Здраво! Јас прв пат сум на инста фит. Знам дека ќе објави мени и ќе ми се разјасни повеќе ама ако знае некој во меѓувреме да ми каже. Се што е на шопинг листата објавено денес е планирано за една недела да е доволно? ( секако освен зачини и слично) Фала ви и среќно на сите!
Скоро 6-7 недели комбинирам исклучиво храна од летниот предизвик + вежби (цело време сум во калориски дефицит),имам намалено само 1кг а многу во обем.Некако ми е демотивирачки кога ќе се качам на вага.А имам бајѓи за симнување.Некој со слично искуство?
Zdravo devojki jas ja zemav mama fit ama nekako mnogu jadejne za Edna nedela a ima proizvodi sto ne gi jadam dali moze bez niv ubavo sto uplativ za eden mesec ova e too much za mene
Ако мислиш дека ти е премногу, пиши им деновиве дека се откажуваш, во спротивно автоматски ќе ти ги повлекуваат парите за следните месеци. Лани кога почнав јас, мислев дека е многу, се осеќав прејадена и скокав вечера, па ми се успори метаболизмот. Веќе не ја правам таа грешка, храната е доволна, некогаш и малку, внесуваш 1200-1500 калории дневно, што реално не е многу, иако тебе ти се чини дека е многу. Битна е комбинацијата на намирниците и начинот на готвење. Друго, ако не доиш, можеби е подобро да си на инста фит, ама потребно е и физичка активност, барем пешачење, дневно најмалку 10000 чекори ако не сакаш да вежбаш.
За лосос кога е на мени, може да се замени со друго? Гледам имаме мени за понеделник, сепак незнам како ќе се организирам со распоредот, ќе мора на работа да носам и појадок и ужина и ручек ... Зашто додека стигнам дома ќе ме фати сигурно околу 17 часот а вечера до колку саат најкасно треба?
Ти си го прилагодуваш времето во кое ти е оброкот според твојот биоритам. Битно е вечерата да е најкасно два часа пред легнување. Растојание меѓу оброците да е 4-5 часа, не повеќе. Пример појадок во 8, ужинка во 12, ручек во 14-15 часот, вечера во 18-19 часот. Ова како пример го наведов, како би бил мојот идеален распоред за оброци. Јас јадам кога стигнам, не кога треба, оти кога сум на работа, не ми е изводливо појадок, ужина и ручек да носам, едно можеби ќе изедам, другите ќе ги вратам. Кога сум дома е лесно.
Јас носев на работа исто 3 оброка. Во 10 појадував, во 12 ужина ако јадев, ако не во 14 ручек. Место лосос можеш ослич.
Љубави помагај... Ништо не ми е јасно на профилот. Вели не се отворени програмите а мени има за понеделник. А за другите дена каде е менито? Вежби нема... Економично пишеше... Лосос економично? Зошто да не може еден месец да купиш? Ќе повлекувало автоматски од картичката ... Ако сакам и втор месец ќе си платам сама, зошто МОРА да ми повлече само?
Види она никаде нема пишано дека дава можност месец за месец да купуваш, бар досега беше така. Купуваш програма, дава опција ако сакаш да ја платиш на 2 пати само. Ферски мислам. А за економично, па нема ваљда секој ден лосос, еднаш неделно, не купуваш кило, купуваш за цела програма пример кило и тоа е тоа. 1 парче ќе зготвиш, не 6. Ќе ги отвори утре задутре за сите дена, само вежбите се отвараат ден за ден. Така бар беше досега. Ако се предомислиш имаш пар денови да се откажеш ќе ти ги врати парите, ќе ти ја заклучи програмата.
Читај погоре, може да се откажеш. Скапо е ова. Јас зедов друга риба бранцич мислам, и ова е скапа, ама осличот беше со траги од глутен. Лососот овде сега свеж го има на акција 12 евра кг. Сега се жалев, немам купено се од шопинг листата, а веќе потрошив околу 100 евра. Многу е само за мене ова сума. Скапичко малку.
Ангел јас ќе јадам лосос, а синко ќе ме гледа? Мислам пре би нему да ми дадам лосос. Значи лососот кај мене ќе е за тројца.
Значи не знам што да ви кажам, таа беше и претходно храната според тоа што го гледам. Да, храната е поскапена многу, ама ако не можеш да си дозволиш лосос земи си поефтина риба некоја, на крај краева туна конзерва јади. Храна за сите секако купуваме. Јас си купував за мене посебно пошто за мм ова не беше храна, си сака друг тип храна, мене месечно лани ми одеа околу 3000ден, не повеќе. Со тоа што голем дел од работите следниот месец не ги купував пример, не знам чиа, овес, киноа, леќа... маслиново не купуваш секоја недела, тоа е за месец два.
Пишувајте мејлови со време, ќе ви вратат пари, ќе ве исклучат, немате потреба да се замарате ако не ви одговара. За мене Ана е успешна комбинација и знам дека нема ни да мислам да пробам друго за некој месец, ќе си продолжам со неа. Да влезеш у штос е, после е лесно. Не е страшно стварно, бар не беше, не верувам да има сменето многу.
Ангел храната е одлична. Јас барем здраво ќе се хранам, ама скапо е. Или мене ми е оти и без глутен мора да е. Јас секако од ручекот ќе давам и на синко. Знам дека и некои работи ќе се и за следниот месец, ама сепак си треба добар буџет за исхраната. Тоа е муабетот. Јас секако не се откажувам оти и претходно си се хранев слично, мене шок секако не ми е оти мојава храна си е скапа. Но е далку економична и достапна за секого.
Во просек секој почеток е скап мора се да купиш,после за наредна недела ќе ги имаш пола од производите нема да изедеш цело пакетче макарони или леќа а за риба јас земам замрзнат лосос котлети и со таква риба имав резултати од на друго место овој месец ќе пробам со Ана после ако има резултати ќе продолжам
А какви резултати очекуваш, во која смисла? Прашувам бидејќи знам дека си бремена и планираш да се храниш по ова мени. @JuLleE Почетокот е малку поскап бидејќи треба да набавиш намирници кои дотогаш не си ги користела. Кога ќе го фатиш редот, нема да е трошокот толку голем. Долго време се хранам по нејзиниве рецепти и не осеќам дека ми е некој голем трошок почетоков на програмиве бидејќи ги имам работите што не се трошат брзо, а дома сите се храниме вака. Истите намирници се само рецептите се различни и прикупувам по нешто што фали.