман да го најдам гледам документот недостапен. Али името ми остана и ден денес во глава. Сеа отварам профил кај оваа софија и гледам дека се работи за тој истиот марио.
Јас бев на претходната програма на Ана зашо ме интересираше храната и сакав рецепти да знам за здрава храна со достапни состојки. Се придржував две недели со исхрана и вежбање и ослабев 3-4 кила мислам, после ми здосади веќе. Не ми се свиѓаше тоа што програмата за вежби и исхрана е иста за сите 4 недели. Искрено мислев секоја недела ќе биде различно, едно исто ми здосадува мене. Не ми изгледаше како да се потрудила нешто многу, ни бапна програма за 7 дена да ја правиме 4 недели..
Факт е дека неможе еден тренер да им се свиѓа на сите. Јас кога тренирав аерообик имаше две инструкторки па едната ја обожавав а со другата сосила вежбав, така и Ана и Софија и кој и да е. Мислам дека нема потреба од толку хејт. Секој со своето искуство се поправа. Секој добива критики и пофалби и се поправа врз основа на нив, па така и Ана. На двата предизвици сум и од првиот до вториот има големи позитивни промени поради затоа што беа посочени како недостаток. Плус програмата ни е водич, не треба Ана или кој и да е друг инструктор или нутриционист да ти стои над глава за ти да имаш реултати. Мора и сам да се потрудиш. Тие ти даваат насока па останатото е на тебе. Ако некој не може да се снајде сам со вежби и исхрана бара помош од некој што знае повеќе од него.
Кога ти треба програма без да платиш, би те советувала да најдеш на гугл од тренери што се светски познати има доста верзии бидејќи се подложени на чести хакирања а програмите им се по 40-60 па и 100 страни а не книжулче од 10 страни и тоа да важи 4 недели. Секое добро
Не знам дали вежбаш дома или во теретана но мило ми е што имаш позитивно искуство со неа. Не сум тука да попувам секако, но кога некој е понавлезен во бодибилдинг теретани може одлично да процени кој е добар тренер а кој не. Многу девојки сакаат да ослабат за кратко време и мнооогу тренери (инфлуенсери) го нудат тоа но тоа не е некој нормален и реален процес да не навлегувам во физиологијата на истиот, и затоа во поголем дел од случаите се случува повраток па и накачување на килограмите. За такво слабеење како некои што го нудат, треба КРИСТАЛНО ДОБРА ИСХРАНА ( 1 cheat meal во неделата) , многу тренинг и тоа ТЕЖИНСКИ (тежината е таа што влијае врз муслулна хипертрофија а не безтежински тренинзи иако со безтежинските резултати имаш на почеток јас што би рекла чисто да се израдуваш и после мускулот ти бара напор за да може да расте), и соодветна СУПЛЕМЕНТАЦИЈА ( бидејќи за слабеење внесот на протеини треба да е поголем одошто јагленихидрати а секое месо нема 100% протеин туку е мешавина од протеини липиди и ј.х). Мислам дека ме разбра што сакав да кажам не ми е намера да изразам хејт, туку колку можам да освестам луѓе да не трошат пари залудно кога резултатите не се долгорочни
Немаме некаква книга, имаме акаунт на една страна и таму се најавуваме за програмата. Не би можела да ја споделам затоа што се видеа и рецептите со слики. Нема начин. Инаку, покрај тоа што кажав погоре групата на фејсбук многу ми се свиѓаше како идеа, дава мотивација кога ќе видиш некој друг постирал од тоа што јадел или вежбал според програмата.
Професионално точно кажано. Сите сакаат полесен и побрз резултат а то тешко се достигнува и ете разочарување.
На Марио програмата што ја нуди на неговата веб страна пишува дека се достапни 40 видеа со вежби. Он ли кажува кој ден кое видео да го вежбаш? Или како е? Гледам 1200 денари е месечно класичната програма што не е многу скапо со оглед на тоа што нуди.. Некој што ја има купено програмата да сподели искуство
Веројатно во програмата ти се искомбинирани вежбите што како зошто мора да бидат со точен редослед за максимални резултати ...
Какво искуство имате?! Јас се заинтересирав, ама се премислив. Ако гледам по градбата на Ана, мене тоа не ми се допаѓа, качување маса на долни екстремитети, изгледа здепасто и набиено. Можеа неа и се допаѓа и тоа сакала да го постигне. Друго, ја препознав програмата од една друга бесплатна. Трето, табата видеата ги има на јутрујб во секакви изданија. Малку е глупо да наплаќаш за нешто исто за сите кое е бесплатно достапно онлајн. Мотивацијата?! Работага на себе и навивањето сам за себе е најважно, не ти треба група или човек. Ама добро, не сме сите исти.
Истово сакав да го искоментирам.Случајно ја забележав на Инстаграм и се зачудив како женава продава програми за слабеење кога,барем за мои стандарди(еве не само мои),изгледа дебелка.
Мене тоа со мотивацијата, што и да е, онака како што го презентира ми делува многу фејк. Алергична сум на вакви you can do it girl, get up and work it. Значи...не, не ама не, фала. Не знам, едноставно не сакам такви личности и таков тип на „позитивност“, мотивација, што год да е називот за овие работи деновиве. Погледнав неколку видеа на youtube и сфатив дека ова не е за мене. За друго безвеза ми е да коментирам затоа што не ме ни привлекла за да се заинтересирам да разгледам нешто повеќе. Има милион бесплатни програми по нет, а и ако веќе ми треба личен тренер - порадо би си најмила некој во теретана.
Не е воопшто дебела кога е на рандом слики, само на тие што си ги промовира програмите изгледа апла набилдано. Зошто, како? Појма немам. Иначе јас сум во вториот предизвик. Вежбите се претешки, јас вежбав пред то и сепак ми беа тешки, ама токму групата на фб, кога гледам сите дека ги прават, си викам па зошто не и јас? Го можам јас ова и така... Ефекти има големи, докажано. П.с Се надевам дека не кршам правила со сликава
Малку невкусен коментар. Затоа што е тренер долго време и има познавање кога станува збор за здрава храна, вежбање, броење калории итн. Сто пати си има кажано дека повеќе си се допаѓа самата кога е "понабилдана" или како да кажам, со мускули ,и баш се нервираше што ослабна ради операцијата што ја правеше. Ако за мотивација ти треба некоја да е слаба на рекламата, тогаш уште во првите денови ќе ти ја снема мотивацијата. Гледај ја како вежба и какви и се всушност програмите...ја плаќаш програмата за слабеење, сигурно нема да ти даде некоја програма за накачување мускулна маса, не знам што има за чудење тука, килограмите кај секој различно стојат.
Во живо нозете во горен дел и се дебели, посебно квадрицепс. Јас лани ја видов во Љубљана во кафич и тогаш дознав за оваа Ана, предходно не ја знаев. Мене лично не ме бендисува како изгледа воопшто, не би сакала онакво тело напумпано.
Aха,разбирам..тоа што мене ми изгледа логично целиот маркетинг околу програмата визуелно да е блиску со носителот или претставникот на таа програма.Епа,како што пишав тоа се мои стандарди и размислувања. Ако има нешто навредливо во мислењето,слободно пријави го и нека го избришат. Невкусен коментар...... За вкусови не се дискутира.