Е памет за нареден пат , убаво се вика не плаќај однапред да се види дали одговара или не ама ајде битно вежбите ќе си ги применувам а со исхраната кога како ќе терам
Lele ovie vezbive ko zdrvena kukla sum , prv pat vo zivotot vezbam , kerka mi od 4 god mi se smeese pa zamislete kakva sum bila od strana Sakav da prasam dali e normalno da nemozes ubavo da gi pravas, gledajki Ana izgleda eptem lesno no ne bas lesno. Stram mi è da pisam na fb grupata , da prasam dali ima I nekoj drug ko mene, da se tesam de deka ne sum edinsvena
Сега може да се откажеш, ќе ти ги вратат уплатените пари. Само ќе немаш воопшто пристап до вежбите и менито. Јас не ве дружам овојпат. Имам доволно рецепти од претходните предизвици, учам сама да ја комбинирам храната. А за вежби, си терам по шемата кај една фитнес инструкторка што ја следам, па ќе видиме што ќе излезе на крај. Во последно време немам никаква мотивација ни инспирација. Ништо, дури ни групите не ме мотивираа, ни резултати на други луѓе, ни тоа што после вежбање се осеќам одлично. Мозоков ме зеза малку повеќе периодов.
Eпа пиши и ќе ти ги врати парите и ќе те исклучи. Тоа е. Иначе јас кога бев на програмите станував во 6, вежбав, спремав јадење и одев на работа, 2 оброка спремав одсабајле за на работа. Ако не сменила нешто, тогаш се стигаше за пола саат да се спреми се. На крајот па се е навика, ако не ти одговара нормално дека ќе се откажеш.
Ангел не е работата да се откажам, јас не се откажувам. Поинакво е менито кај мајките, реагираат сите, не се постига со бебиња и плус други обврски. Денес имаме 3 готвени оброци. И ужинката исто. Мора да постои простор за критика. Ана е позната по брзи оброци и затоа ова малку како шок иде.
Јуле има такви кои се откажуваат, не е дека не. За готвење, ваљда готвиш за фамилијата, па што ти менува тогаш? Мора малку повеќе со верба да тргнеш, ако сакаш успех. Јас на пример кога почнував не јадев дел од работите, авокадо немав пробано, хумус исто, киноа, варен овес додуша уште не можам да поднесам... Ама како другите така и јас, не се откажав и успеав. Не ја знам програмата, ќе ја замолам да ми ја покаже другарка ми да ја видам, да знам бар што зборам. Верувај дека сите со скепса влегувавме па еве не после година и кусур, сме задоволни од неа. Имав другарка која кога влезе исто вака ко тебе имаше триста недоумици, после 1 година она е -30 кила и има сменето личен опис, животот и се смени, а тргна со Бар 10 кила да ослабам да можам да се движам, имаше 110, едвај се движеше, вежбање и беше сајнс фикшн, сега има по 2 тренинга дневно, еден кардио сама, еден со Ана. Да, постои простор за критика, ама мора да пробаш да истераш една програма за да видиш како иде.
Баш така, се е навика.. Еве на инстабути бара доста готвење , освен појадоци кои се спремаат набрзина ама ручек и вечера некако со многу намирници и месо.. сепак ќе видам јас со вежбите да терам некако а со исхраната сама ќе си комбинирам
Си мислам и јас да се откажам На мама фит сум, ама многу готвење цел ден над шпорет треба да сум. И НЕ домашните нема да јадат тоа што јас јадам, за нив посебно ќе треба.
Дур готвиш за нив ќе готвиш и за себе. Едно тенџере за нив, едно за тебе. Јас готвев во тенџерчето за синко каши што варев.
Јас па сум многу задоволна од мениво на мамафит. Слично готвам за детево, па еве прилика и за нас, да се вратиме на здравите навики. Мм нема многу избор, ќе јаде исто што и ние. Еве сабајле киноа оброкот за 3цата направив во едно тенџерче све, нив само отпосле по една банана и путер од кикирики им додадов. Се изнајадовме сите. Вечерата би ми била проблем ама ќе си комбинирам некако, имам искуство со нутриционизам така да не ми е проблем. Е сеа, олеснителна околност во нашиот дом е што и 2цата од дома работиме и син ми си е дома, не е во градинка. Планот ми е од вечер да ги готвам ручеците/вечерите или бар да спремам набрзина намирниците па утредента само да зготвам. Со среќа на сите.
Од ова што видов по сториња и што ми испратија нешто, има доста житарки. Киснете ги од вечерта, сабајле дур пиете кафе ќе се сварат, за 10мин.
Ангел јас ова 3 месеци ако го држам има манекенка да станам Оти ем дојам ем вежби, мало бебе, факултет, а хранава скромна Денес риба има за сите, ама на маж просо нема да му дадам оти кога ќе го виде ќе му се стемни. За нив ориз. Еве ако веруваш не сум седната, а имам и вечера. Ручекот пола е само. Види го менито, убаво е многу и доста здраво, и се надевам ќе ги поедностават оброците за готвење. Јас не се откажувам никако. Ќе истрпам до крај.
Еве појадокот денешен не мора да се готви и да се стои над шпорет за да се меша, да се вари. Ставете во чинија кускус и чиа, попарете со жешка вода, ќе набабрат и додајте ги другите состојки, измешајте и готов е оброкот, не мора да се вари. Во електричен бокал зовривам вода, ептен брзо направив доручек за тројцата Просо, хељда, киноа накиснете одвечер и брзо се варат така. Види во делот за најчесто поставувани прашања, таму треба да има што со што може да се замени. Модар мислам дека со тиквички можеше. Ако ручаш во 3 и пол и дури во 9 вечераш, мислам измеѓу ако имаш време да ја ставиш ужинката, набрзина барем излапај на некоја пауза, многу саати е некако без храна. Гладна ќе си претпоставувам, а и за да не се успори метаболизмот.
Го видов менито Џули, не е ич комплицирано. Значи просо накисни од вечер, ако не ти се праи на долго и широко свари за сите ориз, не мора да е просо само за тебе. Киноата накиснета од вечер со жешка вода па сварена, за 10мин е готова. Припреми се битна работа, затоа дадов идеа и со лимонот и со киснети житарки и со се, не е воопшто комплицирано. Навечер накисни житарките за следниот ден што ги имаш или ако имаш ориз просо во неделата во 2 последователни дена онда свари 1 житарка не мора и двете и за 2 дена ќе имаш. Поедностави си. Јаболкото не мора да е печено, можеш слободно и свежо.