Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летен предизвик на Ана Стојанова

Дискусија во 'Диети' започната од IAmPresident, 15 јули 2020.

  1. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе функционира на дефициратен калориски внес. Ама не дебатирам за тие програми воопшто...мене ова ми боде очи, како некој се дрзнува да дава инструкции за нешто толку деликатно, а нема никакво познавање од истото...не можам да ги избројам луѓето кои дошле и ми рекле „ бев на програма кај Ана, ослабев ја вратив килажата ама стомакот ми стои„ исто како и „правев вежби од youtube ама не гледам резултат„...дека нели секој можи од интернет да си го најди чарето... Гугл дијагностика. И допрва ќе биди така, ама живи били па видели.
     
    На simoncelicius, Rama и JoyJoy им се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    До пред овој пост, комплетно се сложував со твојот став но, овде веќе се гледа дека не е во прашање само нестручноста на Ана во однос на дијастазата т.е надѕира вистинскиот мотив зошто толку енергија вложуваш во темава. Ја вртиш водата на твојата воденица.

    Прва сум што ќе се сложи дека секакви шарлатани (зборам општо и во никој случај не алудирам на Ана), од секоја област пишуваат и продаваат на нет. Но, не постои спрега за контрола на тоа која информација ќе допре до крајниот потрошувач/клиент.

    Сакам да кажам, твоите клиенти ќе те најдат на еден или друг начин. Може прво некој треба да помине низ некое trial - error искуство за да дојдат до тебе. Но никако не си правиш услуга сама на себе поткопувајќи туѓа работа, па каква била.

    Ете, ни се допаѓало или не, Ана има своја публика и клиентела. Може нејзината работа е повеќе маркетинг и малку позајмена информација, ама го преработува и го пакува на свој начин. Потенцирам, не се ставам ни во нејзина одбрана. Да не беше форумов и темава не ќе имав ни слушнато за неа. Точно двапати сум отворила кај нејзе на Инстаграм и не ме заинтересирала за да и' се доверам.

    Во друга тема коментирав сличен случај: Магнус vs. Памела. Првиот е професионален тренер што работел со холивудски ѕвезди, втората е фитнес инфлуенсерка со милионска публика на YT и без (претпоставувам) соодветно образование. Иако сè што кажа тој како осврт на нејзината работа (во едно негово видео) беше на место, ми се вклучија сите аларми од дискретниот обид да се промовира на основа на нејзината популарност. Така што ги разбирам и девојките што ревносно ја бранат Ана.

    Од друга страна, вежбам со години од YT видеа и имам резултати. Да напоменам, стартував со нормална тежина и не мерам успех во килограми. Повеќе од година и тука објавувам што вежбам. Може малку лутав на почеток меѓу разни дисциплини но, сега точно знам што функционира за мене. Првпат годинава се нафатив да вежбам и програми (Activate на Cummings, HR 12 week 2.0 на Robertson и сега ја привршувам Fuel на Girvan). Нив интересот им е во бројот на прегледи (меѓудругото од тоа и заработуваат), мене интересот ми е во тоа што добивам бесплатна програма од етаблирани професионалци што можам да ја следам од комфорот на мојот дом.

    Сакам да кажам има и валидна и квалитетна бесплатна информација на нет и не е во ред сè да се става под заеднички именител (ко што сама велиш - ,,гугл дијагностика"). Што ќе одбереме зависи од многу фактори.*)

    *) постов не е ни про ни контра Ана; ни про ни контра NoOrdinaryMama.
     
    На sunshinebabe, Sielo❤️, happygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  3. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Го ценам твоето мислење, а енергија вложувам заради, пак ќе напоменам неетичкиот начин на продавање вакви програми кој страшно ме иритира, не е само таа, туку нема да штедам зборови за било кој да изнесам мислење по ова прашање. Не велам дека на интернет нема веродостојни информации, но тешко е да се снајдиш сам, барем за ваква работа. Иначе Гирван е топ :) не можиш да немаш резултат со таква програма,
     
    На DarkStormm, *Amethyst* и do-re-mi им се допаѓа ова.
  4. Lija.ska

    Lija.ska Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2022
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Дрвојче не знам зошто не сфаќаш дека благодатение на твојата упорност имаш успеано било каде да уплатиш ако се придржаваш ќе успееш.
    Ана не е магионичар.
     
    На DarkStormm, Ajronmen, BlackNight и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    36.760
    Пол:
    Женски
    Ана и самата си го кажува тоа на стори дека ако ние не сме решени џабе е се.

    @NoOrdinaryMama Ти ја сфаќам поентата со стручноста, но животот не функционира така. Двајца ќе продаваат сладолед еден до друг, едниот стручен за да го прави, другиот ќе му го ископира рецептот и ќе продава со самодоверба. Кој ќе продаде повеќе?
    И кога веќе има толку девојки со резултати зошто не би ја избрале Ана и покрај тоа што не е стручна. Не е се до стручноста како што не учеле порано. Самодовербата е поважна и од факултетска диплома. Секако не зборуваме за хирурзи тука за нив се разбира дека треба стручност.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    29.393
    Пол:
    Женски
    Друга е поентата на муабет во однос на стручност и нестручност. Ако сакам вежби од професионалци тогаш ќе вложам пари, а за нестручни програми има еден куп на интернетов, бесплатни(има и стручни де). Факт е дека ако било која од тие земеш да пратиш, и јадеш во калориски дефицит ќе постигнеш резултати. Ама некој го мрзи можеби да бара програми, па полесно му е да и плати на Ана и ете има бизнис. Или ете од аспект дека се вежба во група па поддршка, што ти знам јас. Иако и за тоа има на нет групи.

    А пресмешки ми беше муабетот дека плаќала данок, од кај знаете дека е пријавена да плаќа? Нит има фискални, како легален бизнис, како што и функционираат 90% од онлајн бизнисиве кај нас.
     
    На DarkStormm, sunshinebabe, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  7. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Ајде пак ќе се повторам...не правиме муабет за сладолед, ниту за слабеење, правиме муабет за медицинска состојба како што е дијастаза, за која сакале вие или не потребна е стручност, а не самодоверба. Значи пак ќе потенцирам медицинска состојба. Можеби не е животозагрозувачка, но може да предизвика здравствени проблеми ако не е соодветно третирана, па за таква работа никој не треба да дозволува своето здравје да го доверува на нестручно лице. Пак не зборуваме само за продавање на нешто, туку за третирање на потенцијално здравствен проблем. Не можеме да правиме споредба со продавање на сладолед...или ако веќе даваме споредби, еве еден пример (кој што е многу посериозен) ама поентата е иста. Имено имаше еден доктор кој својата сопруга со недозавршена медицинска школа, ја викна да му асистира за царски рез. Жена му ја направи операцијата успешно, но замислете вие или некој ваш близок да беше на таа маса? Ќе му дозволевте? Дали дека таа имаше самодоверба и без пракса успешно заврши толку сериозен оперативен зафат, сега треба да и дозволат да работи? Дали сите кои го осудија и се против ваквиот чин, се љубоморни и завидни на туѓата „успешност„ а притоа имале години учење и пракса? Докторот доби кривична пријава, ама еве гледам уште си работи, никому ништо...Заради тоа што овде никој не регулира кој што работи и со колкава стручност го прави тоа, еве има и луѓе како мене кои ќе посочат на тоа, ама на крајот пак јас сум нападната како љубоморна, завидлива па и дека дискретно сакам да се промовирам...Дали другите доктори кои посочија дека луѓето не треба да одат кај неа оти не е стручна, дискретно се промовираја? Бидејќи имаше остри критики, настанот беше на сите портали. Јас воопшто немам проблем да упатам кај некој кој стварно го сметам за компетентен, без разлика ако е моја конкуренција и многу пати сум го направила тоа, но да поддржувам нешто само заради тоа што на луѓето им донело резултати во слабеење, а нема врска едното со другото, тоа нема да се случи, па кој колку сака може да ме критикува. Плус друга работа, дијастазата не е нешто што се решава со ископирана програма...тоа е проблем кој бара индивидуален пристап, за разлика од калориски дефицит, со кој на било каков начин и со било каква храна ќе ослабиш, доколку јадиш помалку од колку што трошиш.
     
    Последна измена: 3 октомври 2022
    На DarkStormm, Dorisce, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  8. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    Ова е веќе посериозно обвинување, ако е точно. На основа на твојот исказ, подразбирам дека програмата е веќе излезена и некој седнал, ја проучил и утврдил дека е дословна копија на друга програма, така?! Не сум сум зајадлива, не е ова ниту сарказам, само прашувам дали добро те разбрав затоа што не сум во тек со детали.

    Ако е точно тоа што велиш, зошто и јавно не ја прозвете, ти или некој друг од фитнес индустријата? Не велам јавно да се прави драма, туку да се повика на одговорност. Вака е малку ко борба со ветерници.

    Те прочитав и пред да ги направиш измените во последниот пост, само не бев во можност веднаш да одговорам. Жал ми е што моето претходно обраќање си го сфатила ко критика. Не беше. Само обид да доловам како ми изгледаа претходните муабети од аспект на неутрален набљудувач (ниту сум во твојата фела, ниту сум клиент на Ана).

    И веќе кажав дека целосно се согласувам со твојот став дека секоја медицинска состојба треба да биде третирана со индивидуален пристап од стручно лице. Ти се обратив во моментот кога го прошири твојот исказ на луѓе што вежбаат видеа од YT. Да не се повторувам. Стварно звучеше ко да имаш раце полни работа од луѓе што вежбале дома, незнаејќи што прават па доаѓаат кај тебе да им ги оправаш грешките (тука ми дојде слика од Квазимодовци како шетаат по улици :?: ). И верувам дека има секакви случаи, но малку е пресилено да кажеш дека само затоа што некој вежба дома, не знае што прави. Слично ко некој обучен на Le Cordon Bleu да каже ,,не гответе дома по рецепти од нет, не знаете кој ги пишувал, ќе се испотруете. Јадете само во ресторани со Мишелин ѕвезди, кај професионалци." Апсурдно е, нели?

    Така и овде. Секако дека се можни евентуални повреди кога си неупатен и почетник во фитнесот, ама реално, колку се чести? Исто и професионални спортисти се повредуваат иако точно знаат што и како треба да прават.

    Сепак, нашите тела се интелигентни и дизајнирани за движење, па кога ќе се совладаат некои основи, вежбањето и не мислам дека е нешто што бара посебен и постојан професионален надзор кај здрави индивидуи. Но, не велам дека фитнес тренерите се излишни. И покрај бумот на соц. мрежи на пазарот има и ќе има побарувачка на овој тип услуги.

    А сосема друга тема е фактот дека од професионалец до професионалец има разлики.

    На крај, сè додека луѓево ги менуваат своите животни и прехрамбени навики на подобро, а со тоа и квалитетот на живот - fine by me. Би било убаво да се запази и етичкиот момент, ама не живееме во Утопија. И не, не оправдувам директно крадење на туѓ труд, ако тоа е случај и овде.

    Во спротивно, кој е непријателот?:wasntme:
     
    На DarkStormm, sunshinebabe, missy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Обично колку време по уплата се достапни програмите?
    Гледам пишува дека уплатата за новиве ќе биде отворена од 9 октомври. Дали тоа значи дека веднаш штом уплатиш имап пристап или обично остава рок недела дена сите да уплатат па одеднаш да почнат од одредена дата?
     
  10. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Јас не тврдам дека некој нешто копирал, него другите велат така за нејзините претходни програми, а јас само го повторив тоа. И сама во исказ претходно кажав дека не можам да тврдам за тоа бидејќи не знам. Веројатно се прават претпоставки дека ако претходно нешто копирала, ќе го копира и ова...како и да е, јас го изнесов моето мислење по тоа што го гледам, без разлика дали е копирано или не... А што се однесува за луѓето што вежбаат дома од YouTube, исто повторував нечие друго мислење, каде некој рече дека дијастаза може да се реши од интернет. Пак ќе се повторам, на интернет има многу квалитетни информации и не секој што вежба дома значи дека греши, има луѓе кои постигнале супер резултати со програми од интернет. Зборував конкретно за дијастаза, дека не е нешто што може да се реши со вежби од YouTube, не зборувам за рандом фитнес програми со цел на намалување тежина. Напротив, програми кои сметам дека се добри, ги препорачувам на клиенти кога немаат време да дојдат на тренинг или сакаат да продолжат во домашни услови. Зборувам исклучиво за проблем како дијастаза, прочитај ги моите претходни коментари, веројатно си ме сфатила грешно.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.689
    Допаѓања:
    202.285
    Пол:
    Женски
    Така е, недела дена сите уплаќаат, и се почнува понеделнички. Инстафит и инстабути се два месеци, плус два месеци гратис, значи 4 месеци, бар така беше лани, сега не знам. Мамафит мислам дека ќе биде три месеци, со три месеци гратис.
    Летните предизвици се месец дена со уште еден гратис, исто и денс кардио предизвикот.
     
    На Трепетлика му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.070
    Пол:
    Женски
    Mama Fit е 3+2.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.598
    @NoOrdinaryMama еве ти како стручно лице, како може да дојдеме до тебе, освен ако немаш реклама?
    Добра реклама продава. Не велам дека Ана е стручна, ама ете популарна е и има резултати.
    Точно дека дијастаз е проблем кој треба да се третира од стручно лице, но еве повеќето мајки кои ќе се таму, се повеќе за исхраната. Јас лично добив дозвола од гинеколог и на теретана да одам и не ми ни спомна дека мора кај стручно лице. Јас не ни знам дали имам и колку имам дијастаз и која е разликата од поправен стомак и дијастаз.
    На интернет откако се породив ми излегуваат куп статии како да вежбам и да намалам дијастаз. Некои дури од стручни лица се. На интернет има се и е достапно доколу сакаш да најдеш.
    Така прави и Ана. Јас ќе се пријавам прво заради редот и тоа бидејќи ќе платам и еве можи мотивација.
    Ти ако изготвуваш програми и се наменети пост партум, повели изрекламирај се, може некој ќе сака да слабее со стручно лице.
    И еве да бидам искрена, кога ја видов цената се замислив да земам програма од кај др. Митов бидејќи он давал персонилизирани програми и е сепак доктор.
    А јас сум плус и со целијакија.
     
    На Glowy, fana, Eli23 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    21.826
    Ќе отидам малце оф топик.

    Не знам за вас ама за мене фитнес тренер кој за "имање резултат" се фокусира само на слабеење и/или хипертрофија не е добар тренер.
    Следам и наши и странски и ретко, ама многу ретко гледам постови и совети за мобилност и флексибилност на екстремитети и зглобови, за core stability, како да подобриш range of motion (ROM), како се загреваш пред тренинг, а како се истегаш после.
    Лично од мал ROM пред неколку години трунка фалеше рамо да исчашам кај што идев на вежбање. Памтам ми се слоши од болка, раката ми се укочи у место и инструкторката многу внимателно ми ја врати на место.
    Оти да, тренер не е само да ти прати видео На еве вака прај ја вежбата и толку повторувања направи. Или кога ќе речат - од пилатес немате резултат. А зашто? Епа не слабеете и нема хипертрофија.
    Заеби што колковите и рамењата си ги вратив на место, што усовршив mind muscle connection, што подобрив грб и ред други работи ама ете оти не ослабев, нема резултати.

    И така фуфиците што го сликаат газот, можат некој пост да посветат на погорните работи наместо на нивниот одмор во Египет или кај год да е.
    Некои ги имам отследено, меѓу кои и Ана, порано ја следев. И само мислам дека е уште еден од оние типични клише тренери што не навлегува во суштината на вежбањето кога се работи за клиенти.
    Всушност ретко има такви.

    Може личат многу сложени поимите, ама ако сама не истражував за тие работи и наместо тоа некој само ми тупнеше програма, немаше да успеам во домашни услови да постигнам одлични резултати. Под овие резултати фала богу спаѓаат горенаведените работи.
     
    Последна измена: 5 октомври 2022
    На BlackNight, simoncelicius, Grungie и 2 други им се допаѓа ова.
  15. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Програмите кои ги работам јас постпартум не се наменети за слабеење, туку се наменети за закрепнување од пордување, кое иако е една нормална и природна работа, бара многу физички труд. Постпородилниот период треба најмалку да се фокусира на слабеење. Ако твојот доктор не ти препорачал стручно лице, не значи дека не треба да се работи со такво. Има жени кои постпородилно се соочуваат со ред проблеми меѓу кои дијастаза, пролапс, неможноста за задржување урина, па им велат дека е нормално да се мочаш во гаќи, роди дете сега со здравје да си го носиш.... Тие симптоми не се нормални, жени често и избегнуваат физичка активност заради тоа што не знаат дека има решение... Ама добро, како што кажа @Munchmallow20 погоре, не се за слабеење, па „нема резултат„ Како и да е, да не се повторувам, го кажав моето мислење и стојам на тоа, досега не сум видела нешто заради кое би го променила истото. А кој сака кај Ана нека си проба, нека си уплати, ќе си види... најчесто кога нема да го најде решението кое го бара (за проблемите наведени погоре, не за слабеење), се мисли дека сите такви програми се неуспешни, па ќе одат под нож. Операцијата е крајно решение и некогаш неопходно, но ако се работи со стручно лице можеби нема да има потреба од операција. Ама секој си е одговорен за своето здравје и одлуките кои ги носи на кој ќе го довери. Јас немам веќе намера да објаснувам на луѓе кои не сакаат да им биде објаснето и се убедени во нешто друго.
     
    На DarkStormm и BlackNight им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.598
    Ама ти не ме разбираш што сакам да ти кажам, јас те прашувам какви програми и што работеш и како би дошле до тебе .
    И сето ова што го наброја си бара медицинска грижа и стручно лице. Не знам кој би се лечел на Инста ако не задржува урина.
    Зборуваме за слабеење, за намалување на кг. А за други проблеми си постојат доктори.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NoOrdinaryMama

    NoOrdinaryMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Не, не зборуваме за слабеење, зборуваме за постпородилна програма така? Една таква програма треба сите овие проблеми кои ги наброив да ги адресира, да ги третира доколку ги има или да направи евентуални модификации во зависност од индивидуата, а не да е фокусирана на слабеење. Така да ДА, ако некој не задржува урина, а ги има многу такви, треба да размисли два пати пред да купи постпородилна програма која не го опфаќа како проблем. Во спротивно, таа програма е направена чисто од популарност за профит, без разлика каде се продава. Јас никогаш не разговарав за слабеење, туку кажав дека Ана ниту другата девојка која работи со неа не се стручни за да креираат ваква програма. Толку.
     
    На DarkStormm, BlackNight, Orchidea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    36.760
    Пол:
    Женски
    Јас пред Ана бев на програма кај Evolve Nation може да видите која е на Инстаграм. Јас како јас ни кај едната ни кај другата не следев како што треба и резултат имам само во погледот и начинот на исхрана ама кога ќе се изнервирам обавезно посегнувам по нездрава храна и се вртам во круг.
    Evolve Nation имам приметено дека друга инфлуенсерка ја копира ама малку следачи има 10 илјади па не мора да ја спомнувам која е
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.721
    Допаѓања:
    253.598
    Ова е за кај стручно лице веќе. Јас со проблем ни на памет не би ми текнало да зимам програма од кај нејзе. Ти велам, немам проблеми, имам вишок килограми и немам дисциплина за храна. Вежбите не знам дали ќе ги правам да бидам искрена. Свесна сум дека ниту Ана ниту другата не се стручни.
    И те сфаќам што зборуваш и знам дека и со видни проблеми после пораѓај жени ќе се пријават. За тоа Ана нека му ја мисли.
    А тебе еве доколку си професионалец во таа област, не е лошо да почнеш со реклама оти искрено само рекламата продава. Така сите мајки кои имаат проблеми полесно би дошле до решение за проблемот.
     
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    36.760
    Пол:
    Женски
    Ана рече ако докторот дозволи на контролата што е 40 дена после пораѓај. На некоја што има некој проблем плус нема да и дозволи докторот. Така да Ана е оградена од сам старт, докторот е тој што прв ќе дозволи на родилка.

    Програмата за ректус диастазис кај Мери Амбросова мислам дека е поефтина. И таа не е стручна нели па никому ништо?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.