Мери е со курс исто. Овде има жена, фитнес тренер е со завршен факултет за спорт која со курсеви, веб сајтови, скајп и литература се специјализирала за пост партум и дијастаз. Сега продава програми. Ниту е доктор ниту има допирни точки со медицината, туку прво сама на себе си го средила дијастазот, посетила некој курс веб винар, литература и еве работи бизнис, слично како Ана. Ова другава барем е нутриционист.
Епа тоа „никому ништо„ проблеми не решава и мене ми смета на кој ќе му текне да си работи било што. Тоа што доктор одобрува да вежбаш, е од страна не гинеколошки аспект. Тој нема да ти каже дали и како да вежбаш со дијастаза или со уринарна инконтиненција и што смееш и не смееш да правиш. Исто и со царски...општа препорака е дека не треба да се вежба од 3 до 6 месеци. Дали тоа значи дека е точно? Дали Трајанка, Стојанка и Петкана се исти и за сите да важи истото? Да речиме кај 2 од нив после бременоста е се во ред (нема никакви симптоми на болка, инконтиненција, тежина во гениталии, дијастаза итн) Кај едната има дијастаза пример....Докторот дава одобрение да вежбаат сите 3. Двете се ок, третата има влошување на симптомите. И...кој е крив? Никому ништо така? Ова чисто како пример дека темата е многу покомплексна од „ќе си прајме лесни вежби со дишење„.А и во пракса сум сретнала многу случаи кои добиле одобрение за вежбање, па се чувствувале полошо во однос на горенаведените симтоми.
Мери нема факултет за спорт, а за да го работи ова не мора да е доктор, но секако има допирна точка со медицина и постојат специјализирани курсеви за тоа. Дали завршила некаков курс не знам, но и според нејзините искази на оваа тема, сомнително ми е дека воопшто има некакво познавање и ми изгледа исто како wanna be. Чак и полошо од Ана, таа барем е профи во пласирање на нештата без разлика на нејзината (не)стручност за тоа што го продава.
На пич арми Инстаграм сега има објавено од некоја мајка што имала скриен шеќер и прогноза боцкање со инсулин и царски ама благодарение на исхраната од инста фит не се боцкала и се породила природно. Го регулирала шеќерот со исхраната од инста фит. Ништо чудно да не чита и Ана тука како и другите инфлуенсерки. Е сега како прво нели не смее да објави такво нешто бидејќи некоја бремена незапознаена трудници наместо според лекар да се води ќе помисли дека може да го реши скриениот шеќер со програмата инста фит? И од каде идејата на мајката со исхрана од инста фит да го регулира скриениот шеќер? Матичниот гинеколог не ја пратил на соодветно место? Не знам каде се оди ако се има скриен шеќер и не знам дали мора да се боцка или може и со исхрана да се регулира ама сигурно се праќа на некој стручен за исхрана што вели но ординари мама. Не ми е јасно...
Па не знам како се хранела претходно и колкав бил шеќерот за да и се препорача боцкање, но можно е тоа да го средила со исхраната на Ана или било каква друга балансирана исхрана (не мора секогаш да има боцкање, прво се пробува со исхрана и најчесто се средува, освен ако резултатот е екстремно висок па одма се дава терапија). Општа препорака е да се избегнува, бел леб, тестенини, слатки и сокови кои содржат шеќер за да нема нагло покачување на инсулинот, исто значи како и кај дијагностициран дијабетичар. Матичен гинеколог исто не е стручен да ти даде мени со исхрана, ќе ти го каже само ова (општата препорака) или доколку навистина има потреба ќе препорача веројатно нутриционист доколку некој смета дека не може да се снајде сам. Меѓутоа нејзините рецепти се главно здрави и балансирани (барем така мислам) и во секој таков оброк нема нагло качување на инсулин. Можеби ја контактирала лично, па и направила некакви прилагодувања. Ист резултат би постигнала и следејќи ја само општата препорака. Така да што се однесува до храната, би рекла дека е возможно. А дали смее да објави... не знам зошто да не смее ако идентитетот е скриен, сепак трудницата сама одлучила да и верува. Не знам каква и е законската регулатива на програмите, обично таквите работи имаат disclaimer дека се оградуваат од се што ќе се случи ако некој самостојно се одлучи да следи таква програма, за да бидат заштитени.
Тие сведоштва кои ги објавува Ана се со име и презиме, може да се проверат. Никој не не фаќа за врат да пишуваме, сами си сакаме да си пишуваме, така да може слободно да ја контактираш да ти даде контакт од жената и да си ја прашаш. А со исхрана дали се средува медицинска состојба, итекако се средува. Јас средив желудник и баталив Нолпаза само од исхраната. Непосредно пред да ја започнам програмата имав страшни киселини, да ми гори дури душникот, едвај воздух зимав, со исхраната престанаа прво а потоа престанаа и болките во желудникот. На почеток не ни поврзував дека е од тоа, едноставно мислев пиев нолпаза и ми помина, ама при една прилика кога недела дена не внимавав што јадам поради здравствени причини ми се вратија болките и сфатив дека од исхраната било подобрувањето уствари.
Добро тогаш значи јас нешто погрешно имам сфатено. Значи со инста фит исхраната може да се регулира скриен шеќер во бременост.
Потенцијално да, не со инстафит, со здрава и избалансирана исхрана. Е таква е за воља на вистината и оваа исхрана. Она не вика дојдете ќе ви средам јас гестациски дијабет, вика еве ви здрава исхрана. Јас цела година бев кај неа на програма па кога останав трудна ми рече не можам да гарантирам за твојата состојба, на своја одговорност можев ама не сакав и не уплатив.
И јас сакам да ја земам програмата за мама фит ама сум бремена 4недели а порано бев кај нутриционист од Прилеп и сум задоволна за 6месеци ослабев 23кг кај нејзе првиот месец е 2000 а секој нареден е 1500 кај Ана испаѓа најефтино и плус таа што нутриционист е и таа мајка не верувам дека ќе има нездраво нешто што ќе штети
Од бел рафиниран? Да, ама после 21 ден, мене толку ми требаше, така ќе ти се истенчи вкусот што ќе го осетиш правиот вкус на храната и ќе се прашуваш како си јадела досега. Ако не можеш пример кафе без ич шеќер, ќе почнеш да намалуваш по малку и ќе го намалиш скроз на крај. За тоа ти е најрелевантна @CameliaMiller да ти објасни како иде.
Sakam da pocnam so programata na Ana. Vaka, nejkam da oslabnam tuku samo da se stegnam. Instafit ili instabutt?
Jas denes probav da uplatam I ne mi ja pominuva kartickata. Dvapati probav, mozno e da imam uplateno dvapati? Deka sigurno site uplakjaat.
890 e mesecno ili ako uplakas odnapred e 1590 den za 2 meseci i plus 2 meseci gratis pristap Prasaj ja Ana za najsigurno, jas preku link od email uspeav